Апр 25, 2013

Регрутација за млади возачи на патеката Силверстоун

Во текот на оваа Ф1 сезона ќе се одржи само еден тест за млади возачи и тоа на патеката Силверстоун, домот на Британското Гранд При.Во текот на минатата сезона тестовите за млади возачи беа одржани на три различни локации бидејќи Ф1 тимовите не успеаа да постигнат договор. Некои од нив тестираа на Силверстоун, некои на Мањи-Кур, а некои во Абу Даби.Како и да е, во текот на оваа сезона тимовите се договорија да тестираат на една локација – Силверстоун. Овогодинешниот тест за млади возачи ќе се одржи во јули, помеѓу Германското и Унгарското Гранд При, пред почетокот на четиринеделната летна п…

Апр 24, 2013

Најдобрата партија во историјата на Баерн

Арјен Робен беше стрелец на еден од четири погодоци со кои Баерн ја прегазиБарселона во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони. Холанѓанецот покрај постигнатиот гол асистираше за првиот и вториот погодок на својот тим и на крајот заклучи дека ова е најдобрата фудбалска партија во историјата на Баерн.„Барселона доминира во Европа во изминативе неколку години, па кога ќе се слави ваква победа против нив, секако дека само можеш да бидеш горд. Одигравме фантастичен натпревар, но сега не чека реваншот во Барселона. Се боревме за секоја педа од теренот, не им дозволивме премногу да иг…

Апр 23, 2013

Се менуваат правилата на „Ролан Гарос“

Верувале или не, натпреварување од рангот на Отвореното тениско првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“, планира да го промени системот на ждребување поради Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.До ваквиот преседан доаѓа поради моментниот пласман на српскиот тениски ас и шпанскиот „Матадор“, според кој доколку се оди според планот, тие ќе ги вкрстат рекетите во четвртфиналето на грен-слемот во Градот на светлината.Се разбира премногу рано за вакви имиња, што очекувано не им се допаднало ниту на челниците на турнирот на париската црвеница. Токму поради тоа паднала одлука да се менува „констр…

Апр 22, 2013

Триумф на Ѓоковиќ во Монте Карло

Со победата во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на првото место на АТП листата и сега има 4230 бодови повеќе од второпласираниот Роџер Федерер.Трет е Енди Мареј, следува Давид Ферер, а Рафаел Надал и покрај пласманот во финалето во Монте Карло останата на 5-то место.Листата на најдобри 10 тенисери во светот ја комплетираат Томаш Бердих, Хуан Мартин Дел Потро, Жо Вилфред Цонга, Ришар Гаске и Јанко Типсаревќ.{loadposition content9}

Апр 22, 2013

Фетел убаедлив во Бахреин

Актуелниот светски шампион постигна втора победа во четири трки од почетокот на сезоната во Формула 1. Благодарение на неочекуваниот развој на настаните на патеката Сахир, Германецот успеа да ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман.Фетел ја започна трката од втората позиција, зад сонародникот Нико Розберг, но уште во третиот круг на излегување од свиок број 4 се најде на чело на колоната на која остана до крајот. Во своето Гран при со реден број 200, Фернандо Алонсо, се вмеша во битката за лидерската позиција во раните фази на трката и откако го мина Розберг, тргна во трка по Ф…

Апр 18, 2013

Крај на регуларниот дел од НБА лигата

Најзадоволни се кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси, кои со победа во продолженијата над Хјустон обезбедија пласман во плејофот, но и ја избегнаа првопласираната Оклахома.Стив Блејк постигна 24 кошеви за “езерџиите”, Пау Гасол стигна до седмиот трипл-дабл во кариерата со 17 поени, 20 скокови и 11 асистенции, додека Двајт Хауард забележа 16 поени и 18 скокови. Харден со 30 кошеви беше најефикасен кај Рокетси.Лејкерси доигрувањето го обезбедија и пред да почне натпреварот, бидејќи претходно тој ден својот натпревар го одигра Јута Џез, нa која и требаше победа над Гризлис.Мемфис на свој паркет…

Апр 17, 2013

„Кардиф Сити“ се враќа во Премиер лигата

Ремито без голови на домашен терен со Чарлтон на Кардиф Сити му донесе пласман во Премиерлигата по пауза од точно 51 година.Дел од следното издание на Премиер лигата за прв во историјата на елитното англиско фудбалско натпреварување ќе бидат два клуба од Велс. За тоа синоќа се изборија играчите на Кардиф Сити, кои одиграа без голови на домашен терен со Чарлтон и со тоа се вратија во елитата од која последен пат испаднаа уште далечната 1962. година, кога заедно со нив во понизок ранг испадна и тимот на Челси.Со тој освоен бод против Чарлтон некогашните „сини птици“,  а сега „змејови“, конечн…

Апр 17, 2013

Нема жени за Ибрахимовиќ пред натпревар

Фудбалерите на ПСЖ вечерва ќе играат куп-натпревар против Евиан, но многу поинтересно е што клубот им забрани да имаат секаков контакт со жени во пресрет на мечевите. Дури и во хотелот каде што ќе бидат сместени побарано е во ресторанот за време на ручекот да бидат служени исклучиво од келнери.Се уште не е јасно дали е ова некој вид казна за избраниците на Карло Анчелоти поради лошо однесување во изминатиот период или пак само мерки за се да помине во најдобар ред пред крајот на сезоната кога ПСЖ треба да ја реализира својата цел, освојување на двојната круна во Франција. Едно е јасно, нема…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top