Скромниот Гасол

Пау Гасол неодамна го продолжи договорот со Лејкерси со кој му останува верен на клубот до 2014 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
Pau Gasol
Пау Гасол

Пау Гасол неодамна го продолжи договорот со Лејкерси со кој му останува верен на клубот до 2014 година.

Тригодишната верност кон клубот ја наплати 45 милиони долари.   „Премногу сум среќен и задоволен а воедно и благодарен на клубот за докажаната доверба и што ми беше понудено да останам во екипата“, изјави Гасол во интервју за весникот „Марка“.

Pau GasolПовеќето од новинарските прашања беа за финансикиот дел од договорот и дали играчот успеал да добие максимум на финансиски план.
„Не, Лејкерси можеа да чекаат да ми истече договорот и да ми понудат нов за помалку пари. Од друга страна како слободен играч можеби ќе заработев и повеќе но во тој случај најверојатно не би бил во шампионската екипа во која сум во моментов. Како и да е на овој начин профитиравме и јас и клубот кој сега ќе може да си дозволи купување на некој добар НБА играч. Впрочем не е се во парите“.

Тоа обично го кажуваат оние кои располагаат со астрономски своти на на банковната сметка.
„Бројките се високи и за тоа сум му благодарен на клубот. Тешко е да се замисли таква сума и многу е повеќе отколку што очекував“.

Како планирате да го прославите продолжувањето на договорот?
„Со убава вечера и добро вино заедно со фамилијата. Со нив сакам да ги споделам овие убави моменти“.

Колку планирате да потрошите за шишето вино?
„Не е важно дали ќе потрошам многу или малку, битен е моментот а на него не можете да му ставите цена. Сепак нема да го платам виното 1000 долари, тоа би било глупаво.“

Дали ќе купите нов автомобил?
„Искрено – не. И сегашниов што го возам е сосема во ред и не гледам зашто би купувал нов.“

Ги заслужуваат ли играчите парите за кои се платени?
„Тоа е релативно. Не очекувајте да ви кажам дека вредам 15 или 20 милиони годишно. Не можам тоа да го кажам, не би се чувствувал пријатно. Сепак јас не сум тој што го раководи пазарот и можам единствено да им се заблагодарам на оние кои ми укажаа доверба“, изјави шпанскиот центар присетувајќи се и на почетоците со екипата на Мемфис.
„Да не беше тоа немаше да се случи ни овој договор“, тврди Гасол кој сеуште има дилеми дали да настапи на Светското првенство следната година во Турција.

„Мојот настап зависи од повеќе фактори. Во овој момент телото ми кажува да забавам. Како и да е, со мене или без мене Шпанија има силна репрезентрација“, заврши тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top