Мај 18, 2021

Ракометарите на Охрид утре на домашен терен го пречекуваат ракометниот клуб Пролет

Охридските ракометари се наоѓаат пред нов мини маратон во ракометната суперлига. Tреба да одиграат 5 натпревари вo 15 дена при што неопходни им се минимум 4 победи за да се оствари пласман помеѓу 4тите најдобри екипи. Темпото ќе биде напорно, а поволна вест е што 3 натпревари ќе играат на домашен терен.За најдобриот стрелец на охриѓани Денис Тот ваквиот распоред не е преголем проблем. „Мислам дека нема да е проблем. Ротираме колку можеме, ротираме колку што е потребно. со самото тоа што се останатите уште 5 кола ќе издржиме. сите имаме мали повреди, малку сме уморни но ќе дадеме се од себе…

Јан 24, 2012

Лазаров: Мечот со Србија ќе биде спектакуларен

Со 10.000 Македонци од една и 10.000 Срби од другата страна натпреварот меѓу ракометните репрезентации на овие две земји во рамките на Европското првенство во Белград ќе биде спектакуларен, вели најдобриот македонски репрезентативец на ден пред натпреварот.“Очекува сјајна атмосфера против Србија. Ќе има 10.000 наши против 10.000 српски навивачи, па на светот да му покажеме како се игра ракомет во поранешна Југославија, како се навива за тим и како се сака државата“, вели Лазаров.Македонските ракометари досега на првенството не беа надиграни од ниту еден тим, иако играа со ракометни велесили…

Јан 17, 2012

Грчката телевизија нема да го пренесува ватерполо дуелот Македонија-Грција

Натпреварот помеѓу Македонија и Грција кој треба да се одигра денеска во рамки на Европското првенство во Холандија (почеток во 13 часот) е многу значаен и за двете репрезентации кои се во борба за третото место во групата. А третото место обезбедува место во предквалификацискиот турнир за олимпијадата во Лондон.Токму затоа нејасна останува причината зошто грчката национална телевизија ЕРТ воопшто не ни побарала директен пренос од овој натпревар. Можеби Грците се уплашија од вчерашната одлична игра на македонските ватерполисти кои ја потопија Турција со 16- 4.Како и да е, наместо пресметкат…

Јан 16, 2012

Со Шведска можеше подобро, но можеше и полошо

Ветеранот во редовите на македонската ракометна репрезентација, 39-годишниот Стевче Алушовски, кој синоќа заедно со капитенот Кире Лазаров беше најдобар стрелец во редовите на „црвено-жолтоте“ со 7 постигнати голови, изрази задоволство по ремито со Шведска (26-26) и покрај пропуштените шанси за победа.- Да се одигра нерешено со четвртопласираната репрезентација од последното Светско првенство за нас е голем успех. Одигравме добар натпревар, но направивме многу грешки со играч повеќе во нападот. Шведска е репрезентација која ја казнува и најмала грешка, па затоа од четири гола за нас, тие по…

Јан 13, 2012

Според „Handball-Planet“ Македонија ќе биде 12-та

Најпрестижниотсветски ракометен интернет портал „Handball-Planet“ изработи завршна анализа пред стартот на престојното Европско првенство 2012 во Србија.Според нивните прогнози и анализи репрезентацијата на Македонија ќе ја мине првата фаза од натпреварите на шампионатот но на крајот ќе заврши на 12-то место меѓу најдобрите селекции на Стариот континент.„Македонската инвазија на Ниш е подготвена. Веќе се подготвува армија од 3000 навивачи. Како и во Хрватска пред три години Македонците ќе бидат на крилјата на своите навивачи што ќе биде доволно да се победи Чешка за пласман понатаму. Во сек…

Јан 9, 2012

Иднината на Пандев е незивесна

Нашиот репрезентативец Горан Пандев полека влегува во својата препознатлива форма, и после лошата сезона во Интер, конечно почна да ги тресе мрежите во дресот на Наполи.Меѓутоа Пандев е со нерешен статус бидејќи во Наполи настапува како позајмен играч, а дека неговата иднина е неизвесна потврди и неговиот агент, Палавичино.„Наполи направи силен потег со доведувањето на Варгас, па сега иднината на Пандев зависи од многу работи, но јас ќе бидам среќен доколку тој остане во Неапол“, вели Палавичино за италијанските медиуми.„Пандев е момче на кого многу поважни му се човечките аспекти од колку …

Дек 23, 2011

Перо Антиќ спортист на годината за 2011-та

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ е прогласен за најдобар спортист за 2011 година.Антиќ беше лидер на репрезентацијата на Европското првенство во Литванија, каде Македонија го освои четвртото место.Во женска конкуренција по трет пат Спортскиот оскар го доби каратистката Наташа Илиевска.Во изборот на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови, очекувано за најпопуларен спортист беше прогласен Лестер Бо Мекејлеб, најуспешен македонски спортист во странство Кире Лазаров, а најуспешна спортска федерација е кошаркарската.Најдобар селектор секако е Марин Докуз…

Дек 13, 2011

Македонија избира спортист на годината за 2011

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Лазар Поповски на денешната прес конференција информира дека македонските граѓани можат да гласаат за најдобри спортисти за годинава, а го најави  и одржувањето на манифестацијата за изборот на најдобрите.- Со поддршка на Владата и со инвестициите во спортот сакаме во годините што следуваат Македонија да го носи епитетот „спортска земја“. Оваа година АМС прави силни напори церемонијата на прогласувањето да биде на највисоко можно ниво. Гласот за најдобрите македонски спортисти кои со своите резултати ја одбележаа 2011 година ќе може да го дад…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top