Ребека Сони заминува во спортска пензија

Славната американска пливачка Ребека Сони, освојувачка на шест олимписки медали, објави дека ќе оди во спортска пензија.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rebecca Soni
Ребека Сони

Славната американска пливачка Ребека Сони, освојувачка на шест олимписки медали, објави дека ќе оди во спортска пензија.

Пливачката наведува дека планира да се посвети на својот нов начин на живот, како и да почне сопствена компанија.

Rebecca SoniСони има заслужено најсјајно одличје на 200 метри градно на Олимписките игри во Пекинг и во Лондон, како и сребрен медал на 100 во дисциплината.
Таа беше член на мешаните штафети на САД, кои стигнаа до олимпиското злато во Кина и сребро во Англија.
Таа ќе остане запаметена како првата жена која 200 метри градно испливала под границата 2 минути и 20 секунди.

На Игрите во Лондон Сони успеа да постави нов светски рекорд во дисциплината со одлично време од 2:19,59 минути.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top