Апр 30, 2016

Прв пат прволигаши по 93 години постоење

Фудбалерите на второлигашот Кротоне во петокот и теоретски обезбедија настап во Серија А следната сезона по 93 годишно постоење на клубот. Кротоне кое го води Хрватот Иван Јуриќ благодарение на нерешениот резултат кај Модена од 1-1 од 39 коло на Серија Б го обезбедија пласмананот во Серија А на три кола пред крајот. “Навистина е убаво ова што го доживувам и што го прославуваме сите овде во Кротоне. Сега може да се зборува за вистинска еуфорија, целиот град и регион дише заедно со нас”, изјавил Анте Будимир еден од најдобрите играчи на Кротоне. Водечкиот состав на италијанската Серија Б с…

Апр 29, 2016

“Вечниот губитник” на прагот од освојување на својот прв трофеј во кариерата

Тренерот на Лестер Сити, Клаудио Раниери, ќе заработи бонус од пет милиони фунти ако неговата екипа го освои англиското првенство, пишува британски Times. Италијанецот Раниери, исто така, има посебна клаузула во договорот која му гарантира по 100.000 фунти за секоја позиција која екипата ќе ја завземе над 18-то место на табелата, што му носи додатни 1,7 милиони фунти ако Лисиците завршат на првото место, односно ако освојат три бода во последните три кола на Премиер лигата. Кога Раниери ја превзеде клупата на Лестер на крајот од минатата сезона, задачата му беше да опстане во Премиер лига…

Апр 28, 2016

Најбогатиот Кинез спрема сензација

Најбогатиот Кинез Jack Ma планира да ги откупи акциите на италијанскиот џин Милан со понуда од 700 милиони долари, пишуваат италијанските и англиските медиуми. Ма сака да влезе на голема врата на европскиот фудбалски пазар така што ќе го разубеди Силвио Берлускони да му го продаде омиленото чедо. Со ова најверојатно би завршила резултатската агонија на Милан и би се отворила нова триумфална ера на големиот Милан. Ма е екстремно богат, неговото богатство се проценува на околу 25 милијарди долари. Тој е основач на една од најголемите светски компании Алибаба и е косопственик на петкратниот п…

Апр 28, 2016

Бројки кои откриваат за какви “војници” се работи

Атлетико во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампиони го победи Баерн Минхен со 1-0 на својот Винсенте Калдерон. Тоа беше 33 натпревар од вкупно 52 оваа сезона во која екипата на Диего Симеоне не прими гол. Воедно, дали ова некој го сака или не, не може да се демантира дека тие имаат идентитет кој ги краси во секој натпревар. Од моментот кога Симеоне седна на клупата на Атлетико, неговата екипа од 256 натпревари во 135 ја сочувале мрежата недопрена. Најинтересно е тоа што под негово водство Атлетико во Лигата на шампиони никогаш не примил погодок во првите 60 минути. Моментално с…

Апр 25, 2016

„Гладијаторите“ обезбедија учество во завршницата за Купот на Македонија

Охридските ракометари обезбедија место во завршницата од Купот на Македонија откако викендов во спортско-рекреативниот центар „Биљанини извори“ триумфираа во финалниот натпревар од четвртфиналната група за Купот на Македонија. Во натпреварот „Гладијаторите“ ја совладаа екипата на Прилеп со 35-32, а претходно славеа против екипата на Тинекс Пролет. Ракометарите на Охрид обезбедија учество на завршницата во Купот на Македонија, победувајќи го Прилеп 35-32 (16-13) во финалето од четвртфиналната група, која се разигруваше во „Билјанини Извори“. Тешко заработена беша оваа победа која е од голем…

Апр 22, 2016

Охридските гладијатори подеднакво ќе атакуваат на два фронта

Два натпревари од ракометниот куп на Македонија едноподруго во кои нашите гладијатори ќе ја носат фаворитската улога. Екипите на Тинекс Пролет и Прилеп ќе бидат добра градација за она што следува во среда, кога ракометарите од Охрид 2013 ќе играат против Зомимак од Струмица во продолжението од плеј оф натпреварите од ракометната машка Супер лига. “На овие два натпревари ја имаме фаворитската улога, се надевам дека ќе ја оправдаме, па со добар ждреб се надевам во фајнл форот од купот на Македонија би можеле да стигнеме и до финалето. Накратко за овие два противници. Пролет е доста незгодна е…

Апр 17, 2016

Нико Розберг триумфираше во Кина

Германецот Нико Розберг во Мерцедес, кој стартуваше од пол-позицијата е победник на Големата награда на Кина која се возеше утрово во Шангај. Тој триумфираше пред сонародникот Себастијан Фетел во Ферари и Русинот Даниел Квајт во Ред Бул. На Розберг ова му е 17 победа во Формула1 и шеста во низа од крајот на 2015 година, а воедно трета во оваа сезона од исто толку трки. Вицепрвакот трката ја заврши со 37 секунди пред второпласираниот Фетел. Сега Розберг во генералниот пласман има 36 бодови повеќе пред клупскиот колега Британецот Луис Хамилтон кој трката ја заврши како седми. Резултатите н…

Апр 15, 2016

Извлечени двојките за полуфиналните мечеви во Лига Европа

Денес во Нион се одржа и ждрепката за полуфиналните двојки во Лига Европа. Во полуфиналето на Лигата на Европа ќе се сретнат Шахтјор – Севиља и Виљареал – Ливерпул. Севиља и Шахтјор играа во осминафиналето во Лига Европа во 2007 година, а победник беше Севиља, додека Ливерпул и Виљареал се среќаваат за прв пат. Севиња е бранител на титулата која го освои во 2014 година. Полуфиналните средби се закажани за 28 април, а возвратните на 5 мај, додека во финалето се игра на мај во Базел.     
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top