Рафа тешко стигна до полуфиналето на „Australian open“

Рафаел Надал е третиот полуфиналист на Австралија опен, откако со многу мака го порази Бугаринот Григор Димитров со 3-1 по сетови 3:6, 7:6, 7:6, 6:2.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rafael Nadal
Рафаел Надал

Рафаел Надал е третиот полуфиналист на Австралија опен, откако со многу мака го порази Бугаринот Григор Димитров со 3-1 по сетови 3:6, 7:6, 7:6, 6:2.

Grigor DimitrovПо првиот изгубен сет, првиот светски рекет мораше да игра два тај-брејка за да стигне до пресврт и конечно во четвртиот сет да го скрши отпорот на извонредниот бугарски тенисер. Надал ја оствари јубилејната 40. победа на Австралија опен во кариерата.
Шпанецот во полуфиналето го очекува дуелот со подобриот од мечот меѓу Роџер Федерер и Енди Мареј.

Во женска конкуренција Полската тенисерка Агњешка Радванска се пласира во полуфинале, елиминирајќи ја двојната шампионка Викторија Азаренка со 6:1, 5:7, 6:0.Нејзина противничка ќе биде Доминика Цибулкова од Словачка, која експресно за еден час игра ја совлада Романката Симона Халеп со 6:3 и 6:0.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top