Сочи под опсада

Сто илјади луѓе во обезбедување на игрите од бомбаши самоубијци. На една недела пред почетокот на олимписките игри во Сочи станува живо.

 |  инфодеск  | 

Во елитното црноморско летувалиште пристигнуваат спортистите, допатува и претседателот на Меѓународниот олимписки одбор а олимпискиот факел се искачи на највисокиот врв на Европа. И додека го носат олимпискиот факел по највисоките врвови во Европа, во Сочи се е спремно за почетокот на најскапите олимписки игри во историјата. Прв допатува претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, кој беше и повеќе од задоволен од виденото. Посебно внимание е обрнато на безбедноста.

„Имаме потполна доверба во руските власти. Со нив сме цело време во контакт и знаеме дека руските сили имаат блиска соработка со меѓународните сили и дека се е направено Сочи да е потполно сигурен, како и сите спортисти кои ќе пристигнат овде„ истакнува Бах.

Во функција е новоизградениот аеродром, волонтерите се на своите места, а првите спортисти се воодушевени од тоа што виделе.

„Поприлично сум возбудена, ова ми се први олимписки игри и супер е се што се случува околу мене. Превозбудена сум да би размислувала за нешто друго. Сигурноста е на високо ниво и сигурна сум дека овде нема да има никакви проблеми„ вели Кели Гинтер американската спортистка во брзо лизгање.

Во тоа се уверени и руските специјалци. Службен податок е дека се ангажирани сто илјади луѓе кои ќе се грижат за безбедноста. Покриено е се, од вода, од воздух и од планините. Посебно се внимава на подрачјето на Кавказ кое е обезбедено од руските специјалци, бидејќи баш на тој дел во минатата година  е забележан значителен пораст на активностите на бомбаши самоубијци.

„Знаете дека од Кавказ доаѓаат многу бобаши самоубијци. Знеме дека во минатата година нивната активност е зголемена за 29 проценти. Тоа се методи со кои тие претат на игрите„ истакнува Григориј Шведов, шеф на обезбедувањето за Кавказ.

Да се надеваме дека се ќе остане само на претење. Покровителот на игрите, претседателот на Русија, Владимир Путин направи се како Сочи би се паметел само по најдобро.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top