Надал го совлада Федерер во полуфиналето на „Australian open“

Рафаел Надал е вториот финалист на овогодинешното издание на Австралија опен, откако Шпанецот утрово славеше во „дуелот на титаните“ против Роже Федерер, со максимални 3-0 во сетови.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rafael Nadal
Рафаел Надал

Рафаел Надал е вториот финалист на овогодинешното издание на Австралија опен, откако Шпанецот утрово славеше во „дуелот на титаните“ против Роже Федерер, со максимални 3-0 во сетови.

Федерер делуваше моќно во досегашниот дел од турнирот, но одново не најде начин да му се спротивстави на Надал, кој делуваше супериорно и апсолутно заслужено стигна до финалето.

Nadal i FedererШпанецот доминираше и во рамките од првиот сет, кој по неискористение брејк-шанси отиде во тај-брејк. Федерер имаше неколку неизнудени грешки во клучните моменти, па Надал го доби тајбрејкот со 7-4 и со уште поголема самодоверба влезе во преостанатиот дел од мечот.

Првиот носител рутински стигна до брејк и го доби вториот сет со 6-3, а веднаш потоа рано направи брејк и во третиот сет.
Федерер покажа карактер и одговори со сопствен брејк израмнувајќи на 2-2, но Швајцарецот одново го загуби сервисот, па Надал сосема заслужено стигна до триумф од 3-0 во сетови (7-6, 6-3, 6-3), обезбедувајќи место во неделното финале против Вавринка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top