Ознака: велат

dukjan

Се гасат бизнисите во Охрид

Post Views: 14 Се помал е бројот на дуќани кои функционираат во охридската чаршија. Последниве неколку години, високите кирии и неможноста да издржат на пазарот, ги натера голем број охриѓани да завршат со своите бизниси. Оваа слика најмногу може да се примети во трговскиот центар амам, каде речиси две третини од објектот стои празен. Сопствениците на оние бизниси кои функционираат велат дека едвај врзуваат крај со крај. Повеќе за оваа тема погледнете во дневникот на ТВМ во 17:00 часот. {loadposition content9}

Continue reading

corba

По 4 пат во Охрид рибна чорба, за Денот на рибарите

Post Views: 2 Три дена траше подготовката на 1600 литарската рибја чорба за Денот на рибарите. Четврта година по ред, по стариот добро познат рецепт со 400 килограми лосос, професорите и учениците од охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се потрудија на охриѓани и бројните гости да им зготват деликатесна рибна чорба. Подготовката на  чорбата ни стана рутина, рецептот се покажа добар и не го менуваме, вели наставникот Блаже Јорданоски. „Во подготовката на чорбата учествуваа околу 15 ученици, 8 професори и кадар од нашето училиште. Значи се подготвуваше во училиштето,...

Continue reading

11.11.11

Значењето на 11.11.11

Post Views: 9 На почетокот од годината експертите предвидуваа дека еден од најзначајните датуми  би можел да биде денешниот ден 11.11.2011 година. Некои од нив споменуваат крај на светот, но и почеток на трета светска војна. Додека едни нумеролози тврдат дека овој ден ќе биде лош за сите, други тврдат дека ќе биде најсреќниот ден  за сите оние кои успеале да го доживеат. Нумеролозите кои го прогнозираат овој ден за лош, велат дека жените ќе бидат многу чувствителни, мажите неодлучни, додека децата ќе страдаат во различни ситуации. Бројот 11 е главен број на нумеролошкиот систем,...

Continue reading

Alibaba стана највреден трговец

Post Views: 4 Откако, пред неколку дена, акцијата на Alibaba ја достигна рекордната вредност од 100,5 долари, кинескиот интернет трговец, Alibaba, стана највредната трговска компанија, во светот, по пазарна капитализација од 247 милијарди долари. Со тоа, кинеската компанија по тоа мерење, го престигна американскиот ланец на супермаркети Walmart, компанија која ја држи титулата на најголема светска трговска компанија по приходи. За да се изедначи со Walmart по приходи, Alibaba  ќе мора да потроши уште многу време и многу работа. Извештаите велат дека американската компанија со 11.000...

Continue reading

hotel

Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници

Post Views: 1 Хотелските капацитети во Охрид исполнети за новогодишните празници. Хотелиерите велат дека најголем дел од гостите се од соседните земји и тоа од Србија и Бугарија. Цените за тридневен аранжман се движат од 110 до 150 евра по лице. Од хотелите Метропол и Белви велат дека многу се задоволни од продажбата на аранжманите во овој хотелски комплекс. Кај нив капацитетите се исполнети речиси 100%. Најголемиот дел од гостите се странци кои имаат резервирано тридневни или четиридневни аранжмани, а само 120 лица имаат резервирано само за дочекот на новата година кој чини 27 евра....

Continue reading

popusti

Охриѓани чекаат попусти за да купуваат

Post Views: 10 Празничната потрошувачка еуфорија тешко ги зафаќа и продавачите и купувачите. Најголем дел од излозите на бутиците и продавниците  се или скромно или воопшто не се украсени во новогодишен дух. Многу е мал бројот на трговци кои со налепници на излозите маркирале новогодишни попусти од „-20 %“ „-30 %“, „-50 %“. Дел од граѓаните сметаат дека цените се превисоки и дека газдите на дуќаните не го користат периодот на празнична потрошувачка треска со намаленија да ги привлечат потрошувачите. „Да ги чекаме само ќе видиме во стварност колку е попуштено. Во некои продавници има...

Continue reading

sonce

Зимата си отиде-велат од УХМР

Post Views: 7 До крајот на неделава во Македонија температурата ќе се движи од 10 до 16 степени, а в недела ќе порасне до 19 степени Целзиусови. Ниските температури повеќе нема да се вратат – велат од УХМР. Затоплувањето се должи на струењето на потоплите воздушни маси кои доаѓаат од југ. Ќе имаме викенд со пролетни температури – во целата држава во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови. Од УХМР не ја исклучуваат можноста кон крајот на следната недела да падне дожд,но тоа не значи дека температурите ќе паднат драстично – ќе се движат околу 15 степени. Студеното време...

Continue reading

sirma vojvoda

Ул. „Сирма Војвода“ сеуште голема каллива нива

Post Views: 34   Штом започне врнежиливото време започнуваат и главоболките на жителите на улицата „Сирма Војвода“.  На само неколку метри од центарот на градот, улицата се претвора во каллива нива која секој ден треба да се премине на пат до работа, училиште, град и назад.  Чизмите ни се обувки и во лете и зиме, велат жителите, а маката ги натерала да се снаоѓаат и со други реквизити.  „Гледате дека сме во вода закопани во кал, децата и жените одат на работа ставаат најлони за да поминат од тука летно време се ова е змијарник.  Ние бевми два патив во општина кај секретарот, обеќа,...

Continue reading

agencii

Банско и Копаоник, најбарани за зимување на охриѓани, а Истанбул за најлудата ноќ

Post Views: 2 Банско, Боровец, Копаоник се најбараните дестинации кои ги одбрале охриѓани за зимување. Сезоната е на прагот, а плановите на охриѓани за излез од обврски и релаксација се различни за секого, но целта е една – одмор, велат дел од охридските туристички агенции. А тука се и новогодишните празници. Пакет аранжманите за новогодишните празници се готови, има голем број понуди речиси за сите европски метрополи, за тродневен, четвородневен, петодневен аранжман со автобуски и авионски превоз, вели Елида Битрак од ТА „Елида Турс“. „Дубаи 5 ноќи со авионски превоз и обезбедување...

Continue reading

potrosuvacka kosnica

Потрошувачката кошница нереален показател за куповната моќ

Post Views: 1 Само на Македонците и на Словенците им останувале вишок пари откако ќе ги задоволат основните месечни потреби. Дали е навистина така? Експертите и граѓаните велат не. Додека кај нас под елементарни производи за живот се вбројуваат храната и пијалоците, во Словенија и другите земји од регионот во месечната потрошувачка кошничка се вбројуваат и трошоците за хигиена, облека, домување, образование и култура. Аналитичарите велат- се додека официјалната статистика не ја воведе најавената нова методологија по европски стандарди, ќе немаме податоци за реалната куповна моќ...

Continue reading

Жените се направени од поотпорен материјал

Post Views: 11 Група белгиски истражувачи ги оправдаа мажите кои цвилат кога се болни. Велат, жените сепак биле направени од поотпорен материјал. Жените имаат подобар имунитет благодарение на вториот X хромозом, во кој се кодирани молекули наречени микро РНК. Станува збор за генетски роднини на ДНК-та, кои важат за главни регулатори на имунолошкиот систем. Заради поголемиот пристап на овие молекули, жените се поотпорни на инфекции, па дури и на рак. Мажите пак, се во загуба, затоа што имаат само еден Х хромозом, што е доказ дека не џабе се жалат толку кога се болни. “Статистиките...

Continue reading

Најопасна за вашиот компјутер е Хајди

Post Views: 6 Компанијата McAfee која се занимава со сигурноста на Интернетот спроведе истражување кое покажа дека секое десетто пребарување кое вклучува има на модел на Викторија Сикрет ќе ве однесе на „инфицираната“ веб интернет страница. Тие најчесто содржат некои вируси кои се дизајнирани за кражба на идентитетот. Претставниците на McAfee велат дека имињата на славните личности често се користат за привлекување на луѓето на заразените сајтови. Минатата година најопасна беше Камерон Дијаз, која оваа година падна на второто место. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top