Ознака: годинава

vreme

Во недела почнува летното сметање на времето

Post Views: 3 Летното сметање на времето годинава ќе започне во недела на 30 март во 2 часот изутрина, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно на 3 часот. Летното сметање на времето секогаш почнува во последниот викенд во март и трае се до последниот викенд во октомври, кога стрелките се поместуваат за еден час наназад, од 3 на 2 часот. Целта на летното сметање на времето е подобро да се ускладат часовите на дневна светлина и работното време и наставата во училиштата. Наместо раната утринска дневна светлина додека луѓето уште спијат, останува...

Continue reading

Federer

Федерер заврши второпласиран но со стил

Post Views: 1 Ја заврши сезоната како второпласиран на АТП-листата, но ја заврши со стил, со титула од Мастерс купот. Роџер Федерер играше доминантно финале во Лондон против Рафаел Надал и, иако го загуби вториот сет со 6-3, изгледаше дека ја има контролата врз резултатот во текот на целата средба. На неговата омилена подлога, го победи (6-3, 3-6, 6-1) најдобриот годинава, Рафаел Надал, за холивудски крај на „кралот“ во центарот на британското кралство. Како што Лондон и арената „О2“ годинава дадоа фантастична организација, со присуство на огромен број познати лица од светот на спортот,...

Continue reading

Годинава помалку сообраќајки во летниот период

Post Views: 2 СВР Охрид во текот на годинешнава туристичка сезона бележи помалку сообраќајни незгоди во споредба со лани. Аналитичките податоци на Секторот говорат дека во месеците јули и август се случиле 70 сообраќајни незгоди, додека во истиот период лани, биле регистрирани вкупно 78, како што информираше Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „Од оваа севкупна бројка индикативно е дека во овие два туристички месеци немаме сообраќајни несреќи со жртви додека во истиот период лани евидентирани се две тешки сообраќајни незгоди со 4 починати лица за жал. Меѓу другите активности што...

Continue reading

„За посреќно детство“, годинава со многу новитети

Post Views: 3 Хуманитарниот хепенинг „За посреќно детство“ и годинава со вас. Зборно место е градскиот плоштад „Св Климент Охридски“ утре 30 септември, 11 часот. Организаторот, ОО на Црвениот крст Охрид во партнерство со стоматолошката ординација Баткоски, ветуваат разни содржини нови настани и бројни награди. Претседателот на Црвениот Крст Сашо Точко и годинава очекува голем одзив кај младите активно да се вклучат во спортските дисциплини и останатите активности. „Настанот започнува со голема главна трка со почеток во 11 со старт од плоштадот Крушевска Република кај чинарот и по...

Continue reading

Охридските пензионери и годинава се снабдија со дрва на рати

Post Views: 6 Клубот на пензионери од Охрид и Дебрца е едно ретките здруженија кое во рамки на својата годишна програма редовно ја има активноста, снабдување на пензионерите со огревно дрво на одложено плаќање. Претседателот Ѓорѓи Трпчевски вели дека годинава обезбедиле околу 5000 метри кубни дрва, бука и даб, што сметаат дека со оваа количина успеале да ги задоволат потребите за оваа сезона за сите кои се запишале на нивниот список. „На време е извршена оваа набавка на дрвата затоа што не можат пензионерите сами да извршат одеднаш снабдување и во кеш да платат 25 до 30 000 денари,...

Continue reading

Охридската софра и годинава привлече голем број гости

Post Views: 2 Охридската софра поставена со 15 тепсии на вкусни домашни ѓомлезина и годинава привлече голем број гости во Скребатно, во атарот на црквата Успение на Пресвета Богородица. Општина Охрид ја продолжува добрата традиција која од година во година бележи се поголема посетеност од домашни и странски гости. Претседателката на Советот, Гордана Коњаноска истакна дека ова е добар начин за промоција на туризмот бидејќи на туристите им се нуди можност покрај дегустација на домашните македонски специјалитети да им се покажат атрактивните места во руралните средини во близина на Охридското...

Continue reading

svp

Се враќа сјајот на СВП

Post Views: 1 Фестивалот СВП да се оддржи на достојно ниво. На тоа во иднина ќе работи новоназначениот директор на овој фестивал Мите Стефоски, мотивиран од потребата на книжевниците и љубителите на пишаниот збор, на кои всушност и им служи овој фестивал. Останаа два месеци до почетокот на СВП, и годинава нема да има некои позначајни измени, вели Стефоски. Но за два дена од неговото назначување тој веќе крои планови за реосмислување на фестивалот до година. „ Идејата ми беше да направам еден концепт на фестивалот за 21 век. Знаете има некои фестивалски содржини, кои се белези на тој...

Continue reading

Дел од охридските таксисти и годинава со цени од „ракав“

Post Views: 3 Таксиметарот на дел од охридските таксисти работи по „странски“ тарифи. Не прекинуваат поплаките на туристите но и на охриѓани упатени до такси превозот во градов посебно за односот на неколку „нервозни“ таксисти кои бараат баснословни суми за превоз до атрактивните дестинации, Св Наум, Градиште, Љубаништа, Пештани.. Дел од коментарита на корисниците на такси превозот во градов допреа и до нас како медиум. Тие бараат јавно да ги посочат таксистите на кои стартот им е 100 денари, со што укажуваат дека се прекршува одлуката на Советот на општина Охрид која има одобрено...

Continue reading

Велгошти и годинава достојно ќе го одбележи Денот на Живко Чинго

Post Views: 1 „Твое е само она што ќе им го дадеш на другите“. Овој стих на Живко Чинго стои врежан на плоча во атарот на црквата Св.Петка во Велгошти. По повод роденденот на големиот поет утре во прекрасниот амбиент пред неговата спомен биста, веднаш под црквата Св Петка, традиционално ќе се одржи Денот на Живко Чинго. Ѓоко Чингоски од Месната заедница Велгошти, вели дека цели 3 децении достојно и со гордост го величаат неговото дело, но сепак скромно, бидејќи оваа манифестација сеуште не е во програмата на Министерството за култура каде што и е местото. „Ние се трудиме како месна...

Continue reading

esej

Година на есејот

Post Views: 1 Во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ годинава во Струга по шести пат ќе се одржи Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот“. Директорот на Академијата, Разме Кумбароски, изразувајќи се со поетски стил, потсети на значението на оваа академија, а посебно на овогодинешниот повод, 150 годишнината од смртта на браќата Миладиновци. „На почетокот како да беше зборот, потоа Бог и се разбира словото, а сето тоа го чинам затоа што годинава одбележуваме 150 години од смртта на браќата Миладиновци, 150 години болка и жал или век и половина....

Continue reading

cigari

Поскапуваат цигарите

Post Views: 6 Кутија цигари во јули годинава ќе поскапи за 4 денари, како резултат на зголемените акцизи. Акцизната давачка за цигарите ќе се зголемува секоја година, па до 2023 се очекува цигарите да бидат речиси двојно поскапи отколку сега, пишува „Дневник“. „Ако се земе предвид дека во едно пакување има 19 или 20 цигари тоа значи дека секоја година во просек по 4 денари ќе се зголемува цената на кутија цигари или до 2023 година ќе има поскапување од 40 денари за кутија. Математиката покажува дека цигарите што денес се продаваат за 50 денари, последната година од поскапувањето ќе...

Continue reading

Годинава туристичкиот бисер остана без мобилни тоалети.

Post Views: 1 Охрид ова лето остана без јавни тоалети. Оваа сезона, изостана праксата која со години наназад се применуваше во решавање на проблемот со недостаток од јавни тоалети, на неколку локации да се поставуваат мобилни санитарни јазли. Од локалната самоуправа молк на нашето прашање зошто градот потфрли во оваа комунална практика и не постави јавни тоалети за употреба за  гостите, но и за охриѓани. Тие сега се оставени да се снаоѓаат кој како знае и умее, а не ретко и излегувањето во град се случува да се изјалови со враќање дома или во апартманите бидејќи рестораните и кафулињата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top