Прва грен слем титула за Станислас Вавринка

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е победник на Грен слем „Австралија Опен“ откако денеска со 3:1 го совлада првиот носител на турнирот Рафаел Надал од Шпанија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Stanislas Vavrinka
Станислас Вавринка

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка е победник на Грен слем „Австралија Опен“ откако денеска со 3:1 го совлада првиот носител на турнирот Рафаел Надал од Шпанија.

Stanislas VavrinkaВавринка успеа во 13-от меѓусебен дуел со Надал да ја забележи првата победа над Шпанецот против кого немаше освоено ниту еден сет. Титулата на Австралија Опен, на Вавринка му ја носи и третата позиција на АТП листата, веднаш зад Надал и Ѓоковиќ,тенисери што ги порази во голем стил на турнирот.

Во финалниот меч што траеше два часа и 22 минути Вавринка ги освои првите два сета со 6:3 и 6:2, Шпанецот резултатски се врати освојувајќи го третиот сет со 6:3, но во четвртиот повторно беше подобар швајцарскиот тенисер и го доби со 6:3.Надал во вториот сет се повреди, користеше и медицински тајм-аут, но повредата на грбот го спречи да даде посилен отпор и евентуално да стигне до трофејот.

Vavrinka i NadalЗа Вавринка кој на овој турнир ги победи најдобрите двајца на АТП листата (Надал и Ѓоковиќ) ова беше прв трофеј на Грен слем турнирите.

Првиот светски рекет во Мелбурн го одигра своето 20-то финале на грен слем турнирите, тој има 13 титули на најпрестижните турнири во светот, една помалку од Пит Сампрас кој е втор на вечната листа, зад Роџер Федерер (17).
Вавринка забележеа скок од 5 позиции, сега со 5710 бода се наоѓа зад Надал кој е лидер со 14330 и Новак Ѓоковиќ кој е втор со 10620 бода. Во топ 10 конкуренцијата имаше измени на повеќе позиции, Ферер од третата падна на петата позиција, Дел Потро сега е четврти што прогрес од една позиција, Анди Мари забележа пад од две места, сега се наоѓа на шестото, Роже Федерер падна на осмото место на АТП листата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top