Пензии за проститутките

Сите проститутки мора да бидат пријавени

 |  инфодеск  | 

Од 1 април сите проститутки мораат да бидат пријавени во сојузното министерство за финансии. Ова е уредба која министерството за финансии на Австрија ја донело на почетокот од годинава, барајќи од сопствениците на јавните куќи во државата да ги пријават работничките и напоменуваат дека оданочувањето мора да биде во склад со “реалниот промет”.

Во Австрија работат илјадници проститутки, само во Виена ги има повеќе од 3400 пријавени кои имаат право да ја работат таа работа. За бројката на илегални можело само да се претпостави.

Конечната цел на државата е да ги регулира сите кои немаат добиено пензиско и здравствено осигурување, сите кои не се пријавиле да се пријават, како и вклучување на австрискиот завод за вработување во оваа регулатива.

Со реформите на кривичното право во 1975 година, проституцијата е дозволена и дефинирана во денешните рамки. Од 1983 година тие се даночни обврзници, но немале пристап до државните социјални услуги. Од 1998 година добиваат и социјално осигурување.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top