Македонија избира спортист на годината за 2011

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Лазар Поповски на денешната прес конференција информира дека македонските граѓани можат да гласаат за најдобри спортисти за годинава, а го најави  и одржувањето на манифестацијата за изборот на најдобрите.

 |   | 
sportist na godinata
sportist na godinata

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Лазар Поповски на денешната прес конференција информира дека македонските граѓани можат да гласаат за најдобри спортисти за годинава, а го најави  и одржувањето на манифестацијата за изборот на најдобрите.
sportist na godinata
– Со поддршка на Владата и со инвестициите во спортот сакаме во годините што следуваат Македонија да го носи епитетот „спортска земја“. Оваа година АМС прави силни напори церемонијата на прогласувањето да биде на највисоко можно ниво. Гласот за најдобрите македонски спортисти кои со своите резултати ја одбележаа 2011 година ќе може да го дадат спортските федераци, спортските новинари, стручната комисија при АМС, како и сите останати граѓани на Македонија преку интернет на веб страната www.sportistinagodinata.mk , истакна Поповски.

Тој на средбата со новинарите го најави и проектот кој се однесува на посета од страна на категоризираните спортисти на неколку градинки и училиштата низ државата со цел директна комуникација на децата со врвните спортисти.

Македонија најдоби спортисти за 2011 година ќе избира во следниве категории: спортист, спортистка, млад спортист, млада спортистка, најуспешен македонски спортист во странство, најуспешна машка репрезентација, најуспешна женска репрезентација, најуспешен спортист со инвалидитет, најуспешен тренер-селектор, најуспешна спортска федерација.

Освен прогласувањето на најуспешните во 10-те категории на манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ ќе бидат доделени и две посебни награди. Тоа е наградата за „Животно дело“ како и наградата „Спортски оскар“ наменета за најпопуларниот спортист во Македонија.

Манифестацијата „Спортисти на годината 2011“ ќе се одржи во „Универзалната Сала“ во Скопје на 22 декември со почеток во 20 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top