Ознака: се

“D’Reamers” ја објавија новата песна

Post Views: 7 Синиша Карафилоски и Јордан Џејмс Ивановски во нивниот заеднички проект D’Reamers ексклузивно ја промовираат својата трета песна “Да исчезне се”. Песната доби и видео запис, кој е снимен во GreenRoom Sound Studio, со сите протагонисти кои се јавуваат како изведувачи, продуценти, репрезенти на самата мелодија. Првично, видеото беше изработено пред 2 месеци, но после долги консултации, сфативме да покрај ова официјално видео, самиот аудио запис добива и втор спот, односно една ретроспектива, која и беше како првична идеа за официјалниот спот, но гледаме дека трендовите...

Continue reading

supermarket

Супермаркет во Рига се срушил како кула од карти, билансот 21 жртва

Post Views: 4 Бројот на жртви при колапс на покривот на супермаркетот „Максима ХХ” во предградието на Рига се искачи на 21, а триесетина лица се здобиле со повреди, пренесе Би-Би-Си. Меѓу загинатите се и тројца пожарникари кои работеле на спасување на повредените. Според летонската државна новинаска агенција „ЛЕТА“ спасувачката мисија се’ уште трае, имало повеќемина затрупани под рушевините, бидејќи во моментот на несреќата маркетот бил полн со купувачи. Според нивните проценки околу 70 лица биле заробени под рушевините.Причините за несреќата се’ уште не се познати, но официјални...

Continue reading

guantanamo

Хоророт наречен „Гвантанамо“

Post Views: 6 Озогласениот затвор „Гвантанамо“ е лоциран во заливот Гвантанамо во југоисточна Куба. Местото во 2002 година е прилагодено за задржување на политички притвореници од војната во Авганистан, а подоцна и од војната во Ирак. Првите цврсти простории се изградени во мај 2012 година. Илјада војници ја контролираат земјата од двете страни на јужниот дел на Гвантанамскиот залив и не дозволуваат пристап од морето. Територијата е земена под наем со договор од 23-ти февруари 1903 година за цена од 4.085 долари годишно, и секоја година се исплаќа со чек.Фидел Кастро примил ваков чек...

Continue reading

oil

Иран откри нови шест милијарди барели нафта

Post Views: 4 Иран можеби се соочува со потешкотии околу продажбата на нафта поради се’ построгите санкции на САД и Европската унија, но за залихи не треба воопшто да се грижи. Како што пренесува иранскиот весник “Техеран тајмс“, министерството за енергетика потврдило дека се пронајдени нови големи залихи на нафта во југозападниот дел на земјата. Министерот Ростам Ќасеми наведува дека станува збор за околу шест милијарди барели нафта. Досега се сметало дека Иран има 154,8 милијарди барели резерви, а сега бројката се зголемува на 160 милијарди. Со големите залихи на нафта Иран има...

Continue reading

znaminja

Грција сеуште без влада

Post Views: 1 Последни обиди за формирање влада во Грција, со мали изгледи за успех. Сириза одби да учествува во влада на национален спас, нови избори се’ поизвесни. Рачно изработена бомба експлодираше пред даночна канцеларија во Атина предизвикувајќи штета, но не и повреди. Се смета дека направата била подготвена од плински боци – метод што го користат анархистичките групи. Експлозијата се случи додека во земјата се прават последните обиди за формирање влада. Разговорите за формирање кризна влада ќе продолжат денеска во кабинетот на претседателот Каролос Папуљас, каде ќе учествуваат...

Continue reading

Dedo Mraz

Криза е и за Дедо Мраз

Post Views: 7 Голем број на деца во САД изразиле желба за новогодишните празници да добијат Ајпад или некој друг таблет сметач како подарок, но големи се шансите дека Дедо Мраз од нив ќе бара да бидат поскромни во своите барања, бидејќи кризата “удри“ и по неговиот џеб. Поради економската ситуација, многу специјализирани компании ги советуваат Дедо Мразовците да не ветуваат големи подароци на дечињата за оваа година. И покрај кризата, децата во своите писма упатени до Дедо Мраз бараат се’ поскапи подароци, меѓу кои електронските гаџети го заземаат првото место. Во училиштето за Дедо...

Continue reading

model

Злоупотреба на малолетни манекенки

Post Views: 5 Малолетните манекенки се се’ почеста тема на жестоки расправи. Последен е случајот со 16 – годишната Хејли Клосон, чии родители тужат една компанија поради објавување на провокативни фотографии на нивната малолетна ќерка, на кои девојчето е прикажано на “сексуално сугестивен начин“. Сликите на кои Хејли седи на мотор во кратки панталони, со раширени нозе и маица без градник се појавија на маичките на компанијата “Урбан Аутфитерс’, а снимени се минатата година кога таа имала 15 години. Она што е загрижувачко е дека во светот на модата се појавуваат се помлади девојчиња,...

Continue reading

Заев: “Се враќаме во парламент само кога Груевски ќе си поднесе оставка”

Post Views: 3 На прес конференцијата на која беше објавена 31 таканаречена бомба, меѓудругото лидерот на опозицијата, Зоран Заев одговараше на прашања. „После сѐ што објавивме, треба ли да се вратиме во Парламентот?“, реторички одговори претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на новинарско прашање дали опозицијата ќе ги послуша амбасадорите кои побараа нејзино враќање во Собранието за да помогне во надминувањето на политичкиот ќорсокак. „Ќе се вратиме по оставката на Никола Груевски за да ги дефинираме чекорите што ќе водат до преодна влада“, рече Заев. Опозицискиот лидер откри и дека пропаднале...

Continue reading

Nikola Karabatic

Карабатиќ повторно пред суд

Post Views: 5 Францускиот ракометар Никола Карабатиќ сослушан е вчера пред судот околу случајот со обложувањето на натпревар на својот Монпеље на крајот од минатата сезона. Еден од најдобрите светски ракометари го повтори сведочењето од претходно повторно отфрлајќи ги наводите дека се обложувал, и покрај тоа што француските медиуми изминативе недели презентираа наводни докази кои го демантираат тоа.Карабатиќ пред судот се појави заедно со својот адвокат и искажа разочарување што поедини тајни детали од истрагата се појавиле во јавноста. „Се мина во најдобар ред. Ниту еден момент не...

Continue reading

Ivanov

Општина Охрид дел од проектот „Спортски бон-тон“

Post Views: 2 Охрид е една од шесте општини која се вклучи во проектот „Спортски бон тон“ чиј покровител е претседателот на Собранието на Република Македонија Ѓорге Иванов. Целта на овој традиционален спортски настан е  да се стави акцент на спортот кај младите, кој заедно со семејството и училиштето е третиот столб  на образованието на децата. Преку низа активности ќе се промовира спортот како општествена активност преку која со игра, забава и дружење на децата и младите од различна етничка припадност се  надминуваат  стереотипите и се  зацврстуваат   меѓуетничките односи во Република...

Continue reading

dvojka

Сексот не може да се сокрие

Post Views: 4 Жените кои често доживуваат вагинален оргазам при одот ги нишаат колковите, повеќе “се фрцкаат” и нивниот чекор е полесен, тврдат истражувачите. Иво Андриќ напишал дека три работи не можат да се сокријат: сиромаштијата, кашлањето и љубовта. Меѓутоа, научниците велат дека тоа не е се’. Постојат знаци кои кажуваат дека неодамна сме доживеале оргазам. Сексот го забрзува крвотокот и поради тоа после водењето на љубов сме црвени во лицето. Некои повеќе, некои помалку, но сите имаме таканаречен „блескав изглед“. Чувството на задоволство и некакво чудно заразно расположение...

Continue reading

Конкуренција на најмоќните телефони

Post Views: 0 Откако минатиот месец HTC и Samsung ги претставија новите модели на своите најпопуларни серии (One и GalaxyS), дојде ред на Sony кој денес во Јапонија го најави наследникот на популарниот Xperia Z3. Новиот модел не носи некои револуционерни новитети, но затоа е потенок и полесен а доаѓа со посилен хардвер кој би требало да ги задоволи сите љубители на оваа компанија. Дијагоналата на екранот на Xperia Z4 изнесува 5,2 инчи, со Full HD резолуција (1920х1080 пиксели), а хардверот  е составен од 64-битен Snapdragon 810 процесор и има 3 GB RAM. Меморијата изнесува 32 GB, а...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top