Ознака: Галичица

Asan Dzura

Планинската Куќа подготвена….

Post Views: 0 Планинската куќа е готова и подготвена за оние кои ја сакаат природата. Нациналниот парк Галичица куќата ја промовираше неодамна, а истата  на посетителите им овозможува да  се оттргнат од градското секојдневие и да уживаат во беспрекорната природа  што ја поседува Националниот парк.   Планинарската куќа располага со 20 кревети во 4 комлетно опремени соби, кујна соба за дневен престој, мини ресторан за 20 особи и летна тераса. Оваа куќа во иднина ќе се користи за потребите на вработените во паркот, за научните работници кои што вршат истражувања за потребите на поркот...

Continue reading

suma

Ренџерите од Галичица прават проценка на оштетените стебла

Post Views: 10   Ренџерските служби во НП „Галичица“  започнаа со увид на оштетената шума од снежните наноси оваа зима. Досега увид не беше можен заради снегот кој сеуште го има на повисоките места. Планината Галичица натежнала под снегот како никогаш досега, вели шумарскиот инженер  Номче Новески од НП „Галичица“. Новески информира дека ренџерите излегле на терен на пристапните места за да ги констатираат  штетите од откорнати стебла и искршени грански на шумскиот фонд во паркот.„ Вакви штети досега сме немале. Ќе не чека доста работа иако тоа е во работните задачи на ренџерите и...

Continue reading

korita

До Корита не се стигнува

Post Views: 4 Граѓаните кои сакаат да ја посетат Галичица подобро два пати да се помислат дали да го сторат тоа бидејќи можат да влезат во една несакана авантура. На патот кој води до местото Корита на неколку места има високи наноси на замрзнат снег па тешко со возило може да се помине, се жалат граѓани кои неодамна се упатиле до ова излетничко место. Тие биле затекнати од ваквата состојба на патот бидејќи пред почетокот на зимската сезона од страна на Македонија пат беше ветено дека ќе се одржува овој патен правец и дека граѓаните слободно ќе можат и зимава да одат на Галичица....

Continue reading

makedonski sumi

Надминат проблемот во „Македонски шуми“

Post Views: 3 Се надмина проблемот во охридската подружница на ЈП „Македонски шуми“. Фискалниот апарат со ЏИ ПЕ ЕР ЕС уред е ставен во функција. Откога Твм го актуелизираше проблемот на граѓаните кои се пожалија до нашата редакција дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“ бидејќи вработените не продаваа дрва поради немање нов фискален апарат, истиот е инсталиран. Револтот на граѓаните беше оправдан затоа што се создаде еден вакум во кој временски период тие не можеа да си набават дрва бидејќи вработените во подружницата не сакаа да го прекршат законот и да продаваат без да...

Continue reading

galicica

Во пресрет на први мај,ново излетничко место „Јадера“

Post Views: 10 НП „Галичица“ уреди ново излетничко место „Јадера“. Ова е втора локација за нецела недела за која се погрижи раководниот тим на паркот. „Јадера“ се наоѓа во непосредна близина на атрактивното туристичко место Градиште. Првиот човек, Зоран Ангелоски кој повеќето од своето работно време го поминува низ националниот парк вели, дека конечно успеале да обезбедат две сигурнио места за посета на гости. Тој потенцира дека местото е уредено со дрвени клупи маси и столици, патеки, детско игралиште и комплетно е опремено за пикник. Ангелоски додаде дека излетничкото место има...

Continue reading

korita

Германски „лифтинг“ на Галичица

Post Views: 2 Се дотераа излетничките места „Корита“ и „Коритски рид“ со германски пари. Овие две омилени излетнички локации после година и половина добија нова инфраструктурна опрема, а сега се  меѓусебно поврзани и со пешачка патека. Со германски пари се направи лифтинг на омиленте излетнички места на Галичица. Излетничките места „Корита“ и „Коритски рид“ целосно се уредени, а руинирана инфраструктура е целосно заменета со нова. Директорот на НП „Галичица“ Зоран Ангеловски кажа дека како причина за овој зафат се наметна моменталната состојбата на инфраструктурата и потребата од...

Continue reading

Галичица

Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина

Post Views: 2 НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени  планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени  како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица. „ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка  оценка да кажеме што ќе биде засегнато...

Continue reading

caj

Чудотворниот чај од Галичица

Post Views: 50 Планинскиот чај од Галичица, го нарекуваат и Шарпланински чај (Sideritas scardica)  е ендемска билка од балканскиот регион за чии лековити својства многу малку се знае. Овај чај го употребувале и Старите Грци за лекување рани од железно оружје а денес се употребува како лек против сите воспалителни процеси во организмот. Др. Александта Кониќ Ристиќ од Центарот за истражување на исхраната и метаболизмот од Белград се занимава со проучување на оваа лековита билка за која вели дека е вистинска ризница на здравје и долговечност. Билка на долговечностаПланинскиот чај од...

Continue reading

galicica

Странски компании пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица

Post Views: 1 Дали на повидок е започнувањето на реализација на еден капитален проект за градов, а тоа е изградба на ски-центар на Галичица. Според изјавата што за ТВМ ја даде Градоначалникот Никола Бакрачески неколку странски компании пројавиле интерес за инвестирање во ски- центарот. Во изминатиов период од она што јас го добив како информација од преставниците на МЕПСО и од економскиот промотор во Владата на РМ знам дека   неколку странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица,...

Continue reading

пат

Патниот правец кон Корита на Галичица оваа зима ќе се чисти од снег

Post Views: 5 Институциите во Охрид подготвени за одржување на градските и приградските улици, како и  магистралните и регионалните патишта да се безбедни во претстојната зима. Ова беше  истакнато на денешниот координативен  состанок за поголема безбедност на сообраќајот во зимски услови. Локалната самоуправа, јавното претпријатие Комуналец, сообраќајната полиција, јавното претпријатие Македонија пат се подготвени  координирано да делуваат во зимски услови на охридските улици и магистрални патни правци. Охриѓани може да се задоволни,  „Македонија пат“ секција Охрид, ќе го одржува...

Continue reading

pozart

Бојлер вознемири станари на ул. Галичица во Охрид

Post Views: 1 Дефект на електрична инсталација ги вознемири   станарите од станбена зграда на ул. Галичица. Во бања откажал  термостат од бољер од каде што избила голема количина на пареа. Вознемирените станари повикале помош од противпожарната единица.  За кратко време интервенирала противпожарната единица,  нема повредени и  материјална штета, информира Спасе Прентоски командир на охридската територијалната противожарна  единица од Охрид.       {loadposition content9}

Continue reading

ski centar Galicica

Се бара инвеститор за скијачкиот центар на Галичица

Post Views: 6 Се бара инвеститор кој ќе изгради скијачки центар на планината Галичица. Компанијата која ќе инвестира во развојот и изградбата ќе стопанисува со ски центарот и одмаралиштето „Галичица“. Ски центарот на „Галичица“ ќе биде планинско-езерско одмаралиште за четири сезони. На љубителите на зимските спортови ќе им се овозможи  алпско скијање. Во летните месеци ќе има разни рекреативни активности. На едно место ќе се спојат сите туристички  вредности во  едно планинско  одморалиште сместено во национален парк. За ваков  долго посакуван центар од охриѓани и туристичките работници,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top