Јан 1, 2010

Лука Тони во Рома

Баварскиот клуб во четврток на својот официјален сајт потврди дека Лука Тони, официјално е новиот играч на Рома.Баерн Минхен се согласил Тони да премине во римскиот клуб до крајот на сезоната како позајмен играч, а одлуката ќе стапи на сила од 1 јануари кога и ќе се отвори јануарскиот трансфер маркет.Баерн Минхен го даде својот играч Лука Тони на позајмица во Рома до 30.6.2010 година. Трансферот на Тони, во Рома ќе биде враќање за фудбалерот во серија А од 2007 година, откако тој си замина од Фиорентина за да премине во редовите на Баерн.  Лука Тони во дресот на Баерн постигна 38 гола на 60…

Дек 31, 2009

Челзи полека излегува од кризата

На интернет страницата на клубот се вели дека Челзи во 2009 година ги има исплатено сите долгови, и дека  загубите се намалени за 21 милион фунти. Преостанатиот долг e претворен во хартии од вредност. Ревизијата на клубот покажала дека капиталот предвиден за трошење од 107 милиони фунти бил намален на само 16 милиони за 2009 година. „Долгот на клубот е намален на нула, со цел да се обезбеди долгорочна стабилност на Челзи“, изјави извршниот директор на лондонскиот клуб, Брус Бак.Челзи во 2003 година беше купен од рускиот милионер Роман Абрамович за 140 милиони фунти, при што за нови фудбалер…

Дек 31, 2009

Скромниот Гасол

Пау Гасол неодамна го продолжи договорот со Лејкерси со кој му останува верен на клубот до 2014 година. Тригодишната верност кон клубот ја наплати 45 милиони долари.   „Премногу сум среќен и задоволен а воедно и благодарен на клубот за докажаната доверба и што ми беше понудено да останам во екипата“, изјави Гасол во интервју за весникот „Марка“.Повеќето од новинарските прашања беа за финансикиот дел од договорот и дали играчот успеал да добие максимум на финансиски план.„Не, Лејкерси можеа да чекаат да ми истече договорот и да ми понудат нов за помалку пари. Од друга страна како слободен иг…

Дек 30, 2009

Торес му донесе победа на Ливерпул

Со голот на Фернандо Торес во судиското надополнување Ливерпул забележа победа на гостувањето кај Астон Вила во дербито од 20. коло од Премиер лигата. Со оваа победа и трите освоени бода „црвените“ од „Енфилд“ ги задржаа шансите за четвртата позиција на табелата која носи место во Лигата на шампионите. Во вториот натпревар одигран синоќа Болтон и Хал одиграа нерешено 2:2, откако домашните испуштија водство од 2:0. Колото ќе биде комплетирано со вечерашните дуели Портсмут – Арсенал и Манчестер Јунајтед – Виган. Во натпреварите одиграни во понеделникот резултатите беа: Тотенхем – Вест Хем 2:0…

Дек 30, 2009

Гус Хидинг на кормилото на Јуве на 2 јануари

„Кориере дела спорт“ додава дека Бетега и Хидинк веќе се договориле за условите и дека Хидинк официјално ќе се приклучи кон клубот на 2 јануари кога и ќе започне јануарскиот трансфер маркет. Ако тоа се случи, првиот натпревар на Хидинк како тренер на Јувентус ќе биде против Парма на 6 јануари а на 10 јануари го очекува големото дерби против Милан, на стадионот Олимпико во Торино.И покрај пишувањата на италијанските медиуми, клубот тврдеше дека нема да го замени сегашниот тренер на Јувентус, Чиро Ферара, и покрај слабите резултати во Серија А и Лигата на шампионите. Неколку тренери покрај Хи…

Дек 29, 2009

Бекам се врати во Милан

Бекам ќе игра за клубот од Милано, до јуни  2010 година а ова е вториот трансфер како позајмица од Лос Анџелес Галакси во Милан. Фудбалерот уште пред да го прифати привремениот трансфер во Милан, изјави дека единствената причина поради која се согласил да дојде во Милан, е за да биде во добра форма пред стартот на Светското првенство кое ќе се одржи во Јужна Африка 2010 година.„Морам да си ја дадам најдобрата шанса за да бидам дел од англиската репрезентација, а позајмицата во Милан ќе го направи токму тоа, “ изјави Бекам. Во февруари 2010 година Бекам ќе има можност да игра против поранешн…

Мај 13, 2021

Апсолутна доминација на охридските стрелци на меѓународниот Тунир во Сандански

Изминатиов викенд, стрелците од охридските клубови Јована Милевска, Бојан Спасеновски и Даниел Стојаноски зедоа учество на осмиот по ред меѓународен Турнир во Сандански, Р. Бугарија. Тројца охридски стрелци на овај Турнир настапуваа за СК ,,Охрид“ и за првпат ги освоија сите три први места во поединечен пласман, но и прво место во екипен пласман. Во категорија јуниорки, Јована Милевска се закити со златен медал и на пиедселот се искачи со резултат од 606,3круга. Овај резултат е далеку под нејзините можности, но со оглед на тоа дека тренизизите и беа редуцирани, овај резултат е очекуван. Б…

Дек 29, 2009

Жобсон поради кокаинот ќе се збогува со фудбалот

Бразилскиот фудбалер може да добие казна до крајот на животот да не заигра професионално, бидејќи веќе двапати во еден месец бил позитивен на кокаин на допинг контролите.Еден од најталентираните бразилски фудбалери во моментов, 21-годишниот играч на Ботафого првпат бил позитивен на кокаин на 8-ми ноември, а потоа и на друга контрола од 6-ти декември. Жобсон Леандро Переира де Оливеира се правдал дека кокаинот го конзумирал на забави.Тој ја признал грешката и смета дека треба да биде казнет, но исто така изјавил дека не заслужил да биде доживотно суспендиран од футбалот.{loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top