Водата за пиење во Охрид и Пештани е безбедна за пиење

Граѓаните може да бидат спокојни. Водата за пиење во Охрид и Пештани е безбедна за пиење, смирува директорот на Институтот за јавно здравство на РМ.

 |  Крсте Голабовски  | 
voda
вода

vodaГраѓаните може да бидат спокојни. Водата за пиење во Охрид и Пештани е безбедна за пиење, смирува директорот на Институтот за јавно здравство на РМ.

Од Управата на водостопанство пак информираат дека водостојот на Охридското езеро непроменет, сеуште е 24 сантиметри над дозволената кота.

Водата која ја конзумираат охриѓани и пештанци е безбедна за пиење. Таа ги исполнува сите норми и стандарди кои се пропишани од страна на Институтот за јавно здравство на РМ, информираше денес директорот на Инстотутот, Д-р. Владимир Кендровски. Тој додаде дека не се бележи зголемување на бројот на инфекциите и останатите заболувања од ваков вид во овој регион што пак би можело да се поврзи со моменталната состојба со водите. Директорот на Институтот информира дека се работи на евакуација на септичките јами кај Пештани со цел да се превенира контаминацијата на водата за пиење. Тој е убеден дека до загадување на водата за пиење нема да дојде.

Кендровски потенцира дека и состојбата со квалитетот на водата во Охридското езеро не е алармантна. Имено според испитувањата кои се направени од страна на Институтот таа е нормална за овој период од годината. Што се однесува до водостојот на езерото тој и понатаму е 24 сантиметри над дозволената кота. Директорот на Управата за водостопанство Методија Томески исто така денес беше во посета на Охрид. Тој посочи дека надлежните структури  ги преземаат неопходните чекори и го балансираат испустот на вода од езерото се со цел со минимална штета да се надмине кризата. Временските прилики во периодот кој е пред нас ни одат во прилогтака да место за паника, нема, потенцира Томески.

Директорот на Управата за водостопанство информира дека во периодов кој е пред нас ќе се работи на расчистувањето на каналите од ШУМ

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top