Институциите ги привршуваат подготовките за изградба на затворениот пливачки базен

Институциите ги привршуваат  подготовките за изградба  на затворениот пливачки базен во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
базен
базен

Израдбата на затворениот пливачки базен  на СРЦ Билјани Извори, во Охрид  се најавува за почетокот од идната година. Во моментов во завршна фаза се подготовките на документацијата за неговото градење. Иако градбата беше најавена уште во 2008 година, од Локалната самоуправа тврдат дека постапката за градење не е закочена, туку напротив институциите секоја во својот дел ги привршуваат постапките за  неговата изградба.
базен
„ Воопшто не се закочени постапките. Константно се работи на оваа проблематика. При екпропријација прашање е дали ќе се јави еден или повеќе наследници и целата процедура трае, има рокови  и изгледа дека се одолжува процесот, но процесот тече нормално  и сме убедени до крај на оваа година ќе го завршиме својот дел од рабоатата“, кажува Џамтоски.

И од Агенцијата за млади и спорт кој  се носители на изградбата  на затворениот пливачки базен тврдат дека со подготовките се при крај.  Портпаролот на базенАгенцијата, Тане Димоски   за ТВМ изјави дека проектот е завршен  и е даден на дополнителна  ревизија на проектантската  куќа која  го подготвувала. Потоа ќе следува јавен повик за избор на изведувач на проектот, нагалсува Димоски. Но, сето тоа ќе зависи дури по целосното завршување на документацијата за која е надлежен општинскиот сектор за урбанизам и просторно планирање. Од Локалната  самоуправа оптимистички најавуваат дека проктот наскоро ќе стартува.

„ Се надеваме дека докрај на оваа година го завршуваме секој својот  дел од работата. Претпоставуваме дека веднаш на почетокот од идната година агенцијата ќе го распише тендерот за избор на најповолен понудувач и наскоро ќе го имаме долго очекуваниот затворен пливачки базен“, посочува Џамтоски.

 Инаку, затворениот пливачки  базен за кој се највуваше дека ќе биде со атрактивен изглед во вид на школка, ќе се гради  на северната страна од СРЦ Билјани извори , а инвестицијата за базенот ќе чини околу 8 милиони евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top