Ознака: бидат

Boris TAdic

Тадиќ поднесе оставка

Post Views: 2 Српскиот претседател Борис Тадиќ поднесе оставка на функцијата, со што се отвора патот за одржување на предвремени претседателски избори на 6 мај. Тадиќ, на прес-конференцијата во Белград, рече дека решил „да го скрати својот мандат“ и да овозможи на 6 мај да се одржат избори на сите нивоа на власта. „Ќе се кандидирам на тие избори со многу оптимизам поради позитивните трендови во нашата земја“, рече Тадиќ. Според него, изборите ќе бидат тешки, но и дека ќе претставуваат можност граѓаните да се определат по кој пат ќе сакаат да одат. „Јас го предлагам патот на европските...

Continue reading

Andeas Papandreu

Папандреу поднесе оставка

Post Views: 7   Лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу, официјално поднесе оставка на функцијата претседател на партијата.На негово место, како што се очекува, ќе биде избран актуелниот министер за финансии Евангелос Венизелос. “Донесов тешки одлуки. Тие можеби скапо ме чинеа политички, но вредеа за трудот”, изјави Папандреу, кој само ја потврди оставката најавена во ноември минатата година, кога беше избрана нова коалициска влада. Партиските избори ќе бидат на 18 март, а Венизелос само кусо рече дека пред ПАСОК е тешка мисија за обнова на Грција”. На партискиот собир...

Continue reading

Persiski zaliv

Американците подготвени за иранските камикази бродови во Персискиот залив

Post Views: 11 Иран ги засили морнарските сили во Персискиот залив и подготви бродови што  може да бидат употребени во самоубиствени напади, но американската морнарица може да го спречи да го блокира Ормутскиот теснец, изјави командантот на американските морнарички сили во тој регион, Марк Фокс. Иран во текот минатите недели повеќе пати се закануваше дека ќе ги блокира бродовите што пловат во Персискиот залив или ќе ги нападне американските сили, ако заради санкциите биде прекината неговата трговија со нафта или ако биде нападната неговата спорна нуклеарна програма. – Тие...

Continue reading

debelo

Дебелите деца да добиваат послаби оценки

Post Views: 1 Дебелите ученици треба да бидат казнувани со послаби оценки,  предложил  светски познатиот нутриционист, Пјер Дукан.Оваа своја идеја, Дукан му ја претставил на претседателот на Франција, Никола Саркози, кој сè уште се нема огласено со службена изјава. Француските медиуми остро го критикуваа нутриционистот, велејќи дека таквата пракса би резултирала со лош однос на младите кон храната. “Мојата идеја не би променила ништо кај оние кои не треба да ослабнат, но затоа кај оние кои треба да симнат некој килограм, би створила дополнителна мотивација”, се брани Дукан,...

Continue reading

Egipet

Прескокнете го Египет

Post Views: 13 Планирате да ги поминете новогодишните празници во Египет? Во тој случај добро информирајте се околу новите закони што се предложуваат и се очекува да бидат донесени. Со цел да не се нарушат вредностите што ги познава општеството, се бара да се забранат алкохолот и носењето бикини на плажите. Партиите „Ал Нур“ и „Муслиманско братство“ сметаат дека овие построги мерки ќе го спречат продирањето на „искривените“ вредности што доаѓаат од западноевропските земји. Египетската економија главно се базира на туризам и иако се свесни дека бројот на туристи ќе се намали доколку...

Continue reading

bomba

Во Германија успешно деактивирана бомба тешка речиси два тона

Post Views: 11 Голема бомба од Втората светска војна пронајдена минатата недела во германскиот град Кобленц денеска успешно беше деактивирана, а половина од жителите во градот беа евакуирани, соопшти противпожарната служба.Портпаролот на противпожарната служба во Кобленц Бајко Бајтбарт рече дека жителите на градот ќе бидат евакуирани, се додека другите гранати пронајдени во близина не бидат деактивирани. Околу 45.000 жители на Кобленц, биле евакуирани поради деактивирањето на бомбите останати од Втората светска војна пронајдени во реката Рајна. Седум домови за стари лица, две болници...

Continue reading

izbori

На изборите во Русија не се очекува изненадување

Post Views: 2 Белата Куќа изрази загриженост поради одлуката на судот во Москва против независната мониторинг Агенцијата Голос финанисрана од Запад која е осудена за кршење на протоколот во брз судски процес.Во Русија имено утре ќе бидат одржани парламентарни избор за долниот дом – Думата. Се очекува победа на владеачката Единствена Русија на Владимир Путин, чија позиција сепак, според анкетите, би требало да ослаби.Изборите ќе ги следат 650 меѓународни посматрачи од кои највеќе се од Заедницата на независни држави и од ОБСЕ.Агенцијата Голос пријави 5 илјади партиски прекршоци во...

Continue reading

cia

ЦИА призна дека шпиунира преку Фејсбук

Post Views: 2 Американската ЦИА ја следи комуникацијата на популарните социјални мрежи како што се Фејсбук и Твитер. За тоа е задолжено одделението Центар за јавни извори (ОСЦ) сместено во анонимниот инудстриски парк во Вирџинија во скромна зграда од цигли. Центарот има за задача да ги надгледува медиумите, весниците, телевизијата, интернет четот, блоговите, вклучувајќи ги и социјалните мрежи, а експертите дневно прегледуваат и по пет милиони твитови и коментари на Фејсбук. Тим од неколку стотици експерти од ОСЦ, чиј точен број не е познат, се насочени кон странство. Нивната главна...

Continue reading

panda

Научниците ќе се откажат од спасување на пандите?

Post Views: 5 Вкупно 600 научници учествуваа во анкетата за тоа што мислат за насочувањето на фокусот на животните кои реално можат да бидат спасени и откажувањето од оние кои не можат.Пандите и тигрите спаѓаат во групата за кои треба да се одвојат најмногу средства и лесно би можеле да се најдат на листата на животни од кои тие ќе се откажат. Еден од експертите, Паул Голдстајн, тврди дека сите животни не можат да бидат спасени. – Доколку пандите можат да се зачуваат само така што ќе бидат одгледани и чувани во зоолошка, а никако во природа, тогаш ќе разберам ако научниците...

Continue reading

drivelesss car

Автомобили без возачи до 2020 година?

Post Views: 9 Потпретседателот на “Џенерал моторс“ за глобални истражувања и развој Алан Тоб изјавил дека возилата кои делумно ќе се движат без помош на возач, ќе бидат во употреба до средината на оваа деценија, и дека системите за управување на автомобили кои сами крстарат, ќе бидат достапни до 2020 година. Тоб за овие автомобили без возачи говорел на Светскиот конгрес на интелигентни и транспортни системи во Орландо овој викенд. Автомобилот кој ќе се движи по патиштата без возач, ќе користи технологии кои се веќе познати, како што се сензори, радари, камери, Џи-Пи-Ес системи и...

Continue reading

insekt

Европејците до 2020 ќе се прехрануваат со инсекти

Post Views: 0 Пржени скакулци, печени мравки или супа од скакулци, во иднина може да бидат дел од редовното мени на Европејците. Според една студија, еден мал скакулец во неговото тело содржи 20 проценти белковини и само шест отсто масти. Колку за споредба говедското месо има 24 проценти протеини, а околу 20 проценти отпаѓаат на мастите. Научниците тврдат дека скакулците се богати со калциум, термитите со железо, а гасениците се добар извор на бакар и рибофлавин. Инсектите произведуваат помалку емисии на стакленички гасови и бараат помалку храна од добитокот. – До 2020 година,...

Continue reading

prostitutki

Проститутките во Германија добија „сексометри“

Post Views: 0 Проститутките во германскиот град Бон во иднина ќе мораат со себе да носат билети купени од машините кои личат на апаратите за паркирање или ќе се соочат со казни на даночните служби. „Продавачките на љубов“ во Германија мораат да плаќаат данок на приход, а сумата варира од покраина до покраина. – Првиот „сексометар“, на кои проститутките можат да купат билети за една ноќ по цена од шест евра, ќе обезбеди правилна примена на даночниот систем, изјави портпарол на градската управа. – Почитувањето на правилата ќе го надгледуваат инспектори, не секоја ноќ, но...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top