Јан 29, 2014

Хуманиот Стивен Џерард

Капитенот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Стивен Џерард, уште еднаш ја докажа својата големина, не само како фудбалер, туку и како обичен човек. Во пресрет на вчерашното градско дерби против Евертон (4:0), Џерард донираше 117.000 евра на здружението, коешто ги поддржува семејствата на навивачите кои настрадаа на „Хилсбороу”.Немилиот настан се случи за време на дуелот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест, одигран на 15 април 1989 година, кога на стадионот „Хилсбороу” во Шефилд, загинаа 96 лица, а повредени беа 766.„Сакав да го искажам моето жалење и сочуство. Знам дека вечерва на трибините…

Јан 28, 2014

„Arsenal“ + „Puma“ = 170 милиони фунти

Познатиот германски спортски бренд „Пума“ потпиша спонзорски договор со мометалниот лидер во Премиер лигата. Договорот е на пет години и тежи 170 милиони фунти.„Топџиите“ ќе се простат од „Најк“ после цели 20 години успешна соработка и ќе потпишат договор со „Пума“ кој ќе изнесува 30 милиони фунти по сезона.Имено, Арсенал од наредната сезона 2014/15 па се до 2019 година ќе биде обврзан со „Пума“, и во наредните 5 години ќе инкасира 170 милиони фунти.„Ова е голем ден за нас. Парите ќе бидат достапни од ова лето“, изјави сопственикот Газидис.Имено, ова во моментов е најскапиот спонсорски дого…

Јан 28, 2014

Завршниот мастерс турнир годинава наместо во Истанбул ќе се игра во Сингапур

Завршниот ВТА Мастерс оваа година наместо во Истанбул ќе се одржи во Сингапур од 17 до 26 октомври одлучи Женската меѓународната тениска асоцијација.На турнирот ќе учествуваат најдобрите осум тенисерки во светот како и најдобрите дублови а мечеви ќе играат и јуниорките. наградниот фонд ќе биде зголемен за 300 отсто и наместо досегашните 500 илјади долари ќе се доделуваат 6,5 милиони долари. Арената во Сингапур е со капацитет од 7,500 илјади гледачи а покрај Сингапур за завршниот турнир се кандидираа и максикански Монтереј и кинески Тјенчин. Сингапур ќе биде деветти град домаќин на завршниот…

Јан 27, 2014

Македонските ракометари во баражот, против репрезентацијата на Грција

На ждрепката во данскиот Хернинг, последниот ден од ЕП, Македонија имаше среќа, бидејќи за противник во јунскиот бараж го доби нашиот јужен сосед Грција. Селекторот Ивица Обрван чекува дека ќе го минеме противникот и ќе го продолжиме континуитетот на учества на големите европски и светски натпреварувањаМашката репрезентација на Македонија имаше голема среќа при ждрепката за јунскиот бараж за претстојното Светско првенство што ќе се одржи идната година, во јануари, во Катар. Македонија беше во првиот, привилегиран барабан, а за противник го доби нашиот јужен сосед Грција. Ваквиот исход на жр…

Јан 27, 2014

Прва грен слем титула за Станислас Вавринка

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е победник на Грен слем „Австралија Опен“ откако денеска со 3:1 го совлада првиот носител на турнирот Рафаел Надал од Шпанија.Вавринка успеа во 13-от меѓусебен дуел со Надал да ја забележи првата победа над Шпанецот против кого немаше освоено ниту еден сет. Титулата на Австралија Опен, на Вавринка му ја носи и третата позиција на АТП листата, веднаш зад Надал и Ѓоковиќ,тенисери што ги порази во голем стил на турнирот.Во финалниот меч што траеше два часа и 22 минути Вавринка ги освои првите два сета со 6:3 и 6:2, Шпанецот резултатски се врати освојувај…

Јан 24, 2014

Надал го совлада Федерер во полуфиналето на „Australian open“

Рафаел Надал е вториот финалист на овогодинешното издание на Австралија опен, откако Шпанецот утрово славеше во „дуелот на титаните“ против Роже Федерер, со максимални 3-0 во сетови. Федерер делуваше моќно во досегашниот дел од турнирот, но одново не најде начин да му се спротивстави на Надал, кој делуваше супериорно и апсолутно заслужено стигна до финалето.Шпанецот доминираше и во рамките од првиот сет, кој по неискористение брејк-шанси отиде во тај-брејк. Федерер имаше неколку неизнудени грешки во клучните моменти, па Надал го доби тајбрејкот со 7-4 и со уште поголема самодоверба влезе во…

Јан 23, 2014

Судбината на Шумахер, сеуште неизвесна

Без официјални вести од лекарите во клиниката во Гренобл, се зголемуваат стравувањата за состојбата на Михаел Шумахер, кој и четири недели по неговата скијачка незгода останува во кома.Жан-Марк Оргогозо, професорот по неврологија на Универзитетот во Бордо, за британскиот Дејли Мирор даде „црна проценка“.„Секој ден, секоја недела во кома ги намалува шансите ситуацијата да се подобри“, вели Оргогозо.Австриската новинска агенција Формат во вторникот објави дека се зголемуваат шансите Германецот да остане во постојана вегетативна состојба кога ќе излезе од комата. Дејли Мирор се консултираше со…

Јан 22, 2014

Рафа тешко стигна до полуфиналето на „Australian open“

Рафаел Надал е третиот полуфиналист на Австралија опен, откако со многу мака го порази Бугаринот Григор Димитров со 3-1 по сетови 3:6, 7:6, 7:6, 6:2.По првиот изгубен сет, првиот светски рекет мораше да игра два тај-брејка за да стигне до пресврт и конечно во четвртиот сет да го скрши отпорот на извонредниот бугарски тенисер. Надал ја оствари јубилејната 40. победа на Австралија опен во кариерата.Шпанецот во полуфиналето го очекува дуелот со подобриот од мечот меѓу Роџер Федерер и Енди Мареј.Во женска конкуренција Полската тенисерка Агњешка Радванска се пласира во полуфинале, елиминирајќи ј…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top