Ознака: година

Конзумацијата на вино во опаѓање

Post Views: 1 Меѓународната организација за вино, соопштила дека конзумацијата на вино во 2013 година опаднала. Спрема нивната анализа, Американците најмногу пијат вино во светот, пред Французите познати по култот за пиење вино. Во 2013 година испиени се 238,7 милиони хектолитри вино, односно 2,5 милиони помалку во однос на 2012 година. Најмногу од испиеното вино е во САД (29 милиони хектолитри), потоа доаѓа Франција (28 милиони), потоа следуваат Германија, Италија и Шпанија, се наведува во соопштението. САД прв пат ја надминаа Франција, земјата на виното, не затоа што Американците...

Continue reading

deponija

Регионални депонии ќе се прават од следната година

Post Views: 4 За само неколку месеци, општините ќе се отарасат од депониите. Овој проблем што ги гуши сите градови а не ја одминува ниту Струга, е приоритет на министерството за животна средина. При  неодамнешната посета на министерот Неџати Јакупи во Струга,  тој кажа дека стратегијата и планот за управување со отпад, е првите работи  кои  треба да ги реши ресорното министерство како и владата на Р.Македонија.  Министерот истакна дека за решавање на оваа проблематика, се во постојани контакти со локалните власти на општините и верува дека за скоро време ќе се изнајде решение. „Секако...

Continue reading

British Airways започнува со обновливо гориво

Post Views: 0 Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони. Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад. Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре. Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека производството...

Continue reading

Пронајден бродот на Колумбо?

Post Views: 2 Американски тим на археолози под водство на Barry Clifford ги фотографирал остатоците на бродот на северниот брег од Хаити, а локацијата одговара на онаа од дневникот на Кристофер Колумбо. Археолозите веруваат дека на северниот брег од Хаити ги пронашле остатоците на легендарниот брод Санта Мариа со кој Колумбо ја открил Америка во 1492 година. “Сите географски податоци, подводната топографија и археолошките докази силно сугерираат дека ова се остатоците на славниот брод на Колумбо“, тврди Barry Clifford. Овој американски подводен истражувач вели дека мораат да продолжат...

Continue reading

Од тезга до милијарди

Post Views: 2 Бил продавач на тезга а годинава влегол во листата на најбогати луѓе во Англија, бидејќи во минатата година заработил 695 милиони фунти, пишува Independent. 62 годишниот Chris Dawson своевремено го напуштил училиштето бидејќи не можел добро да чита и пишува. Меѓутоа, почнувајќи од тезга на која продавал часовници за 8,99 фунти, изградил трговско царство – дисконтниот ланец The Range – кој денес вреди 1,28 милијарди фунти, пишува Independent. Dawson првиот Range дисконт го отворил во 1989 година а потоа се проширил и по југоистокот на Англија. Денес поседува 88 продавници...

Continue reading

Победа која влегува во историјата на фудбалот

Post Views: 7 Успехот на тимот е поголем ако се знае дека репрезентацијата на Бутан е последна на листата на Фифа и се наоѓа на 209-то место и без освоен бод. Имено, Бутан, држава со само 800.000 жители, го одигра својот прв натпревар во квалификациите за Светско првенство и го доби со 1-0 против репрезентацијата на Шри Ланка. Првиот натпревар Бутан го одиграл во 1982 година, а последната победа ја изборил против Авганистан во 2008 година, но ова е прва победа во квалификации за Светско првенство. “Ова е момент кој го чекав цел живот”, рекол по натпреварот тренерот Dorji, чија репрезентација...

Continue reading

Којa е Кончита Вурст?

Post Views: 0 Австриската музичка ѕвезда, Кончита Вурст, родена под името Том Нојвирт, моментално се наоѓа на покривот на Европа, по триумфот со баладата “Rise like a Phoenix” за песната на Евровизија одржана на 10 мај во Копенхаген. Министерот за култура на Австрија, Јозеф Остермаер, изразил задоволство што Австрија победила и рекол дека се радува што неговата земја ќе биде домаќин на ова натпреварување идната година. “Првото место на Австрија на Евровизија е голема победа за Кончита Вурст, но и победа по прашањето за толеранција и почит”, порачал министерот. Том Нојвирт пред Евровизија...

Continue reading

Откриена уште една тајна за Хитлер

Post Views: 4 Страницата која содржи попис на населението во Англија покажала дека полубратот на Хитлер, Alois Hitler, живеел во улицата Merseyside во Ливерпул со сопругата Bridget и новородениот син во 1911 година. Најновите документи покажале дека Alois Hitler живеел во Ливерпул, во куќа која подоцна е бомбардирана од нацистичките сили, а денес тоа е напуштена ливада. Во документацијата, од досега непознати причини, Alois се потпишувал како Anton. Кога во 1910 година Alois ја запознал Bridget Elizabet Dowling, на коњички натпревар во Даблин, се заљубиле и избегале од нејзините родители...

Continue reading

Мумија криела неверојатна тајна

Post Views: 1 Повеќе од 40 години, мумијата која била дел на Египетската изложба во Велс, криела неверојатна тајна. Оваа необична мала мумија, чија големина е само 52 цм, предизвикала сомнежи кај научниците, а кога почнале да се сомневаат во автентичноста направен е CT. Тоа што го покажала снимката, ги оставил во шок. Не само што се покажало дека мумијата е автентична и дека навистина потекнува од древниот Египет, туку се покажало и дека во саркофагот се наоѓаат и мумифицирани фетуси, дури два за кои се претпоставува дека во моментот на мумификација, т.е. во моментот кога жената умрела,...

Continue reading

Фејсбук повлече две апликации

Post Views: 6 Фејсбук од App Store во петокот повлече две апликации кои не оставија длабока трага, а корисниците практично ги одвлекуваа од Фејсбук, а тоа се боцкањето (poke) и камерата. Оригиналниот Facebook poke или опцијата со која можевте некого виртуелно да боцнете беше дел од фејсбук од неговото појавување во 2004 година, но иако повеќе не се наоѓа на вашата временска лента, сеуште можете да ја пронајдете на страницата facebook.com/pokes. Таму Фејсбук и понатаму ви ја нуди таа опција, но за разлика од претходно, вашето боцкање ќе биде видливо само за вас и тој што ви го испраќа. Покрај...

Continue reading

Трета година по ред нема вештачки мрест на Охридската пастрмка

Post Views: 9 Охридската пастрмка е во се поголема опасност од истребување. Се повеќе се влошува нејзиниот и онака загрозен статус, предупредуваат од ЈНУ „Хидробилошки завод“ – Охрид. Три години по ред, од 2019, 2020 и 2021 година нема вештачки мрест на ендемичниот вид риба во Хидробилошкиот завод, информира м-р Зоран Спиркоски од одделението за практично рибарство и аквакултура. Спиркоски вели дека е жално административни пречки да се причина да се загрози опстанокот на пастрмката како ендемичен вид. „Ваквиот недостаток на порибување 3 години неминовно ќе значи влошување на...

Continue reading

92,5% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година

Post Views: 1 Оваа сезона 2020/2021 имаме 92,5% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година, информираат од Министерството за здравство. Годинава, вкупната бројка на заболени изнесува 539. Мерките за заштита од КОВИД-19 придонесоа за намалување и на бројот на заболени од сезонски грип. Со вакцина против сезонски грип вакцинирани се 39.488 лица, таа е најефикасната заштита од ова заболување.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top