Гус Хидинг на кормилото на Јуве на 2 јануари

„Кориере дела спорт“ додава дека Бетега и Хидинк веќе се договориле за условите и дека Хидинк официјално ќе се приклучи кон клубот на 2 јануари кога и ќе започне јануарскиот трансфер маркет.

 |  Голабовски Крсте  | 
Gus Hidink
Гус Хидинк

„Кориере дела спорт“ додава дека Бетега и Хидинк веќе се договориле за условите и дека Хидинк официјално ќе се приклучи кон клубот на 2 јануари кога и ќе започне јануарскиот трансфер маркет.

Gus HidinkАко тоа се случи, првиот натпревар на Хидинк како тренер на Јувентус ќе биде против Парма на 6 јануари а на 10 јануари го очекува големото дерби против Милан, на стадионот Олимпико во Торино.

И покрај пишувањата на италијанските медиуми, клубот тврдеше дека нема да го замени сегашниот тренер на Јувентус, Чиро Ферара, и покрај слабите резултати во Серија А и Лигата на шампионите.

Неколку тренери покрај Хидинк се споменуваа како можна замена за Ферара: Марчело Липи, Роберто Манчини и Лучијано Спалети.

Гус Хидинг во својата тренерска кариера ги има водено екипите на Реал Мадрид, Челзи, Валенсија и ПСВ Ајндховен како и репрезентациите на Јужна Кореја, Холандија, Австралија и  Русија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top