Иран откри нови шест милијарди барели нафта

Иран можеби се соочува со потешкотии околу продажбата на нафта поради се’ построгите санкции на САД и Европската унија, но за залихи не треба воопшто да се грижи.

 |   | 
oil
oil

Иран можеби се соочува со потешкотии околу продажбата на нафта поради се’ построгите санкции на САД и Европската унија, но за залихи не треба воопшто да се грижи. Како што пренесува иранскиот весник “Техеран тајмс“, министерството за енергетика потврдило дека се пронајдени нови големи залихи на нафта во југозападниот дел на земјата.

Министерот Ростам Ќасеми наведува дека станува збор за околу шест милијарди барели нафта.

Досега се сметало дека Иран има 154,8 милијарди барели резерви, а сега бројката се зголемува на 160 милијарди. Со големите залихи на нафта Иран има и значителни залихи на природен гас, околу 33,1 билиони кубни метри.

Доколку актуелното производство и извоз се одржат, Иран има залихи на нафта за 80 години и природен гас за 150 години.

Министерот за енергетика, Ќасеми, истакнал дека од нафтеното поле Јадаваран, каде се најдени нови залихи, во моментот се црпат околу 20.000 барели дневно. Планирано е во иднина производството да се зголеми за десет пати, на 200.000 барели дневно.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top