Крај на регуларниот дел од НБА лигата

Синоќа во НБА лигата беа одиграни последните натпревари од регуларниот дел.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Најзадоволни се кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси, кои со победа во продолженијата над Хјустон обезбедија пласман во плејофот, но и ја избегнаа првопласираната Оклахома.

Стив Блејк постигна 24 кошеви за “езерџиите”, Пау Гасол стигна до седмиот трипл-дабл во кариерата со 17 поени, 20 скокови и 11 асистенции, додека Двајт Хауард забележа 16 поени и 18 скокови. Харден со 30 кошеви беше најефикасен кај Рокетси.
Лејкерси доигрувањето го обезбедија и пред да почне натпреварот, бидејќи претходно тој ден својот натпревар го одигра Јута Џез, нa која и требаше победа над Гризлис.

Мемфис на свој паркет ја оствари 56 победа во сезоната, поставувајќи нов клупски рекорд. Најефикасен беше Зак Рендолф, додека кај поразените Ал Џеферсон оствари дабл-дабл со 22 поени и 16 скокови.
Од останатите натпревари треба да се истакне победата на Клиперси на гостувањето кај Сакраменто со 112-108, како и победата на Голден Стејт Вориорс над Портланд со 99-88.

Натпреварот ќе биде запаметен по рекордот на Стивен Кари, кој го надмина Реј Ален по бројот на тројки постигнати во регуларниот дел од сезоната.

logoАлен во сезоната 2005/2006 постигна 269 тројки, додека бекот на Вориорс оваа сезона успеа да постигне дури 272.
Од Истокот, во плејофот се пласираа Мајами, Њујорк, Индијана, Бруклин, Чикаго, Атланта, Бостон и Милвоки, додека од Западот пласман обезбедија Оклахома, Сан Антонио, Денвер, ЛА Клиперс, Мемфис, Голден Стејт, ЛА Лејкерс и Хјустон.
Најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата е Кармело Ентони, кој просечно постигнуваше по 28,7 кошеви.
Признанието најдобар скокач му припадна на Двајт Хауард од Лејкерси со 12,4 скокови по натпревар, Раџон Рондо со 11,1 асистенции е најдобар асистент, а Крис Пол со 2,41 украдени топки по натпревар е прв “крадец” во лигата.

Парови за плејофот:

Источна конференција:
Мајами – Милвоки
Њујорк – Бостон
Индијана – Атланта
Бруклин – Чикаго
Западна конференција:
Оклахома – Хјустон
Сан Антонио – ЛА Лејкерс
Денвер – Голден Стејт
ЛА Клиперс – Мемфис

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top