Лазаров: Мечот со Србија ќе биде спектакуларен

Со 10.000 Македонци од една и 10.000 Срби од другата страна натпреварот меѓу ракометните репрезентации на овие две земји во рамките на Европското првенство во Белград ќе биде спектакуларен, вели најдобриот македонски репрезентативец на ден пред натпреварот.

 |   | 
Kire Lazarov
Кирил Лазаров

Со 10.000 Македонци од една и 10.000 Срби од другата страна натпреварот меѓу ракометните репрезентации на овие две земји во рамките на Европското првенство во Белград ќе биде спектакуларен, вели најдобриот македонски репрезентативец на ден пред натпреварот.
Kire Lazarov
“Очекува сјајна атмосфера против Србија. Ќе има 10.000 наши против 10.000 српски навивачи, па на светот да му покажеме како се игра ракомет во поранешна Југославија, како се навива за тим и како се сака државата“, вели Лазаров.
Македонските ракометари досега на првенството не беа надиграни од ниту еден тим, иако играа со ракометни велесили како Данска, Германија и Шведска.

“Немаме доволен фонд на квалитетни играчи и се случува да паднеме во продолжението. Играме феноменално 35-40 минути, на полувреме водиме и тоа се некои нови моменти за нас. Сето ова што нам ни се случува е неверојатно, но уверен сум дека можеме да продолжиме да пружаме игра на високо ниво“, додава Лазаров.

Со 43 постигнати голови тој е најефикасниот играч на Европското првенство со просек од 8,6 погодоци по натпревар.

navivac

“Играме за Македонија, за навивачите и тоа не може да се спореди со настапите за клуб кој те плаќа. Како пример ќе го наведам мојот сегашен клуб Атлетико од Мадрид, клуб со богат газда, што ги освојува сите трофеи, но тоа не може да се мери со ова што ние го правиме на ЕП во Србија. На секој меч даваме максимум и тоа нам ни дава сила рамноправно да се носиме со ракометните сили“, вели македонскиот репрезентативец.

Засега Македонија има само теоретски шанси за пласман во полуфиналето. Потребно е победа против Србија, но и Полска да биде подобра од Германија, а Шведска од Данска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top