Post Views: 0
Професори, лекари, новинари, писатели, стопанственици, научни работници, уметници , ТВМ ги контактираше за да го чуе гласот на охридските интелектуалци како тие размислуваат за годинешната одлука за доделување на највисоката општинска награда за допринос за градот, Св Климентовата награда. Она што изненадува, а истовремено и загрижува е што скоро сите одбија нивните размислувања да бидат цитирани со име и презиме. Заедничко за сите нив е што не се партиски експонирани, и мислат дека највисоката општинска награда од година во година се девалвира. Наградата станува ...
Post Views: 0
Паметниот учи од туѓите грешки, а глупавиот од своите. Но очигледно ова не важи и за нас-охриѓани. Колку пати треба да згрешиме, за да научиме. Минатата година се посрамотивме со највисокото општинско признание, наградата на патронот на Охрид – Св. Климент Охридски. Иако се додели, на добитниците не им се врачи поради добро познатите пропусти на организаторот- Локалната самоуправа. Годинава, таа по се изгледа ќе биде врачена. И кога помисливме дека можеби некако ќе успееме, не да го заборавиме, туку само да го ублажиме горчливиот вкус кој ни остана уште од минатиот...
Post Views: 4
Се повторува ли приказната од лани или го смени жанрот…. лани беше трагикомична годинава добива примеси на трилер.Едно останува, наградата и годинава се подели. „Тројството“ го сочинуваат НУ „Охридско лето“, Здружението за целосна афирмација на православната црква „Богојавление“ и „последен но не помалку значаен“ Велија Рамковски.Охрид ли се најде да го бели образот на деновиве најконтроверзната и медиумски најистрошената личност. Мислевме дека лани ни се случи најголемата девалвација на Светиклиментовата награда. Но, годинава се надминаа себе си.
{loadposition...
Post Views: 1
Неофицијално, ТВМ дознава дека добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски годинава оди во рацетe на Здруженито за целосна афирмација на македонската православна црква „Богојавление“. Ова здружение заслужно за возобнување на манифестацијата „Водици“, иако постои само 7 години, за Комисијата ги исполнува сите критериуми за да биде добитик на највисокото општинско признание.
Кои се годинешните добитници на Св Климентовата награда и дали ќе биде една или и годинава ќе се дели, но и кои се добитници на Св Климентовите повелби, ќе биде соопштено на денешната...
Post Views: 2
Денот на дрвото прерасна во традиционална акција која секоја година се спроведува во државава. Идејата на амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов која се роди во август 2007 година беше широко прифатена па од година во година оваа акција е се помасовна. Целта е преку засадување на дрво од страна на секој граѓанин на Р. Македонија да се обноват шумите и зелените појаси во државава. Годинава за прв пат во оваа акција се вклучија и од Центарот за Јавно здравје и Општата болница од Охрид.
Портпатолот Василески се пофали дека на...
Post Views: 0
На одржаниот работен ссотанок, во организација на Секторот за внатрешни работи, ажурирани и дефинирани работните планови и програми за одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона, кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Командирот на ПС за безбедност во сообраќајот Страшо Миленкоски, изјави дека што се однесува до сообраќајните несреќи во зимскиот период, бројките охрабруваат. Тој додава дека иако бројот на сообраќајните несреќи во 2009 година е поголем отколку во 2008-та година, сепак нивната тежина и фаталноста...
Post Views: 3
Инцидентот што викендов се случи со шумската полиција во Велгошти ја наметна дилемата колку шумите во охридскиот реон се безбедни од крадци на дрва. По низа процедури, денес, од јавното претпријатие „Македонски шуми“ добивме одговор на ова прашање. Раководителот на заштита на шуми, Борис Недески посочува дека најизразена е незаконитата сеча на шумата токму во атарот на селата Велгошти и Скребатно. До шумската полиција, шумарите од „Македонски шуми“ годинава поднесле околу 30 пријави. Пријави за дрвокрадци од Велгошти има скоро секојдневно. Откриени се случаи и со...
Post Views: 4
Како што веќе е познато, една од причините за поплавите што настанаа минатата година како резултат на обилните врнежи, на повеќе места во општина Охрид, беа затнатите канали од нанос. Годинава, со цел општинава да не го доживее истото сценарио, се пристапи кон третман на истите. ЈП „Охридски Комуналец“ по налог од локалната самоуправа, од денес, па во наредните три месеци, треба да одговори на оваа задача. Првиот човек на „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев, вели дека мора сериозно да пристапат кон чистење на сите места што претставуваат тесни грла на речните корита и мостовите,...
Post Views: 4
Одржан 25-тиот атлетски маратон во Охрид. Годинава тој беше во знакот на јубилејно издание, 25 години. Годинава жените се покажаа поуспешни од мажите со тоа што беше соборен рекордот во женска конкуренција, што мажите не успеаа во тоа само за 30 сек. Директорот на трката Влатко Димитриески рече дека оваа година атлетскиот маратон бил најмасовен. Тој кажа дека на првиот маратон кој се одржал во 1976 година стартувале само 4 атлетичари а годинава тој број е над стотина. Димитриески рече дека 30 километарската патека која не е лесна за истрчување воглавно поминала добро,...
Post Views: 1
Денеска, на плажата во близина на Извидничкото одморалиште во населбата Далјан почина лицето со иницијали З.М. роден 1961 година.
Починатиот бил тренер на карате репрезентација на Србија, која се наоѓа на подготовки во Охрид. На сега починатиот му се слошило при влегување во водите на езерото. Веднаш на помош му пристапил репрезентативниот лекар, по што била повикана Службата за итна медицинска помош која набргу пристигнала на лице место. Лицето било префрлено во Охридската болница каде биле извршени неуспешни обиди за реанимација. Според извештајот на СВР – Охрид,...
Post Views: 18
Жителите на Пештани се револтирани и лути.Велат над 20 години се обидуваме да развиваме туризам, а се давиме во септички јами иако плаќаме комунални такси.
Крај езерската населба се градат елитни објекти, плаќаме комуналии како во градот, а надлежните не оставија без канализација.Тие не веруваат дека годинава ќе се отарасат од септичките јами.
Од локалната објаснуваат дека во моментов се работи на изградба на објектите каде што ќе бидат сместени пумпните станици. Нивно целосно завршување се планира до крајот на месецот. Портпаролот на локалната самоуправа, Манески...
Post Views: 7
Бројот на машки и женски деца е сразмерно ист, вели началникот на ова одделение д-р Ѓоко Танески. Минатата 2007 година пак, бројот на новороденчињата бил 676.
Статистиката покажува дека во општина Охрид минатата година, стапката на природен прираст изнесувала 0,2 промили.
Д-р Ѓоко Танески додава дека бројот на новороденчиња е преполовен, споредено од пред 10 години. Исто така и бројот на жени од други општини кои доаѓаат да се породат тука е значително намален во споредба со минатите години.
Покрај гинеколозите, кои се грижат за безбеден тек на породувањето, за здравјето...