Tag: враќа

WizzAir ги враќа летовите од Охрид и Скопје

Почнувајќи од 23-ти мај, нискобуџетната авиокомпанија WizzAir почна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома, Скопје и Охрид. Нискобуџетната авиокомпанија WizzAir, почнувајќи од 23-ти мај започна со постепено отворање на седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома, Скопје и Охрид. Земји во кои WizzAir повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска, односно Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе/Баден-Баден и Малме. Поради ковид-пандемијата во текот на минатата година...

Continue reading

gradbi

Законот за дивоградби повторно се враќа во Собрание

Талат Џафери очекува законот за дивоградби на 8 јуни да се најде на пленарна седница. Дотогаш се очекува во него да бидат вметнати забелешките на стручната јавност.  Законот за бесправно изградени објекти на 8 јуни треба да се најде на собраниска седница. Претседателот на Собранието, Талат Џафери најавува дека веќе на наредната седница овој закон повторно ќе се најде пред пратениците, бидејќи негова деловничка обврска е да го врати на дневен ред во трето читање во рок од 30 дена од неговото донесување. „На 11 мај е изгласан, најдоцна на 11 јуни треба да се најде на седница. На 8 јуни ќе се најде...

Continue reading

Ќе им се враќа туристичката такса на сместувачките капцитети платена во 2019

Субвенции ќе добијат и туристичките водичи. Ова се дел од мерките кои ќе стартуваат од понеделник , а со кои државата ќе го помага туризмот како најпогоден сектор од пандемијата. Враќање на туристичката такса и субвенции за туристички водичи се само дел од мерките кои ќе стартуваат за помош на туистичкто сектор. В понеделник ќе биде објавена мерката со која ќе им биде вратена туристичката такса уплатена во 2019 година на сместувачките капацитети, како  е дел од серијата мерки за помош на туризмот, најави министерот за економија Крешник Бектеши. Владата усвои измени и дополнувања на Програмата...

Continue reading

Се враќа ракот во Охридското Езеро

Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид. Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид. Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела во сите слатки води низ цела Европа. Најраспространет е Европскиот...

Continue reading

Еленот се враќа на Галичица

 Триесетина нови примероци на срни и елени ќе ја красат планината Галичица. Станува збор за проект за формирање на репродукциски  центар за елени.  Националниот парк ќе биде збогатен со овие диви животни  од најпознатиот светски репродуктивен центар од Унгарија 24 срни и 6 елени наскоро ќе бидат донесени на терените во Националниот парк Галичица. Триесетината нови примероци на срни и елени ќе бидат украс на планината и атракција за посетителите, а ќе и помогнат и на природата во паркот , да се зачуваат пасиштата во високите делови на планаината. Станува збор за проект за формирање на репродукциски...

Continue reading

БЕРТОЛИНИ: ОД СЛЕДАНТА ГОДИНА РЕКАТА САТЕСКА ЌЕ СЕ ВРАЌА ВО СТАРОТО КОРИТО

Раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија Никола Бертолини, во рамките на денешната посета на Охрид, на лице место ја разгледа локацијата и беше запознаен со Проектот за враќање на реката Сатеска во старото корито. Раководителот на Секторот за соработка на Делегацијата на Европската унија Никола Бертолини, во рамките на денешната посета на Охрид, на лице место ја разгледа локацијата и беше запознаен со Проектот за враќање на реката Сатеска во старото корито. Во друштво на првиот човек на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески...

Continue reading

Книгата се враќа кај читателите

Се зголемува бројот на читатели во НУ  библиотека „Григор Прличев“. Радува податокот што се повеќе млади сакаат да читаат добра книга. Интересот за читање расте благодарение на залагањата на вработените во библиотеката, но и на напорите што се прават во училиштата. Само во првите два месеци од оваа година во НУ  библиотека „Григор Прличев“ се запишани 200 нови членови. Директорката на оваа установа Гордана Змејкоска вели дека радува овој податок бидејќи библиотеката повторно си го добива своето вистинско значење како место на книгата каде се спојуваат минатото и сегашноста. Уште повеќе влева...

Continue reading

Се враќа довербата на граѓаните за штедење

Вратена е довербата кај граѓаните за штедење, поради стабилноста на денарот во однос со еврото. И во услови на исклучително ниски каматни стапки, историски најниски, банкарските депозити се главен избор за чување на заштедите од граѓаните и фирмите, велат од банкарскиот сектор. Додека пак на граѓаните кои ги анкетиравме не им останувале пари за штедење. Штедењето, односно чување, одложување на средствата или ограничување на трошењето е од огромно значење за постигнување на поголеми економски или други цели на поединецот, семејството или општеството. Да се заштеди пари е добар чекор но колку...

Continue reading

Едрењето се враќа на голема врата

Охрид полека ама сигурно го враќа едрењето на спортската мапа. Денес се одржа втората едриличарската регата  во организација на Јахтинг клубот Акватика на која учествуваа гости од Србија. Регатата имаше ревијален карактер а целта беше да се покажи дека Охрид има услови за едрење не само на лето туку и во другите месеци од годината. Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Се одржа втората едриличарската регата во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид на која учествуваа четиринаесет едрилици со трочлeн екипаж од Македонија и Србија кои се натпреваруваа...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top