Ознака: бидат

Обама тргнува во лов на џихадистите

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама рекол дека оваа недела ќе го изнесе својот план за пресметка со милитантите на Исламската држава, која би можела да биде закана и за САД. Тој ќе одржи говор во среда на кој ќе го опише својот план, а ќе се сретне и со челниците на конгресот за да побара поддршка за неговата стратегија. “Следната фаза е да се прејде во напад, бидејќи во иднина тие можат да бидат закана за нас иако тоа сеуште не е”, рекол Обама. “Со оглед дека Исламската држава привлекла странци од Западот во нивните редови, кои несметано можат да допатуваат во САД...

Continue reading

saem

Отворен првиот „Саем на жената“

Post Views: 4 Модни куќи, салони  за убавина, фитнес центри, козметички брендови, здравствени установи, издавачки куќи и се друго што е поврзано со интересот на жената е дел од ова прво издание . Готвење во живо, професионални презентации и предавања, музички настапи, модни ревии, ќе бидат дел од содржините кои ќе бидат презентирани на тридневниот саем.Свет на вкусови, здрав живот, мода, стил, забава, убавина, бизнис и кариера се сегментите кои ќе го одбележат овој настан. „Жената е столб на општеството и затоа заслужува посебно внимание“, рече кореографката Рисима Рисимкин  на отворањето...

Continue reading

plazi

Швеѓани ќе ни ги расчистуваат некомерцијалните плажи

Post Views: 2 Волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст заедно со претставници од ЈП „Билјанини извори“ и Лајонс клубот од Гетеборг-Шведска ќе ги расчистуваат некомерцијалните плажи. Нивната еко-акција ќе се спроведува во текот на утрешниот ден, а ќе опфати повеќе плажи кои немаат концесионери, а ќе се започне со расчистување на пределот на Грашница, како и другите плажи каде што вирее трската. „Ваквата иницијатива или поттикот да го направиме ова е како резултат на непријатната слика и присутниот смет на плажите кој несоодветно и несовесно завршува на истите, односно најчесто...

Continue reading

мтсп

Отпис на долговите за три категории социјалци

Post Views: 10 Владата започна со образложение  за  законското решение за отпис на долговите  на социјалците. Денес министерот за финансии Зоран Ставрески пред собраниска комисија за финансии и буџет образложено решението за  отпис на долговите  на социјалците.  Со еднократен отпис за направените долгови ќе бидат опфатени три најранливи категории граѓани, корисници на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати...

Continue reading

AVRM

Владини субвенции за работодавачите што ќе вработат приматели на социјална помош

Post Views: 3 Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година. „Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот на...

Continue reading

med

Во Прилеп за првпат ќе се одржи фестивал на медот

Post Views: 1 Прилеп конечно ќе го добие својот фестивал на медот, во организација на пчеларското друштво од овој град. Манифестацијата ќе се одржи на 23-ти септември, а ќе трае три дена. Планирано е во центарот на градот да бидат поставени триесетина штандови, на кои свои производи ќе може да изложуваат, не само пчеларите од Прилеп туку и од цела Македонија.„Нашата цел е да го промовираме македонскиот мед и да го иницираме поголемото користење на медот како здрава храна и нашиот проект се вика Медот – инвестиција во вашето здравје“, изјави Сашо Зафировски, координатор на фестивалот. Пчеларите...

Continue reading

parking

На Долни Сарај бесплатен паркинг за мештаните и туристите

Post Views: 1 Дваесетина паркинг места се добиени со проширувањето на  просторот кај Долни Сарај. Со овој зафат се обезбедени дополнителен број на паркинг места.Првичната најава на локланата беше дека ови емет аќе бидат наменeти за варошани кои  нема каде да ги паркираат автомоболите по одлуката МПЦ да го огради дворнот место околу  катедралната црква Св. Софија.  Лошата вест е што нема да се исполни првичното ветување на локалната дека овие паркинг места ќе бидат обележани и жителите ќе добијат  предност за паркирање.   Во меѓувреме  од Локалната самоуправа ретерираа, го промрнија...

Continue reading

logo

Охриѓанецот Филип Филиповиќ со втора награда на „Деновите на македонска фотографија“

Post Views: 1 Деновите на Македонската Фотографија претставуваат пресек на македонското фотографско творештво во изминатата година. Поставката брои стотина фотографии, а ќе бидат доделени и серија награди и дипломи за најуспешните трудови и автори, како и специјалната награда ,,Благој Дрнков”. Овогодинешните добитници на наградите се: Прва награда за фотографија – Трајче Атанасовски од ФК Елема,Скопје, за фотографијата – Hard to explain, втора награда за фотографија – Филип Филиповиќ од ФК Кастрон, Охрид, за фотографијата – Aurora и трета награда за...

Continue reading

sheherezad

Поради турски серии немало кој да преведува учебници

Post Views: 15 Учениците од турската етничка заедница за малку ќе останеле без учебници бидејќи, речиси, сите преведувачи биле ангажирани да преведуваат турски серии. Така, фирмите што биле ангажирани да ги подготват книгите му се пожалиле на министерот за образование Никола Тодоров. Сепак, како што истакна Тодоров на вчерашната прес-конференција, учебниците биле готови на почетокот на училишната година и им се поделени на учениците. Но, според министерот, родителите му забележувале дека преводите се многу лоши поради што децата имаат потешкотии да го разберат материјалот.Што се однесува...

Continue reading

detska gradinka

Детската градинка„ Јасна Ристеска“ ќе го проширува капацитетот

Post Views: 5 Детската градинка „Јасна Ристеска“  ќе го проширува капацитетот со  неколку нови занимални. Се планира отварање на нови групи во  населбата Радојца Новичиќ и во Пештани со прифаќање од 18 до 25 деца од 3 до 6 годишна возраст. Проширувањето на капацитетот на градинката ќе биде во основните училишта Кочо Рацин и Св. Наум Охридски, како и во простории кои досега не биле користени во објектите Развигорче и Лихнида. Интересот на родителите децата да бидат згрижени во градинка  и оваа година е многу голем, информира директорката на градинката Роза Костоска. Додава дека  постојано...

Continue reading

avtobuska postojka

Градски превоз сеуште се чека под ведро небо

Post Views: 2 Охриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени се на дожд, а и на сонце, категорични се граѓаните. Неуредените постојки преставуваат проблем и за автопревозниците. -Не се покриени постојките не се правилно обележани така да може да се случи доколку некој од возачите незнае дека на тоа место има постојка да ја промаши, вели Димитар Василевски-директорот на АД „Галеб“....

Continue reading

sexy police squad

Секси полицајки за успешна туристичка сезона

Post Views: 4 Властите на мексиканската држава Гвереро, позната по популарните летувалишта, ќе вработи атрактивни убавици кои ќе работат за локалната полиција. Убавиците на возраст од 18 до 35 години, во блиска соработка со федералната полиција, воглавно ќе работат во хотелите во Акапулко на безбедноста на странските туристи. “Покрај привлечниот изглед, девојките ќе мораат да имаат минимум средно образование и мора да зборуваат најмалку еден странски јазик”, објасни министерот за јавна безбедност. Тој додава дека за “секси” полицајките ќе бидат изработени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top