Ѕвездата на Реал призна вмешаност во аферата со уценување

Доколку истрагата покаже дека е виновен тогаш следува крај на кариерата и затвор

 |  инфодеск  | 

Карим Бензема преноќи во истражниот затвор во Yvelines крај Париз и е сослушан од страна на судот. Француските медиуми јавуваат дека 27 годишната ѕвезда на Реал Мадрид признала вмешаност во уцената над соиграчот од репрезентацијата Метју Валбуена.

Канцеларијата на обвинителот порачала дека наскоро ќе биде одлучено што ќе се случува понатаму со Бензема на кој му се заканува понатамошно задржување во судскиот притвор, а BFM TV донесува информација дека и од Реал Мадрид потврдиле вмешаност на својот играч во овој случај.

Le Parisien дознава детали од сослушувањето на Бензема пред судот. Тој признал дека му помогнал на својот пријател од детството преку кој тројца уценувачи се обидувале да стапат во контакт со Валбуена и токму по пат на Бензема. Напаѓачот на Реал им признал на истражителите дека помогнал Валбуена да се сретне исклучително само со негов пријател и дека не размилувал за последиците за Валбуена.

Да потсетиме дека Валбуена беше уценуван поради секс снимки кои биле на неговиот стар телефон. Тројката која дошла до телефонот барала од фудбалерот на Лион поголема сума на пари, а Бензема учествувал во целата приказна со тоа што го запознал соиграчот од репрезентацијата со целиот случај.

Доколку истрагата се покаже дека Бензема го наговарал Валбуена да им плати на уценувачите, а не само дека го известил за постоењето на снимките и уцената, ќе биде обвинет за обид за изнуда што може да доведе до крај на неговата кариера, односно одење во затвор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top