Ознака: Галичица

ohrid

Охрид, Галичица и манастирот „Свети Наум“ дел од холандско патеписно шоу

Post Views: 0 Охрид уште еднаш главна ѕвезда за Холанѓаните. Холандското патувачко шоу Channel 3 travels кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија снима документарна емисија за убавините на Македонија, во која секако се застапени Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс во Свети Наум. Тв екипата од Холандија веќе започна со снимање на знаменитостите и тоа на повеќе локации. Покрај убавините на нашиот град, Channel 3 travels ќе дел од емисијата ќе посвети на старите занаети во скопската чаршија, тврдината Кале, Даут пашиниот амам, спомен куќата на Мајка Тереза,...

Continue reading

Galicica

И охриѓани ќе плаќаат за влез и престој на Галичица

Post Views: 6 НП „Галичица“ секој ден со ново изненaдување. Паркот од денес почна со наплата на влезници и за охриѓани. Само пред неполн месец од паркот информираа дека новиот ценовник кој почна да важи од први јуни нема да се однесува на локалното население на Охрид и Ресен.  Денес  охриѓани кои убавото време го искористиле за прошетка  на Галичица морале да платат за престој во националниот парк. „Утрово отидовме на Галичица. Попладнето на враќање бевме спречени да излеземе и ни беше побарано да платиме за престојот на Галичица. Ние им кажавме дека сме охриѓани и дека за нас не...

Continue reading

параглајдер

НП Галичица ги намали цените за комерцијалните, но не ги укина за спортските параглајдеристи

Post Views: 15 НП Галичица направи измени во новиот ценовник кој ги разбуричка страстите на љубителите на паркот. Посебно револтот јавно го манифестираа спортските  параглајдеристите. За  параглајдеристите цената е спуштена од 1500 на 300 денари  дневен лет. Но, плаќањето не се укина за спортистите рекреативци, кои тоа го бараа од  властите на сите нивоа, вели за ТВМ , Мендо Велјаноски светски првак во параглајдеризам.  Кажува дека раководството на националниот парк за цената се испазарило со 4-5 мина комерцијални пилоти кои заработуваат од параглајдеризмот со тандем летање, а спортистите...

Continue reading

paraglajding

Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на НП Галичица

Post Views: 6 Се вкрстуваат копјата околу новиот ценовник на Националниот парк Галичица. Реакција стигна и од Министерството за животна средина и просторно планирање на барањето на параглајдеристите да бидат ослободени од плаќање за летање.  Аргументите од ресорното министерство се дека параглејдеристите на туристите им наплаќаат високи цени за летање, а  ништо  не плаќаат за тоа што ги користат убавините на  националниот парк кој се самофинансира. „ Националните паркови се посебни институции. Владата  донесе правилници и подзаконски акти кои се во контекст за управување на НП по...

Continue reading

параглајдер

Параглајдеристите бараат изземање од ценовникот на НП Галичица

Post Views: 10 Лавина реакции предизвикаа цените кои НП Галичица ќе ги наплаќа од 1 јуни. Љубителите на природата испраќаат остри критики на адреса на паркот. Има најразлични коментари од кои заедничка констатaција е  дека  високите цени го загрозуваат рекреативниот туризам.  Засегнати од ценовникот се најдоа и параглајдеристите. „ Параглајдеристите од каде што ќе летаат ќе плаќаат 300 денари за 30 минути , а  цена за дневно полетување е 1000 денари. Со овие цени ќе почне наплатата“, ги најави новините  Огнен Достиноски од НП Галичица. Мендо Велјаноски, македонски светски првак во...

Continue reading

galicica

НП Галичица од јуни ќе почне да наплаќа влезници

Post Views: 11 НП Галичица за посетителите од јуни ќе почне со наплата на  влезници. Цените за наплатата се формирани, а влезници  ќе се купуваат во инфо центрите во Охрид и во Стење, кажува Огнен Достиноски од НП Галичица.  Влезниците ќе чинат 30 денари по лице за еднодневен престој,  за автомобил ќе се наплаќа 50 денари, а за комби и мини бус  80 денари. За посета на посебни објекти и за патеката Магаро или островот Голем град влезницата ќе чини 200 денари за еден посетител, напоменува Достиноски. Исто толку ќе чини еднодневно кампирање кое е дозволено единствено во локалитетот...

Continue reading

skari

Првомајските скари на отворено и на места кои не се за тоа предвидени може да ве чинат 200 евра

Post Views: 3 Во очи првомајските празници, кога македонскиот граѓанин најчесто ужива во традиционалните скари на отворено, надлежните со апел да не се палат огнови на отворен простор. Од НП „Галичица“ велат дека забраната за палење на оган на отворено важи преку целата територија на државата и во текот на целата година, но во овој период особено апелираат бидејќи очекуваат поголем обем на граѓани да се упатат кон планинските места. Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари при НП „Галичица“ сите охриѓани, но и туристите ги советува наместо било каде, да отидат во едно од двете...

Continue reading

galicica

По четиричасовна акција, спасени изгубените туристи на Галичица

Post Views: 1 Среќен крај на драмата на двајцата туристи кои вчера се загубија на Галичица. Потрагата по нив траела четири часа, а во која беа влучени екипи од НП Галичица, ЦУК, граничната полиција и единицата за спасување на планина. Двајцата туристи биле пронајдени во изразена хипотермичка состојба, несоодветно облечени и опремени, но и без карти за движење по теренот. Антонио Додевски од единицата за спасување на планина вели дека приказната има среќен крај благодарение на координираноста помеѓу сите екипи кои зеле учество во спасувачката мисија. Од НП Галичица велат дека на Галичица...

Continue reading

iseceni drva

За сечење дрва, потребна е дозвола од градот

Post Views: 1 Пред станбен комплекс на ул. „Галичица“, деновиве, несовесни граѓани самоволно и непрофесионално искастриле и исекле дрва во дворното место на зградата. Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека односот на охриѓани кон природата и дрвјата треба да е поодговорен . Тие предложија наместо уништување на дрвјата, доколку на некој му сметаат, да ги повикаат стручните служби и дрвјата да бидат соодветно третирани. „Мое мислење е дека треба малку да се средат. Може малку да се средат да се дотераат, да не се сечат бидејќи еколошки поздраво е знаеме каква е нивната функција...

Continue reading

галичица

Галичица се попривлечна за посетителите

Post Views: 5 Галичица се попривлечна за посетителите. Нивниот број во последниот период е во пораст за 5 до 10%.  На главните влезови во националниот парк поставени се дигитални бројачи кои ги евидентираат возилата, пешаците, велосипедистите. Во тек е обработување на податоците за минатата година. –Секојдневно пристигнуваат барања за групна или индивидуална посета на паркот. Паркот стана препознатлива туристичка понуда. Ги обележавме и пешачките патеки во должина од 50 километри кои се наменети за пешачење од неколку категории, вели Номче Новески-ЈУНП „Галичица“. Природните...

Continue reading

predupreduvanje

Националниот парк „Галичица“ опожарен

Post Views: 8 Националниот парк „Галичица“ опожарен. Само за четири дена овој месец во паркот се случиле два пожари. Првиот, кој зафатил површина од два хектари се случил на 20-ти март, кажа Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП „Галичица“ . Направен е увид на лице место и веќе се претпоставува  кои се сторителите на овие казнени дела, велат од  управата на паркот. Целокупната документација е испратена до органите на прогонот. –Според првите индиции од терен и разгледувањето на местото на пожарот се гледа дека станува збор за намерно палење. Според наши искуства,...

Continue reading

logo

Дел од улица „Галичица“ денес без струја

Post Views: 8 Од ЕВН Македонија, утрово информираат дека денеска, 4-ти март, во периодот од 10 до 15:30 часот ќе дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „Галичица“ во Охрид. Од компанијата известуваат дека прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој регион. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top