Автомобили без возачи до 2020 година?

Потпретседателот на “Џенерал моторс“ за глобални истражувања и развој Алан Тоб изјавил дека возилата кои делумно ќе се движат без помош на возач, ќе бидат во употреба до средината на оваа деценија, и дека системите за управување на автомобили кои сами крстарат, ќе бидат достапни до 2020 година.

 |   | 
drivelesss car
drivelesss

drivelesssПотпретседателот на “Џенерал моторс“ за глобални истражувања и развој Алан Тоб изјавил дека возилата кои делумно ќе се движат без помош на возач, ќе бидат во употреба до средината на оваа деценија, и дека системите за управување на автомобили кои сами крстарат, ќе бидат достапни до 2020 година.

Тоб за овие автомобили без возачи говорел на Светскиот конгрес на интелигентни и транспортни системи во Орландо овој викенд.

Автомобилот кој ќе се движи по патиштата без возач, ќе користи технологии кои се веќе познати, како што се сензори, радари, камери, Џи-Пи-Ес системи и преносливи комуникациони направи. Во комбинација со дигиталните мапи, примената на нова технологија ќе обезбеди автомобилите да можат сами да се движат, а возачите додека патуваат да прават нешто друго, да читаат весници на пример.

“Технологиите кои се развиваат ќе овозможат дополнителна можност на делумно или комплетно преземање на возачките обврски“, изјавил Тоб.

“Главната цел е безбедноста. Идната генерација на безбедносни системи ќе ја елиминира можноста за сообраќајни несреќи во целост, бидејќи ќе реагира пред возачот и пред да настане опасната ситуација“, изјавил Тоб.

drivelesssНевада во САД, со лобирање на американскиот интернет портал “Гугл“, стана првата област во која е дозволено колата без возач да се најде на патиштата. Експериментот е извршен со моделот “приус“ кој минатата есен помина преку 225.000 километри на калифорниските патишта.

Истражувањата во таа област почнаа пред седум години и тоа за воени потреби, кога за потребите на министерството за одбрана на САД е направен тест со 15 возила – но ниту едно не стигнало до посакуваната цел.

Нормално, автомобилите без возачи имаат и многу недостатоци. За време на силни дождови или кога патот е со прашина, автомобилот не може доволно добро да ги препознае објектите бидејќи камерите не праќаат перфектна слика. Во тој случај мора да се потпрат на радарите и сензорите кои секако имаат свои мани.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top