Прескокнете го Египет

Планирате да ги поминете новогодишните празници во Египет? Во тој случај добро информирајте се околу новите закони што се предложуваат и се очекува да бидат донесени.

 |   | 
Egipet
Египет

EgipetПланирате да ги поминете новогодишните празници во Египет? Во тој случај добро информирајте се околу новите закони што се предложуваат и се очекува да бидат донесени.
Со цел да не се нарушат вредностите што ги познава општеството, се бара да се забранат алкохолот и носењето бикини на плажите. Партиите „Ал Нур“ и „Муслиманско братство“ сметаат дека овие построги мерки ќе го спречат продирањето на „искривените“ вредности што доаѓаат од западноевропските земји. Египетската економија главно се базира на туризам и иако се свесни дека бројот на туристи ќе се намали доколку се донесат законите, сепак сметаат дека треба да се прифати тој ризик за доброто на општеството.
Sharl em Sheik
Парламентарните избори во Египет се одржаа минатиот месец, и покрај сите политички турбуленции со кои се справува оваа земја, партиите продолжуваат со нивната заложба да се стави крај на „развратот“ што доаѓа од туристите. Двете партии бараат странците да го почитуваат шеријатското право на земјата и верските прописи. Доколку овие закони се прифатат, партиите ќе бараат и невенчаните двојки при посета на Египет да спијат во одвоени простории и да се служи само муслиманска храна (халал) за сите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top