Ознака: година

Екс премиер прогласен виновен за мито

Post Views: 1 Во обвинението од 2012 година наведено е дека милиони долари циркулирале нелегално за да се промовираат проекти, вклучувајќи ја и контроверзната изградба на Ерусалим, која барала измена на закон и вклучувала ослободување од данок и други бенефиции. Екс премиерот на Израел, Ехуд Олмерт е прогласен за виновен на судењето за примање мито, за што би можел да биде осуден на затворска казна., јавуваат израелските медиуми. Покрај Олмерт во окружниот суд во Тел Авив за виновни се прогласени уште 13 лица во врска со големиот скандал со недвижнини пред да стане премиер во 2006...

Continue reading

Реал и Барселона ќе имаат достоен ривал на долги патеки

Post Views: 6 Кинескиот мултимилијардер Wang Jianlin стана еден од најголемите поединечни акционери на Атлетико Мадрид, актуелниот шпански првак. Во Пекинг е роден некој нов Атлетико, истакнуваат шпанските медиуми. Jianlin е новиот сопственик со 20% акции на мадридскиот клуб, а конечниот договор се случил утрово во Пекинг. Кинескиот тајкун, чие богатство се проценува на 25 милијарди долари, до април оваа година ќе вложи во клубот иницијални 45 милиони евра. Miguel Angel Gil Marin, синот на покојниот Jesus Gil и моменталниот претседател Enrique Cerezo остануваат најголеми поединечни...

Continue reading

За „Nutella” е виновна војната

Post Views: 2 Дали некогаш сте се запрашале како воопшто е создадена Nutella и зошто се прави од лешници? „Nutella” во оригиналната форма за време на Втората светска војна ја измислил Pietro Ferrero, производител на слатки и основач на компанијата Ferrero. Во тоа време, поради војната, владеела криза за какао додека лешници имало во изобилие на северот од Италија, така да лешникот станал основа за овој производ (иако лешник во „Nutella”има само 13%). Производот на почеток бил познат како „Pasta Gianduja” и не се пакувал во тегли туку бил во форма на векна завиткана во фолија, а на...

Continue reading

Колку заработува директорот на Форд

Post Views: 0 Компанијата Форд забележала рекорден профит во 2013 година во Северна Америка и Азија. Во 2013 година Форд во Северна Америка забележал рекорден профит од 8,8 милијарди долари, додека во Азија профитот бил рекордни 415 милиони долари. Годишниот приход на извршниот директор на компанијата Форд, Ален Мулали, пораснал за 11%, достигнувајќи ја сумата од 23,2 милиони долари. Основната плата на Ален Мулали изнесувала 2 милиони долари, како и во 2012 година, но во бонуси заработил 5,9 милиони, како и 14,6 милиони по основ акции и по основ на различни награди. Управата на компанијата...

Continue reading

Во Данска полесно до работа

Post Views: 6 Невработеноста во февруари во Данска е намалена на месечно ниво од 5,4 на 5,3% и е најниско ниво од август 2009 година. Февруарскиот годишен пад на наевработеноста во Данска изнесувал 0,6%, пренесува весникот Mond. Тоа е трето последователно намалување на невработеноста на месечно ниво во оваа членка на ЕУ. Со 5,6 милиони жители, моментално без работа се само 140.600 лица, што е за 2700 помалку отколку во јануари. Данската економија е една од најуспешните во ЕУ. Почнала да влегува во криза есента 2008 поради намалување на работна сила. Моменталната состојба на данската...

Continue reading

Ковачевски: Нашата земја е безбедна, но нè очекува неизвесна економска година

Post Views: 1 Димитар Ковачевски, претседателот на Владата на Македонија, денеска се обрати пред јавноста во врска со актуелната украинска криза. Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку од нас и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето и европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе неколку животи силно го осудуваме – истакна Ковачевски. Според него, ваквите потези на Русија се прекршување на меѓународното право и закана за евроатланската безбедност. Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната...

Continue reading

Денес стартува најскапото и најсилно Светско првенство во ракомет

Post Views: 4 Светското првенство започнува денес со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Бразил во 18.30 часот. На првенството ќе настапат 24 репрезентации од целиот свет, при што 15 се од Европа. Интересно е тоа што Меѓународната ракометна федерација за ова првенство прати и три покани а ги добија Германија, Исланд и Саудијска Арабија. Мнозинството експерти се сложува дека ова ќе биде едно од најизедначените и најквалитетни првенства досега. Репрезентациите се поделени во 4 групи по 6 екипи. И овој пат нема втор круг на натпреварување по групи, туку четирите најдобри во групите...

Continue reading

Нарачка од 2,75 милијарди евра

Post Views: 2 Европскиот производител на авиони Airbus добил нарачка од 2,75 милијарди евра од нискобуџетната авиокомпанија Tiger Airways Holdings од Сингапур. Компанијата нарачала 37 авиони А320, од кои девет ќе бидат испорачани на Singapur Airlines оваа година и во 2015, а останатите помеѓу 2015 и 2018 година. Singapur Airlines има 40% сопственост во нискобуџетната компанија. А320 е најпродаваниот авион по Боинг 737. Airbus, со седиште во Тулуз, соопштил кон крајот на февруари дека рекордната побарувачка на нивните авиони довела до пораст на продажбата и профитот на компанијата...

Continue reading

Пензии за проститутките

Post Views: 6 Од 1 април сите проститутки мораат да бидат пријавени во сојузното министерство за финансии. Ова е уредба која министерството за финансии на Австрија ја донело на почетокот од годинава, барајќи од сопствениците на јавните куќи во државата да ги пријават работничките и напоменуваат дека оданочувањето мора да биде во склад со “реалниот промет”. Во Австрија работат илјадници проститутки, само во Виена ги има повеќе од 3400 пријавени кои имаат право да ја работат таа работа. За бројката на илегални можело само да се претпостави. Конечната цел на државата е да...

Continue reading

Млади луѓе со идеја за бизнис.

Post Views: 4 Дошле до идеја да основаат туристички сервис за да им олесни на луѓето да најдат сместување во било која земја во светот. Двајцата пријатели, Брајан Чешки и Џо Геби, во 2008 година не ни сонувале дека еден ден нивната компанија ќе вреди 10 милијарди долари. Airbnb (Air, Bed&Breakfast) пред неколку години стартуваше како компанија основана од двајцата пријатели и страницата била позната само на потесната заедница од силициумската долина. Airbnb е наменета за луѓе кои сакаат да ги изнајмат или да ги закупат недвижнините ширум светот. Во понудата не спаѓаат хотели туку...

Continue reading

Немал претстава што открил

Post Views: 0 Трговец со старо железо помеѓу старудиите на еден пазар за стари работи, некаде во Америка, здогледал златно јајце и веднаш препознал прилика дека нешто ќе заработи. Но не ни сонувал колкав профит ќе му донесе предметот кој го платил 13.300 долари. Бидејќи не успеал да го препродаде го однесол на проценка и сфатил дека станал сопственик на Фабержеово јајце, вредно 33 милиони долари. Експертот кој ја потврдил автентичноста на украсното јајце вели дека целата приказна го потсетува на Индијана Џонс кога го пронашол изгубениот ковчег. Станува збор за третото од педесет велигденски...

Continue reading

По 20 години од смртта, објавени фотографии

Post Views: 0 Како што се приближува годишнината од смртта на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, полицијата повторно го отворила случајот затоа што претпоставувале дека обожавателите ќе поставуваат прашања. Курт Кобејн се самоубил на 8 април 1994 година така што си пукал во главата. Полицијата од Сиетл го отворила досието со докази и фотографии, но заклучиле дека нема нови информации за неговото самоубиство. Од досието објавиле само две фотографии од местото на самоубиството. На една од нив е кутија за прибор за конзумирање дрога, лажица, нешто што личи на игла, половина цигара и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top