Ознака: агенцијата

seminar

Охрид домаќин на семинар за ветеринарни прeпарати

Post Views: 3 Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Попоски, денеска не беше расположен да одговара на новинарски прашања во врска со времената забрана за увоз на пилешко месо од Холандија, Германија и Велика Британија и опасноста од врусот птичји грип. Тој само кратко кажа дека  сите производи на македонскиот пазар се безбедни и оти за нив се добиени ветеринарни сертификати од државите што ги испорачуваат. Попоски во Охрид беше домаќин на Семинарот за ветеринарни препарати. Експерти од 32 земји од Европа разменуваа искуства за заштита на луѓето и животните од болести...

Continue reading

saem

Невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување

Post Views: 2 Голем број невработени охриѓани, студенти и ученици денеска го посетија првиот Саем за вработување кој одржа во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ со надеж дека ќе најдат вработување или ќе остварат контакт со некој потенцијален работодавач. Саемот се одржа  во организација на  Агенцијата за вработување на Република Македонија. Караванот Саеми за вработување има за цел да ги доближи понудата и побарувачката на труд, со што се влијае како на информираноста на граѓаните за можностите за кариера, така и за увидот кој компаниите го прават на пазарот на труд.   Се надеваме...

Continue reading

ipard

Нов повик за ИПАРД средствата

Post Views: 2 Нов повик за користење средства од ИПРД програмата. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави вториот повик за оваа година за користење на средства од ИПАРД програмата. Земјоделците можат да аплицираат за средства по три мерки, набавка на трактори и приклучна механизација, отварање на мини фабрики како и за диверзификација и развој на економските рурални средини, односно развој на селскиот туризам. „Целта на оваа програма е инвестиција и модернизација обновување на земјоделските стопанства се со цел да се зголеми квалитетот и квантитетот...

Continue reading

mraz

Да знаете што има во коцките мраз

Post Views: 6 Најново истражување направено од страна на Агенцијата за заштита на здравјето покажало дека во коцките мраз се наоѓа бактерија која доаѓа заедно со валканите раце, нивното лошо миење по употребата на тоалетот. При тестирањето на мразот, неговата машина и приборот за мраз покажале катастрофални резултати – се појавиле околу 30% лоши хигиенски услови. Со споредувањето на резултатите од 1990 година, околу 50% од луѓето доживеале гадење поради нечист мраз во пијалокот. Од Агенцијата за здравје изјавуваат дека инфекциите се јавуваат бидејќи машините не се чистат, а вработените...

Continue reading

базен

Институциите ги привршуваат подготовките за изградба на затворениот пливачки базен

Post Views: 1 Израдбата на затворениот пливачки базен  на СРЦ Билјани Извори, во Охрид  се најавува за почетокот од идната година. Во моментов во завршна фаза се подготовките на документацијата за неговото градење. Иако градбата беше најавена уште во 2008 година, од Локалната самоуправа тврдат дека постапката за градење не е закочена, туку напротив институциите секоја во својот дел ги привршуваат постапките за  неговата изградба.„ Воопшто не се закочени постапките. Константно се работи на оваа проблематика. При екпропријација прашање е дали ќе се јави еден или повеќе наследници и...

Continue reading

mob.

Македонија доби прв виртуелен мобилен оператор

Post Views: 2 Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор. Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на македонските граѓани. За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички. Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди меѓународни разговори....

Continue reading

barmen

Професионални обуки за баристи и бармени за невработените

Post Views: 2 Младите невработени лица од Охрид имаат можност за професионална обука за баристи и бармени. Туристичкиот кластер ЕДЕН од Охрид објави јавен повик за таа цел, а во насока на подобрување на квалитетот на услугите во угостителството.  Кандидатите, наредната сабота, на 16 Август 2014та година со себе треба да понесат лична карта, картон од Агенцијата за вработување, копија од диплома за завршено образование како и копии за дополнителни курсеви доколку ги имаат и да се појават на јавниот повик, во големата сала на вториот кат од Агенцијата за вработување во Охрид, со почеток...

Continue reading

Овие броеви му донесле 61 милион евра

Post Views: 2 Најголемата главна добивка на лоаријата Eurojackpot, во износ од 61,2 милиони евра, му припадна на среќен добитник од Финска кој ги погодил бројките 2,9,17,25 и 29, а дополнителните броеви биле 3 и 5, објавено е во саботата. Финска очигледно е најсреќната европска земја бидејќи и досега најголемата добивка на Eurojackpot, во износ од 57,3 милиони евра, ја освоиле десетмина среќници од таа земја кои играле заедно, јавила агенцијата dpa. Лотаријата Eurojackpot се игра во 14 европски земји и тоа во Финска, Хрватска, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија, Германија, Естонија,...

Continue reading

listerija

Засилени контроли поради појавата на бактеријата листерија

Post Views: 2 Граѓаните деновиве во паника поради појавата на смртоносната бактерија листерија од која за еден месец се заразија седум, а починаа три лица. Бактеријата може да ја има во месото и млекото, пастеризирано и непастеризирано, млечните и месните производи, морските плодови и рибата, како и во овошјето и зеленчукот. Од Центарот за Јавно здравје од Охрид велат дека од почетокот на годината во лабораторијата исконтролирале 100тина примероци од прехранбени производи од најразлични видови, од готови јадења, до слаткарски производи, сладоледи, меса, млечни производи. 70% од нив...

Continue reading

Visar Morina

Почнува снимањето на „Татко“

Post Views: 8 Во среда, 2‐ри јули 2014, во Охрид ќе почне снимањето на играниот филм „Татко“ ‐ копродукција помеѓу Германија, Косово и Македонија, инаку режисерско деби на Висар Морина, кој е и автор на сценариото. „Татко“, преку уникатниот лик на Нори, десетгодишното момче кое е приморано прерано да созрее, дава еден поинаков приказ на Косово во деведесеттите години на минатиот век. Нори претрпува големи загуби и храбро се соочува со потезите на судбината. Но, по прераната смрт на неговата мајка, тој не може да прифати да биде напуштен и од својот татко Гзим. Нориевата детска истрајност...

Continue reading

параглајдер

НП Галичица ги намали цените за комерцијалните, но не ги укина за спортските параглајдеристи

Post Views: 15 НП Галичица направи измени во новиот ценовник кој ги разбуричка страстите на љубителите на паркот. Посебно револтот јавно го манифестираа спортските  параглајдеристите. За  параглајдеристите цената е спуштена од 1500 на 300 денари  дневен лет. Но, плаќањето не се укина за спортистите рекреативци, кои тоа го бараа од  властите на сите нивоа, вели за ТВМ , Мендо Велјаноски светски првак во параглајдеризам.  Кажува дека раководството на националниот парк за цената се испазарило со 4-5 мина комерцијални пилоти кои заработуваат од параглајдеризмот со тандем летање, а спортистите...

Continue reading

opstina

На Охрид му треба подобро претставување на саемите

Post Views: 6 Како да се продолжи туристичката сезона во градов, да се збогати понудата на содржини за туристите и поуспешно настапување на саемите за туризам, дел од темите на денешната работна средба на градоначалникот Никола Бакреачески со првиот човек на  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Христијан Џамбазоски. Како што кажа Бакрачески на средбата биле изнесени заклучоци за понатамошната соработка на Агенцијата со општина Охрид на полето на работата на Секторот за туризмот, како и низа активности кои во иднина треба да се реализираат како плод на таа соработка. „Ги...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top