Криза е и за Дедо Мраз

Голем број на деца во САД изразиле желба за новогодишните празници да добијат Ајпад или некој друг таблет сметач како подарок, но големи се шансите дека Дедо Мраз од нив ќе бара да бидат поскромни во своите барања, бидејќи кризата “удри“ и по неговиот џеб.

 |   | 
Dedo Mraz

Поради економската ситуација, многу специјализирани компании ги советуваат Дедо Мразовците да не ветуваат големи подароци на дечињата за оваа година.

И покрај кризата, децата во своите писма упатени до Дедо Мраз бараат се’ поскапи подароци, меѓу кои електронските гаџети го заземаат првото место.

Во училиштето за Дедо Мразовци во Мичиген, “учениците“ се учат како да се прилагодат на економската ситуација и да им објаснат на децата дека неможат да добијат се’ што ќе посакаат.
uciliste za dedo mrazovci Micigen
Дури и децата кои не се материјалистички настроени, умеат да изнесат невозможни барања, како на пример, татко ми да најде работа.

“Се обидувам децата да ги насочам кон тоа да имаат реални барања, говорејќи им дека Дедо Мраз поради кризата е принуден да штеди“, објаснил еден од овогодинешните Дедо Мразовци, додавајќи дека родителите му се благодарни за овие зборови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top