Ное 27, 2015

Гвардиола го напушта Баерн Минхен

Пеп Гвардиола го напушта Баерн Минхен на крајот од сезоната и ќе го превземе Манчестер Сити, е ексклузивната информација која ја донесува каталонскиот El Mundo Deportivo во денешното издание. Спрема информациите на овој дневник, Гвардиола веќе потпишал договор со Манчестер Сити овој четврток. Сеуште не се познати деталите на договорот, но Гвардиола спрема наводите на каталонскиот дневник би требало да остане во Минхен до крајот на сезоната. Целата операција ја одработиле Чики Бегиристајн и Феран Сориано, поранешни блиски соработници и пријатели на Гвардиола во времето додека ја водеше Бар…

Ное 25, 2015

Поради страв од тероризам натпревар од Лига Европа без гледачи

Овој четврток натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Бриж и Наполи ќе се игра без присуство на гледачи. Одлуката ја донел градоначалникот на Бриж, Renaat Landuyt, а Клуб Бриж на својата официјална страница објави дека не може да гарантира безбедност на овој натпревар со оглед на тоа дека локалната полиција е преоптеретена, а сојузната полиција е распоредена во Брисел поради безбедносните мерки во земјата. Белгија моментално е во центарот на истрагата за терористичките напади изведени во Париз, бидејќи најмалку двајца од бомбашите живееле во таа земја. Брисел е под максимални безбедносни …

Ное 21, 2015

Ел класико ја одредува судбината на Роналдо и Бенитез?

Рафаел Бенитез одлучно ги демантираше шпекулациите на шпанските медиуми дека главните играчи на Реал побарале состанок пред Ел класико и побарале промена на тактиката и стилот на игра, за кои се мисли дека е премногу одбрамбен. “Тоа е лага. Дваесет години ги тренирам екипите на ист начин и не планирам тоа да го менувам”, порачал Бенитез на кого опасно му се тресе клупата. Во шпанските медиуми наголемо се шпекулира дека ќе добие отказ ако го загуби најважниот натпревар во првиот дел од сезоната. “Сакам како и сите во клубот да ја победиме Барселона и да останеме во трката за титулата”, вел…

Ное 20, 2015

Охридските гладијатори одат на нова победа на утрешниот дерби дуел со РК Работнички

Срцата на нашите ракометни гладијатори чукаат со забрзано темпо пред утрешниот дерби натпревар со ракометната екипа на “Работнички” со која охриѓани во моментот го делат второто место на суперлигашката табела. Тренерот на РК Охрид 2013, Горан Андоноски вели дека играчите, како и на секој претходен натпревар, така и на овој, ќе гинат за секоја топка и ќе бидат максимално мотивирани за нов триумф. “Ние сме пресреќни што во моментов имаме седум победи од девет натпревари и што котираме на второто место на табелата на Супер лигата. Утре не очекува еден исклучително тежок натпревар против екипа…

Ное 16, 2015

Нови потреси во Реал Мадрид

Потполно се разгоре пожарот кој го зафати односот помеѓу играчите и Рафаел Бенитез. El Confidencial пишува дека пред поразот во Севиљa, Кристиано Роналдо барал состанок со претседателот на клубот Флорентино Перез и притоа наводно му рекол дека Реал со овој тренер нема да освои ништо. Шпанските медиуми го пренесоа пишувањето на El Confidencial кој исто така тврди дека односот помеѓу Роналдо и Перез по состанокот е значително нарушен. Се сеќаваме на реакцијата на Роналдо на прозивките на Перез околу наводните желби за заминување од Реал, а кај сопственикот на клубот имало и зголемена нервоза…

Ное 15, 2015

Франција ќе го игра најемотивниот натпревар во историјата

“Поразот дефинитивно не е опција бидејќи поразот би значел дека победило безумието”. Ова е пораката на францускиот фудбалски сојуз кој утрово објави дека во вторник ќе го одигра пријателскиот натпревар против Англија на Вембли. Многу француски медиуми по трагедијата во Париз напишаа дека пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Франција ќе биде одложен, но галските петли “закукурикаа” посилно отколку досега и за инает на терористите отпатуваа на најтешкиот меч во својата историја, бидејќи емоциите го достигнале врвот. “Франција никој не може да ја сруши! Франција е на нозе. Одиме на Вембл…

Ное 12, 2015

ФИФА ќе го менува форматот на Светските првенства ?

Генералниот секретар на УЕФА, Gianni Infantino, човекот кој таа организација го номинира за претседател на ФИФА предлага, доколку биде избран, зголемување на бројот на репрезентации учеснички на Светските првенства. “Ќе го зголемам бројот на учеснички од 32 на 40. Верувам во ширењето на Светското првенство врз основа на искуствата кои ги имавме со ЕУРО. Тоа, помеѓу другото, треба да донесе и нова динамика во квалификациите и создавање на нов ентузијазам. Фудбалот мора да вклучи повеќе дружење во најважното фудбалско дружење на светот”, изјавил Infantino. Неговите ставови ги дели и Michel …

Ное 5, 2015

Ѕвездата на Реал призна вмешаност во аферата со уценување

Карим Бензема преноќи во истражниот затвор во Yvelines крај Париз и е сослушан од страна на судот. Француските медиуми јавуваат дека 27 годишната ѕвезда на Реал Мадрид признала вмешаност во уцената над соиграчот од репрезентацијата Метју Валбуена. Канцеларијата на обвинителот порачала дека наскоро ќе биде одлучено што ќе се случува понатаму со Бензема на кој му се заканува понатамошно задржување во судскиот притвор, а BFM TV донесува информација дека и од Реал Мадрид потврдиле вмешаност на својот играч во овој случај. Le Parisien дознава детали од сослушувањето на Бензема пред судот. Тој …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top