Per Aspera Аd Astra

Главниот извршен директор на Coca-Cola, Мухтар Кент во 2012-та заработил 21,6 милиони долари.

 |  Голабовски Крсте  | 
muhtar kent
мухтар кент

Главниот извршен директор на Coca-Cola, Мухтар Кент во 2012-та заработил 21,6 милиони долари.

Тоа богатство е сочинето од неговата плата и бонусите што ги зема, а неговата чиста месечна плата изнесува 1,6 милиони долари. Но, почнал од дното.

Шеесет и едногодишниот Мухтар Кент, кој е Американец со турско потекло во компанијата работи од 1978 година. Откако завршил на бизнис академија на Лондон, во Coca-Cola прво се вработил како шофер. На висока работна позиција за прв пат е именуван во 1985 година, кога е назначен за генерален менаџер на компанијата за Турција и Средна Азија. Три години подоцна е именуван за заменик на претседателот на Coca-Cola.

muhtar kentПо дваесет години, Кент во 1999 година го напушта главното седиште на Coca-Cola и се враќа во Турција каде што бил роден неговиот татко и се вработува во компанијата која во оваа земја ја поседува франшизата за производство на овој популарен газиран пијалак.
Во 2005 година Кент се враќа во Coca-Cola и веќе за една година станува претседател на интернационалните операции, односно станува прв човек на компанијата за сите активности кои се извршуваат надвор од Северна Америка.
На чело на компанијата доаѓа во 2008 година кога излегува со план со кој планира до 2020-та да го удвои профитот на Coca – Cola. Останува времето да покаже дали ќе успее во она што го наумил. Засега барем компанијата работи профитабилно и не е погодена од економската криза.

Само минатата година заработката на Coca-Cola се зголемила за 9 милијарди долари. Мухтар Кент пак лани заработи 21,6 милиони долари, односно повеќе од 2011-та кога заработи 21,2 милиони долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top