Торес му донесе победа на Ливерпул

Со голот на Фернандо Торес во судиското надополнување Ливерпул забележа победа на гостувањето кај Астон Вила во дербито од 20. коло од Премиер лигата.

 |  Голабовски Крсте  | 
Fernando Tores
Фернандо Торес

Со голот на Фернандо Торес во судиското надополнување Ливерпул забележа победа на гостувањето кај Астон Вила во дербито од 20. коло од Премиер лигата.

Fernando ToresСо оваа победа и трите освоени бода „црвените“ од „Енфилд“ ги задржаа шансите за четвртата позиција на табелата која носи место во Лигата на шампионите.

Во вториот натпревар одигран синоќа Болтон и Хал одиграа нерешено 2:2, откако домашните испуштија водство од 2:0.
Колото ќе биде комплетирано со вечерашните дуели Портсмут – Арсенал и Манчестер Јунајтед – Виган.

Во натпреварите одиграни во понеделникот резултатите беа: Тотенхем – Вест Хем 2:0, Блекбурн – Сандерленд 2:2, Челзи – Фулам 2:1, Евертон – Барнли 2:0, Стоук – Бирмингем 0:1, Вулверхемптон – Манчестер Сити 0:3.
Табела: Челзи 45 бодови, Манчестер Јунајтед 40 (натпревар помалку), Арсенал 38 (два натпревара помалку), Тотенхем 37, Астон Вила 35, Манчестер Сити 35 (натпревар помалку), Ливерпул 33, Бирмингем 32.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top