Ознака: вода

bromolog

Водата во Охрид, добра

Post Views: 0 Задоволителен квалитетот на водата од јавните чешми и изворот „Студенчишта.“ Резултатите од последната направена физичко-хемиска и микробилошка анализа од претходната недела, спроведени од страна на екипите на Центарот за јавно здравје, покажуваат вода со добар квалитет, вели Сашо Точко од ЦЈЗ. „Значи од јануари месец од почетокот на оваа година имавме земени 7 примероци на вода од кои сите беа со добар квалитет, без никаква бактерија и без никакво загадување, секако зборувам и за изворот „Студенчишта“. Што се однесува до квалитетот на водата во селските водоводи, Точко...

Continue reading

vodici

По Водопост – Водици

Post Views: 2 Денеска е Водопост (строг пост односно пост на вода), или ден пред празникот Водокрст или Водици. Уште рано утрово свештени лица во христијанските домови осветуваат вода со која во текот на денот се прска низ куќата, дворовите и целиот имот со цел да ги избрка сите лошотии. Познато е дека овој празник и обичаи се празнувале уште во вториот век од христијанската ера. Ден по водопос се празнува Водокрст, празник кој е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со...

Continue reading

VMRO-NP

Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Post Views: 2 Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид. Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето...

Continue reading

proakva

Додека на еден не му се стемни на друг нема да му се раздени

Post Views: 13 „Не даваме вода“. Ова е реакција на група револтирани  жители на ул „Момчило Јорданоски“ кај болнички комплекс. Тие јавно го кренаа гласот против Oпштина Охрид, и обвинија дека Локалната на своја рака превзема зафати од комунална сфера, од што тие ги сносат последиците.Љупчо Гаревски го пренесе ставот на жителите од овој дел на градот. Тој потенцира дека се навлегува во приватен имот каде општината не ги имала до крај расчистено работите со експропријација на земјиштето. Гаревски рече дека немаат ништо против приклучок на вода во станбените згради, но тоа да небиде...

Continue reading

plazi

Половина oхридски плажи ги проголта езерото

Post Views: 1 Нивото на езерото сеуште над дозволениот максимум. Овој пат штета од поголемата количина вода имаат концесионерите на плажите, затоа што надојдената вода им покри половина од песочниот простор наменет за поставување на лежалки. „ Четврта година по ред како крајбрежјето е уредено, а годинава изгледа како сега да почнуваме со активности. Се е разрушено, а причина за тоа е преголемата количина на вода“, вели концесионерот на плажата Акапулко Љупчо Нечковски. „Кога имаше најмногу врнежи од дожд, во најтешките денови, езерото се намалуваше, бидејки се регулираше Дримот....

Continue reading

aerodrom Sv Apostol Pavle

Аеродромот ќе го менува водоснабдувачот

Post Views: 3 Охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“ бара снабдувач со квалитетна вода за пиење. Веќе подолго време водата што ја користат аеродромот и жителите од околните села, Горенци и Оровник, не се хлорира и е неисправна за пиење. Корисниците не се задоволни од квалитетот на водата, а аеродром е должен да ги снабдува со исправна вода патниците кои ги користат нивните услуги. „Никогаш не се случило да ги снабдиме патниците со неисправна вода за пиење. Преземаме  дополнителни активности што не се наша обврска иако плаќаме за потрошена вода и услуга за кои снабдувачот е должен...

Continue reading

Muzej na voda

Музејот на вода ќе добие пристаниште, но само за јахти

Post Views: 9 Охридската  бродска флота  нема да може да се укотвува во Заливот на коските. Ова е ставот на директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман по однос на прашањето дали бродовите кои превезуваат туристи ќе имаат пристап од езерската шир кон брегот каде што е сместен Музејот. Овој туристички  локалитет  ќе добие пристаниште, но за пристап само на јахти. Станува збор за значјно  културно наследство ко ене смее да биде нарушено. Пристап од езерскиот сообраќај ќе има само во рамките на она што го дозволува Законот дециден е Кузман.    Инаку, во овој...

Continue reading

Konferencija

Проблемите со водата се глобални

Post Views: 2 Експерти од целиот свет за хидрологија и клима на Меѓународната конференција во Охрид ќе се обидат да ги направат логични, нелогичностите кои последниве неколку години се јавија во хидрологијата. Прашањето за водата, во годините кои доаѓаат станува филозофско прашање, велат експертите кои работат на проблематиката со мониторингот и експлоатацијата на водите. Над 400 еминентни научници кои се занимаваат со изучувањето на хидрологијата, метеорологијата и влијанието на климата врз различните сектори на водите, ќе се обидат да дадат одговор на прашања со кои се среќаваат...

Continue reading

ezero

Квалитетот на водата во езерото добар, но до кога?

Post Views: 0 Квалитетот на водата во Охридското езеро добар. Последните земени мостри од езерото од страна на Центарот за јавно здравје, покажуваат дека таа е од прва и втора категорија. Со намалувањето на водостојот на езерото се очекува да се намали и квалитетот на водата во него. Квалитетот на водата во Охридското езеро на задоволително ниво. Направена е физичко-хемиска и микробилошка анализа на осум земени мостри. Примероците за анализа се земени од локации специфични поради близината на колекторскиот систем. Три од примероците се земени од влезот на колекторскиот систем кај...

Continue reading

Biljanini izvori

Се „пиeт“ или не?

Post Views: 4 Изворските води кај Биљанини извори се со променлив квалитет, заклучок е на работната група на експертските тимови составена од претставници на  неколку институции. Последните анализи покажуваат присуство на патогени бактерии. На заедничка маса седнаа различни тимови кои го испитуваа квалитетот на водите на Биљанини извори. Резултатите се недвосмислени. Појавата на бактерии во овие води варира. Работната група формирана во Октомври минатата година, се состоеше од експертски тимови на Регионалниот центар за јавно здравје, Хидробиолошкиот завод, МЈП Проаква и на Локалната...

Continue reading

velgoshti

Велгошките улици бербат

Post Views: 6 Велгоштани револтирани. Повеќе од година дена атмосферските води течат низ нивното село. Велгоштани се едниствени во своите барања. Работите кои според ветувањата требало да бидат завршени за три месеци, а се пролонгирале на година дена, бараат конечно да бидат завршени. Година дена атмосферските води се по велгошките улици. Започнатите работи за поставување на канализационата мрежа, ги уништија улиците. Работите за кои ни ветија дека ќе бидат завршени за неколку месеци не се завршени веќе една година, револтирани се велгоштани. Претседателот на Месната заедница на...

Continue reading

voda

Водата за пиење во Охрид и Пештани е безбедна за пиење

Post Views: 8 Граѓаните може да бидат спокојни. Водата за пиење во Охрид и Пештани е безбедна за пиење, смирува директорот на Институтот за јавно здравство на РМ. Од Управата на водостопанство пак информираат дека водостојот на Охридското езеро непроменет, сеуште е 24 сантиметри над дозволената кота. Водата која ја конзумираат охриѓани и пештанци е безбедна за пиење. Таа ги исполнува сите норми и стандарди кои се пропишани од страна на Институтот за јавно здравство на РМ, информираше денес директорот на Инстотутот, Д-р. Владимир Кендровски. Тој додаде дека не се бележи зголемување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top