Фев 13, 2013

Ќе остане ли борењето олимписки спорт?

Извршната комисија на Интернационалниот олимписки комитет предложи исклучување на борењето од спортовите што ќе бидат присутни на Летните олимписки игри 2020 година.Борењето ќе биде исклучено ако Собранието на ИОK во септември го прифати предлогот на Извршната комисија. Борењето теориски може пак да аплицира да биде примено во олимписката фамилија, но тоа тешко ќе се оствари. Присутно во олимписката фамилија од почетокот на модерните ЛОИ 1896 (иако не се појави на ЛОИ 1900), борењето ќе ја напушти олимписката сцена по појавувањето на ЛОИ 2016 година во Рио де Жанеиро. Овој спорт, за кој се …

Мај 31, 2021

Се чека одлуката на УЕФА за дресовите на фудбалската репрезентација

УЕФА го има крајниот збор дали македонската фудбалска репрезентација на европско првенство ќе игра во старите црвено жолти дресови, откако новите дресови во бордо боја не беа прифатени од јавноста. Од ФФМ велат дека не може да кажат колкави ќе бидат финансиските загуби додека се чека на одлуката. ФФМ ги врати старите дресови во игра за претстојното европско фудбалско првенство, откако донесе одлука да го послуша гласот на јавностa. Сега се чека на УЕФА. Реакциите за новите дресови пред се беа за изборот на нивната боја. Наместо црвена, националниот тим беше предвидено да настапи во дресови…

Фев 13, 2013

Вечерва судир на титаните, Манчестер против Реал

Денес, во фудбалската Лига на шампиони, ќе се одиграат две нови средби од осмина финалето – Реал, во Мадрид, ќе го пречека Манчестер Јунајтед, додека Шахтјор за противник ќе ја има Борусија Дортмунд.Двомечот на Реал и Манчестер Јунајтед е вистинското дерби на оваа фаза, покрај традицијата и ривлаството кое владее помеѓу овие два клуба, во центарот на вниманието ќе биде и Кристијано Роналдо. Португалецот за прв пат ќе заигра против поранешниот клуб, во кој се стекна со фудбалска слава, Роналдо пред три ипол години за рекордни 94 милиони евра од Манчестер се пресели во Реал. Навивачите ширум …

Фев 12, 2013

Рос Браун воодушевен од Хамилтон

Тимскиот шеф на Мерцедес, Рос Браун, во првиот медиумски настап по тестирањето во Херез, упати низа комплименти на сметка на новиот возач во екипата, Луис Хамилтон.Во својата оценка, Браун се повикува на методичноста на Хамилтон и неговиот пристап кон задачата да му помогне на тимот да напредува.- Очигледно е дека тој е мошне талентиран возач. Но, Формула 1 е многу повеќе. Постојат многу талентирани возачи, кои немаат ништо повеќе. Мислам дека тој го има и она другото,- вели Браун за Аутоспорт. – Мошне е директен, но исто така и многу едноставен. Ни кажува што тој мисли. Никогаш не му недос…

Фев 11, 2013

Килав кам-бек на Надал

Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал не успеа да се закити со трофеј по кам-бекот на терените по 7-месечната пауза поради повреда на коленото. Тој во финалето на турнирот во Вина дел Мар, Чиле, загуби со 6-7, 7-6, 6-4 од Аргентинецот Орасио Зебалос.Надал претходно не успеа да ја освои титулата ниту во двојки, откако со Јуан Монако загубија од Паоло Лоренци и Потито Стараче.На Зебалос ова му е прва титула во кариерата во второто одиграно финале, а до трофејот му требаа 2 часа и 47 минути игра против поранешниот светски рекет број 1. Тој досега се наоѓаше на 73. место на АТП, а на новиот ранкинг…

Фев 11, 2013

Шест месеци пауза од скијањето за Линдзи Вон

На американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон успешно и е извршена операција во Веил и и се санирани повредите на коленото и ногата по страотниот пад на првиот натпреварувачки ден од Светското првенство во Шладминг.Четирикратната освојувачка на Светскиот куп го скина вкрстениот лигамент на коленото и заработи фрактура на потколеницата при тешкиот пад на трката во супервелеслалом.Операцијата ја извршил официјалниот доктор на репрезентацијата на САД, Вилијам Стерет, а портпаролот Том Кели потврдил дека се поминало во најдобар ред и дека Вон се чувствува добро. Според прогнозите, 28-годишната ск…

Фев 8, 2013

Матни зделки и во тенисот?

Не е тајна дека има „матни зделки“ и во тенисот, обложувалниците секаде замешаа прсти, па АТП се обидува да ги открие можните местенки. За таа цел, одземен е лаптопот на словенечкиот тенисер Блаж Кавчиќ, затоа што до канцеларијата на АТП пристигнала анонимна пријава дека тој е замешан во сомнителни активности поврзани со нелегално обложување.„АТП претерува, реагира на било каква пријава, можам рака да ставам дека Кавчиќ не е замешан во такви сомнителни активности“, реагира еден од организаторите на турнирот „Загреб индорс“, откако претходно и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ беше поставен на …

Фев 7, 2013

Македонија Данска 3:0

Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над Австрија, односно Белгиј…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top