Ознака: ги

uniforma

„Кецељите“ во ОУ Христо Узунов легално набавени

Post Views: 9 Училишните униформи повторно актуелни. До нашата редакција стигна поплака од родители во врска со  набавката на училишните униформи во  ОУ „Христо Узунов“. Во реакцијата стои дека униформите се набавени без тендер по цена од 900 денари, а се плаќаат во готово, на рака на професорите. Се упатува обвинение дека од оваа набавка некој длабоко профитира. Ваквите обвинувања ги побива директорот на училиштето „Христо Узунов“, Оливија  Пирузева Јанева. Директорката категорично тврди дека одлуката за набавка на школските униформи е легално донесена од страна на Училишниот одбор...

Continue reading

parkiranje

СВР не простува, постојано крева автомобили

Post Views: 11 Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...

Continue reading

Hristovoto raganje

На 28 ноември започнува Божиќниот пост

Post Views: 8 Македонската православна црква ги известува православните верници дека Божиќниот пост почнува на 28 ноември, а божиќните поклади се претходниот ден, односно на 27 ноември. Во изданието на Православниот календар за 2010 година, како што се наведува во соопштението од МПЦ, е направена техничката грешка околу почетокот на Божиќниот пост.На сите верници МПЦ им посакува лесни и од Бога благословени пости. {loadposition content9}

Continue reading

smetka

Надградени сметките на ЈП „Нискоградба“

Post Views: 37 Охриѓани ги добија првите сметки од новоформираното претпријатие „Ниско градба“. На нив може да се забележи дека покрај ставката за одведување на отпадни води има и втора ставка одведување на атмосферски води. Трошокот за одведување на отпадни води, досега се наплатуваше во сметките на МЈП Проаква во кои на оваа ставка во новите сметки сега стои „0“ денари. Во првите сметки од „Ниско градба“ надоместот за одведување на отпадни води за физички лица изнесува 57 денари, а за правни околу 100 ден. Неодамна за ТВМ првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски изјави...

Continue reading

Stefan Dimoski

Фатен разбојник

Post Views: 6 Расветлени две кривични дела разбојиштво.  Предраг П. осомничен дека е сторител на две кривични дела „Разбојништво“. СВР против овој (39) годишен охриѓанец поднесе кривична пријава. Пријавениот, кривичните дела ги сторил синоќа во киоскот „Кенгур-пром„ на улицата „Галичица„ и на 17-ти овој месец во Аптека „Виола„ на улицата „Сирма Војвода„ Тој го искористил моментот кога во објектите немало други луѓе и маскиран со плетена капа и шал, влегувал во објектот и под закана со нож, од вработените барал и одземал пари. „Имено вчера околу 18.10 минути извршено е разбојништво...

Continue reading

transformator

Не треба да си Тесла за да сватиш

Post Views: 7 Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо. Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот. Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи...

Continue reading

Каков е квалитетот на храната што ја конзумираме?

Post Views: 6 Пред година и пол, надлежните институции воведоа забрана за десетина препарати кои македонските земјоделци ги користеа со години наназад. Дали овој чекор е доволен за реализација на интегралното производство на храна кон кое се стремиме? Се наметнува и прашањето колку со ова ќе се внимава на безбедноста на храната? Станислава Лазаревска, претседателот на Здружението за заштита на растенијата во РМ, изјави дека ретки се државите во светот кои со органско производство на храна би можеле во целост да ги задоволат потребите за храна на национално ниво. Kај нас овие потреби...

Continue reading

Sv Naum

Дивите градби во Охрид, ќе ги руши државата

Post Views: 1 Опомена и постапка. Диво изградените објекти во Охрид нема кој да ги руши, бидејќи општината нема пари, за тоа. Деновиве на тоа укажа и Министерсртвото за транспорт и врски, така што ја опомена општината со тоа што дел од обврските на општинскиот градежен инспекторат ги превзеде во свои раце. Не постапувајќи по укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, согласно законот за градење, на општина Охрид и се одзема правото да руши дел од нелегалните градби во комплексот на Св. Наум. Заклучокот и решението за рушење било донесено 07.07 2009 година и...

Continue reading

gotvenje

Грст награди за средношколците од Ванчо Питошески

Post Views: 15 Многу награди за средношколците од средното училиште Ванчо Питошески. На меѓународниот натпревар од Босна и Херцеговина ги освоија симпатиите на жирито и освоија награди во сите категории. Учениците Милчо Кироски кој освои златен мадал, Димитар Чадоски, сребрен медал, Александра Пероска, сребрен медал и Марија Ушо, бронзен медал  презадоволни од постигнатите резултати, но и од организацијата на натпреварот. Директорот на училиштето Секула Баткоски задоволен од тоа како учениците ги претставија Охрид и Македонија на меѓународниот натпревар. „Овие награди кои ги добивме...

Continue reading

zgradi

Охрид исполнува услови да се справи со државното земјиште

Post Views: 2 Општина Охрид ги исполнува условите за процесот на отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште. Владата на Р. Македонија го има разгледано нацрт Законот и веќе е стигнат до Парламент. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески како член на Управниот одбор на ЗЕЛС заедно со останатите градоначалници од земјава имаат околу 20 забелешки. Петрески верува дека Владата ќе ги прифати забелешките, како заеднички став на сите градоначалници. Тој изјави оти добар дел од општините ги исполнуваат условите за отуѓување на земјиштето, а посебно ја посочи општина Охрид која...

Continue reading

sokace

И на малите улици им дојде ред

Post Views: 0 После неколку децении чекање, ќе бидат санирани и некои од малите улици во градов. Жителите кои живеат на четирите мали улици, кои ги поврзуваат улиците „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“, се жалат дека веќе со децении чекаат да бидат санирани нивните улици. Од Оддлелението за сообраќај и комунален развој при Општина Охрид, најавуваат дека при крај се подоготовките за реализација на мини проектот со кој ќе се реши овој проблем. Советникот за улици и патишта Зоран Шикалески, вели дека само една од овие улички е во функција и тоа онаа која е најблиску до ОУ „Христо Узунов“,...

Continue reading

den na drvoto

Охриѓани денес се покажаа

Post Views: 2 Денот на дрвото прерасна во традиционална акција која секоја година се спроведува во државава. Идејата на амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов која се роди во август 2007 година беше широко прифатена па од година во година оваа акција е се помасовна. Целта е преку засадување на дрво од страна на секој граѓанин на Р. Македонија да се обноват шумите и зелените појаси во државава. Годинава за прв пат во оваа акција се вклучија и од  Центарот за Јавно здравје и Општата болница од Охрид. Портпатолот Василески се пофали дека на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top