Ќе им се враќа туристичката такса на сместувачките капцитети платена во 2019

Субвенции ќе добијат и туристичките водичи. Ова се дел од мерките кои ќе стартуваат од понеделник , а со кои државата ќе го помага туризмот како најпогоден сектор од пандемијата.

 |  Валентина Неловска  | 

Враќање на туристичката такса и субвенции за туристички водичи се само дел од мерките кои ќе стартуваат за помош на туистичкто сектор. В понеделник ќе биде објавена мерката со која ќе им биде вратена туристичката такса уплатена во 2019 година на сместувачките капацитети, како  е дел од серијата мерки за помош на туризмот, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Владата усвои измени и дополнувања на Програмата за развој на туризмот за 2020 година. Со измените ќе се вратат средства директно на сите сметувачки објекти кои во 2019 година имаат уплатено туристичка такса. Министерството ќе објави јавен повик, на кој преку онлајн-апликација сите субјекти ќе поднесуваат електронска апликација со приложување документација. Посебна комисија ќе изврши евалуација на апликациите и ќе направи записник и решение за исплата на средства за тие кои исполнуваат услови.

Со мерката е предвидено доделување грантови и за туристички водичи како самостојни вршители на дејност. Можат да аплицираат туристички водичи кои поседуваат важечка лиценца и не се во редовен работен однос, а грантот по лице изнесува 65 илјади денари. Ова ќе се реализира исто така до крајот на оваа година, за што во Буџетот се обезбедени средства во износ од 9,8 милиони денари.
Ќе се помагаат и туристичките агенции. Износот на грантот ќе се определи врз основа на вкупниот приход на правното лице во претходната година, бројот на вработени и типот на лиценцата за работа. Максималниот износ на грантот за туристичките агенции кои имаат лиценца Б ќе изнесува 180 илјади денари, додека максималниот износ за туристичките агенции со лиценца А изнесува 430 илјади денари. Оваа мерка ќе се реализира во текот на овој и следниот месец, за што во Буџетот се обезбедени средства од 116,85 милиони денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top