Фев 4, 2014

Интересни факти за ЗОИ во Сочи

Ова се неколку интересни факти кои треба да ги знаете за најскапата спортска забава која ќе се одржи во руското летувалиште Сочи.Летувалиштето СочиТокму така, Сочи е популарна летна дестинација со плажи и палми и омилено место за летување на рускиот џет-сет. Ова нема да биде проблем за хокеарите, лизгачите и останатите натпреварувачи во спортовите кои се одржуваат во затворени сали, но скијачите и другите спортисти ќе мора да патуваат до Краснаја Полјана на скоро 70 километри од Сочи. Таму се планините со снег, но и 500 топови за вештачки снег и 710.000 кубни метри снег складиран од лани за…

Фев 3, 2014

Тешка несреќа во Сочи

Торстен Хоргмо, 26-годишниот сноубордер, тешко настрада после падот на тренингот на патеката Роза Хутор на Краснаја Полјана. Слетал на глава и рамо и итно е пренесен во болница, а има сомнение дека се работи за прелом на клучната коска. Сноубордерите последниве денови се жалат дека олимписката патека е необично опасна и на крај тоа на своја кожа го осети Хоргмо кој најверојатно остана без шанси за освојување на медал. Квалификациите во сноуборд почнуваат во четврток, ден пред службеното отворање на Олимписките игри.

Фев 3, 2014

Ребека Сони заминува во спортска пензија

Славната американска пливачка Ребека Сони, освојувачка на шест олимписки медали, објави дека ќе оди во спортска пензија.Пливачката наведува дека планира да се посвети на својот нов начин на живот, како и да почне сопствена компанија.Сони има заслужено најсјајно одличје на 200 метри градно на Олимписките игри во Пекинг и во Лондон, како и сребрен медал на 100 во дисциплината. Таа беше член на мешаните штафети на САД, кои стигнаа до олимпиското злато во Кина и сребро во Англија.Таа ќе остане запаметена како првата жена која 200 метри градно испливала под границата 2 минути и 20 секунди.На Игр…

Фев 3, 2014

Дали Бразил ќе остане без Ф1 Гран При?

Според пишувањата на повеќе британски гласила, оваа сезона наместо 19, по се изгледа ќе има само 18 во ГП календатот за MotoGP.Како стојат работите Бразил го зафати вистинска спортска треска. Во изградба се многу објекти во пресрет на Светското фудбалско првенство, кое е на програмата годинава, а забрзано се работи и на потребните зданија за Летните олимписки игри во 2016 година. Затоа, работите на патеката крај Бразилија сериозно доцнат, а поради тоа што кај челниците на MotoGP нема многу место за маневри, по се судејќи патеката ќе нема време да ја добие потребната хомологација, па трка по…

Фев 2, 2014

Паника на Олд Трафорд

Менаџерот на Манчестер Јунајтед веќе го доби прекарот „Волкот од ВолСтрит„ кој бил експерт за рушење на вредноста на акциите, односно експерт за измама на клиентите кои за големи провизии продавал безвредни акции, а букмејкерите на една голема обложувалница го почастија Мојс со тој прекар бидејќи акциите на клубот од Олд Трафорд потонаа на њујоршката берза за околу 250 милиони во последните шест месеци. Драстичен пад на акциите се поклопува со доаѓањето на Дејвид Мојс и заминувањето на Алекс Фергусон од клупата на Манчестер Јунајтед. Под водство на Мојс, црвените ѓаволи паѓаат и на резултат…

Фев 2, 2014

Сочи под опсада

Во елитното црноморско летувалиште пристигнуваат спортистите, допатува и претседателот на Меѓународниот олимписки одбор а олимпискиот факел се искачи на највисокиот врв на Европа. И додека го носат олимпискиот факел по највисоките врвови во Европа, во Сочи се е спремно за почетокот на најскапите олимписки игри во историјата. Прв допатува претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, кој беше и повеќе од задоволен од виденото. Посебно внимание е обрнато на безбедноста. „Имаме потполна доверба во руските власти. Со нив сме цело време во контакт и знаеме дека руските сили имаат б…

Јан 31, 2014

Проблемите на Јан Торп

Олимпискиот великан, австралискиот пливач Јан Торп, се наоѓа во клиника за одвикнување од алкохол и лекување од депресија. Членовите на неговото семејство открија дека минатата седмица Јан Торп полесно се повредил при пад во својот дом, а потоа станало јасно дека бил под големо дејство на алкохол. Бил хоспитализиран во клиника во Сиднеј, каде ќе остане во наредниот период под строг надзор.Јан Торп има освоено пет златни олимписки медали, три сребрени и еден бронзен медал на ЛОИ. На светските првенства има освоено 11 златни и по едно сребрено и бронзено одличје, а во свое време беше најмлади…

Јан 31, 2014

Енди Мареј им одговори на своите твитераши

Британскиот тенисер Енди Мареј кој овој викенд ќе го предводи националниот тим во натпревар од Дејвис купот против САД во Сан Диего одговараше на прашањата на своите фанови на друштвената мрежа Твитер.27 годишниот тенисер на својствен саркастичен начин одговараше на одредени прашање помеѓу остантото тој напиша дека “сака да го убие Рафаел Надал”, како и дека планира “да се ожени со својата девојка Ким Сирс”, еден ден после завршувањето на Вимболдон.Мареј се забавуваше и се допишуваше со фановите, а кога дојде време “линиите” да се затворат тој порача:“Три работи: Не пушам трева, немам намер…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top