Ознака: ги

Ervan Fuere

Основците од „Христо Узунов“ се дружеа со Фуере

Post Views: 3 Во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид, денес беше Евроамбасадорот Ерван Фуере. Седмооделенците од ова училиште преку наставна програма учат за ЕУ и истото денес имаа можност да го покажат пред Фуере. Директорот на училиштето Оливија Пирузева Јанева рече дека присуството на Ерван Фуере е од големо значење не само за децата, туку и воопшто за сите. Очигледно дека Фуере влезе во срцата на децата. Тоа го почуствува и самиот амбасадор и рече дека младите во Македонија се помудри од политичарите и дека политичарите треба да учат од нив. Учениците овој момент посебно го доживеаа....

Continue reading

otvorena kandelabra

Со пластични капаци против крадците

Post Views: 0 Прво на мета на вандалите и крадците беа светилките од улиците кои се на периферијата. Така речиси сите канделабри на улицата „Марко Цепенков“, останаа со изложена внатрешност и сега се потенцијална опасност за минувачите. Од одделението за комунален развој и сообраќај при општината, велат дека имаат намера, металните капаци на канделабрите да ги заменат со пластични, бидејќи се сомневаат дека истите се крадат и се препорадаваат како старо железо. Не се поштедени ни светилките на популарната пешачка патека која води до хотелот „Инекс“.Од Локалната информираат дека...

Continue reading

brod

Охрид се кити, но годинава со старото руво

Post Views: 4 Охрид и оваа година ќе биде еден од најубаво украсените градови во Македонија, најавуваат од Локалната. Отаму информираат дека украсувањето е во тек веќе десеттина дена . Портпаролот на Општината, Симон Илиевски вели дека поголемиот број од споредните улици во градов, веќе се украсени, а сега се работи на украсување на центарот на градот. „Се работи со украсните материјали кои ги имавме, со мали надополнувања и интервенции и мислам и понатаму Охрид ќе го има епитетот, најукрасен град во РМ“, кажа Илиевски. Од локалната потенцираат дека украсувањето на градов треба да...

Continue reading

Grashnica

Грашница повторно им создава главоболки на жителите во Воска

Post Views: 7 На дел од жителите на улицата Ариф Мустафа на потегот од Булевар Туристичка до Гоце Делчев реката Грашница повторно им задава главоболки. Обилните врнежи во текот на викендот им ги поплави дворовите, а во домовите  имале проблем со канализацијата. Жителите на дел од Ариф Мустафа признаваат дека немаат приклучок за канализација, ама велат уредно плаќаат сметки за колекторот. Утрово се сретнале со раководителот  на Фондот за комунален развој Емин Селман при што им ветил  расчистување на коритото. Но,  ветувањето не било одржано.  Крајно револтирани жителите велат биле...

Continue reading

Opshtina Ohrid

Ставен на увид ПРЕДЛОГ “АКЦИОНЕН ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУЧАВАТА“

Post Views: 1 Од денес, во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа, ставен на увид предлог акционен план и програма за управување со бучавата во Охрид. Граѓаните своите забелешки и сугестии по ова прашање ќе можат да ги доставуваат до 21 Јануари идната година, а јавната расправа по истиот план ќе се одржи на 25-ти Јануари. Еден од главните проблеми со кои се соочува општина Охрид , градот Охрид , а особено стариот дел од Градот е зголемено ниво на бучава .Илјадниците гости, зголемената фрекфенција на возила, забавните и рекреативните активности...

Continue reading

Vodici

Кој ќе биде кум за Водици?

Post Views: 1 Неофицијално ТВМ ги дознава годинешните аспиранти за кум на Водици. Меѓу пристигнатите апликации за оваа престижна улога годинава се и браќата Јован и Климент Љотески, познати охридски бизнисмени, Верица Хајба – туристички работник од Охрид и сопственикот на туристичката агенција „Контики“ во Македонија – Зоран Миневски. Кумот на Водици го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Најголеми шанси за добивање на годинешното кумството имаат браќата Љотески.   {loadposition content9}

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Познати добитниците на Св. Климентовите награди

Post Views: 0 Паметниот учи од туѓите грешки, а глупавиот од своите. Но очигледно ова не важи и за нас-охриѓани. Колку пати треба да згрешиме, за да научиме. Минатата година се посрамотивме со највисокото општинско признание, наградата на патронот на Охрид – Св. Климент Охридски. Иако се додели, на добитниците не им се врачи поради добро познатите пропусти на организаторот- Локалната самоуправа. Годинава, таа по се изгледа ќе биде врачена. И кога помисливме дека можеби некако ќе успееме, не да го заборавиме, туку само да го ублажиме горчливиот вкус кој ни остана уште од минатиот...

Continue reading

Ustaven

Уставниот суд ги замрзна постапките за локалните плански документации

Post Views: 2 Уставниот суд започна процедура за преиспитување на Законот за просторно планирање, со кој локални комисии на барање на инвеститори, многу лесно добиваа маркици за зголемување на катноста на веќе постоечки објекти. Советничката Верица Хајба на седница на Совет во месец септември предвиде или пак само им искоби на инвеститорите – се замрзнаа членските одредби врз основа на кои инвеститорите добиваа дозвола за градба по локална планска документација. Токму тоа, постапките за локалните плански докумнетации Уставниот суд вчера времено ги стопира и такви ќе останат најверојатно...

Continue reading

Неофицијално, највисокото општинско признание за „Богојавление“

Post Views: 1 Неофицијално, ТВМ дознава дека добитник на највисоката општинска награда Св. Климент Охридски годинава оди во рацетe на Здруженито за целосна афирмација на македонската православна црква „Богојавление“. Ова здружение заслужно за возобнување на манифестацијата „Водици“, иако постои само 7 години, за Комисијата ги исполнува сите критериуми за да биде добитик на највисокото општинско признание. Кои се годинешните добитници на Св Климентовата награда и дали ќе биде една или и годинава ќе се дели, но и кои се добитници на Св Климентовите повелби, ќе биде соопштено на денешната...

Continue reading

уперкомпјутер

Промовиран првиот суперкомпјутер од Македонија!

Post Views: 1 Суперкомпјутер за секој студент. Изманативе 4 месеци на Универзитетот за информатички науки и технологии се создаваше првиот македонски суперкомпјутер. Овој компјутер е дизајниран од младите докторанти Драги Кимовски и Атанас Христов, со помош на студентите од Универзитетот. „Овој компјутер е создаден за паралелно процесирање“, вели асистентот по информатички науки Драги Кимовски и додава „Се обидовме да создадеме систем со многу малку средства, кој во иднина ќе се користи да развиеме кадри и да фатиме чекор со трендовите во светот“. Кимовски појаснува дека компјутерот...

Continue reading

sednica

Турбулентна седница на Советот на општината

Post Views: 10 Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа,  следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија...

Continue reading

niskogradba

„Нискоградба“ добра – за кого како….

Post Views: 8 Предлог одлуката за усвојување на првиот извештај за работа од формирањето на ЈП „Нискоградба Охрид“, на дваесет и седмата седница помина со повеќе забелешки. Советничката од ВМРО – ДПМНЕ, Јованка Дамоска рече дека се потврдиле нивните укажувања дека новото ЈП е уште една црна точка, исто како Јавните претпријатија кои веќе дејствуваат на подрачјето на општина Охрид. Таа нагласи дека извештајот, каде 90% за првото тромесечје отпаѓа на трошоци за вработени, е само уште еден доказ зошто е отворено ова претпријатие – за партиски вработувања. Ахмет Патељ, рече дека...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top