Треската околу продажбата на Милан заврши со изјавата на контроверзниот Силвио Берлускони, политичар, медијски магнат и сопственик на Милан, веќе 30 години. Откако излезе од болница, каде се опоравуваше од операција на срцето, застана пред медиумите и ги помина сите теми,а секако меѓу нив беше и долго најавуваната продажба на клубот.
“Милан го одбра патот со Кинезите. Важна е одлуката клубот повторно да биде конкурентен во Италија и Европа. Не разговаравме за цената, прифатив она што ми понудија. Сакам да го завршам моето 30-годишно владеење во кое Милан освои 28 трофеи и ја зголеми војска…
И покрај тоа што Европското првенство сеуште трае, фудбалскиот пазар не мирува. Само на 15 до сега најскапи трансфери се потрошени повеќе од половина милијарда евра (поточно 530), а моментално летниот рекорд го држи кинескиот SIPG кои одвои 55,8 милиони евра за доведувањето на Hulk.
Што се однесува до клубовите, засега најмногу вложи Манчестер Јунајтед (80 милиони евра), додека нешто помалку потроши Баерн Минхен (70 милиони).
На списокот може да се види за кои 15 играчи се работи, но треба да се има предвид дека ова е само почеток бидејќи се очекуваат трансфери на Pogba, Higuain, James R…
Во 1998 година во Рејкјавик се играа квалификации за Европско првенство помеѓу Исланд и Франција кога беше за малку избегнат дипломатски инцидент.
Имено, за време на интонирањето на химните неколку француски играчи нескриено се смееа. Секако тоа не останало неприметено, а подоцна Французите се извинуваа.
Минаа 18 години, а исландските новинари на конференцијата за печатот го прашаа францускиот селектор, Дидие Дешамп, дали се сеќава на тој инцидент.
“Да, се сеќавам. Но, никогаш не ги исмејувавме Исланѓаните или нивната химна. Тоа се случи за време на интонирањето на француската химна, бид…
Сѐ што беше интересно на синоќешниот натпревар се случи помеѓу 65 и 80 минута кога паднаа двата гола. Германската репрезентација поведе во 65 минута со голот на Месут Озил, а славењето на голот не траеше долго. Азурите израмнија во 78 минута со голот на Леонардо Бонучи од пенал, кој го направи Џером Боатенг играјќи со рака во шеснаесетникот. За жал тоа беше сѐ.
Во продолженијата ниту една од екипата не сакаше да ризикува па прашањето на победникот се решаваше со изведување на пенали. На крајот повеќе среќа имаа Германците во кој серијата пенали ја завршија во нивна корист со 6-5. Германцит…
Тајните на пливањето никогаш не биле поблиску. Од стартот на наредната недела започнуваат тренинзите во школата за пливање „Охридски бранови 2008“, која функционира во рамките на истоимениот спортски клуб. Тренинзите ќе се одржуваат на отворените два базени во спортско рекреативниот центар „Биљанини извори“ во преиодот од 10:30 – 12:30. Инаку сеуште траат и уписите кои се спроведуваат секој работен ден од 09-12 часот и ќе траат напоредно.
„Двата базени ги користиме имаме дечиња во три групи, првата група се најмалите, од 5г возраст, поченици, втората група се понапредните деца и третитатра…
Велс сензационално ја елиминира Белгија со 3-1 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Тоа е прв пат по 1992 година дебитант на Еуро да влезе помеѓу четирите најдобри репрезентации, каде ги чека Португалија.
“Не треба да се плашиме од своите сништа. Пред четири години бев многу далеку од сето ова, подалеку од што можете да замислите. Имав повеќе неуспеси од успеси, но не се плашев од неуспеси. Ова го заслуживме”, славенички изјави селекторот Крис Колман.
Извонреден гол за водство на Велс постигна Хал Робсон Кану, играч кој моментално нема клуб, а со постигнување на водечкиот…
Колку е важно, односно пресудно, во клубот да се има врвен скаут сведочи денес примерот на 18 годишниот Ренато Санчез, новата ѕвезда на фудбалското небо.
Имено, последните денови често во јавноста можеше да се чуе дека Баерн направил извонредна работа кога во мај потпиша петгодишен договор со Санчез, меѓутоа малку кој истакна колку тука профитирала Бенфика.
Скаутите на тој португалски клуб во Санчез препознале талент кога имал само девет години и од локалниот клуб Агиас да Мискуере на Луж го довеле за само 750 евра и 25 фудбалски топки.
Девет години подоцна Санчез е продаден на германски…
Турција е бесна, а разочараност владее и многу пошироко. Уефа го одбила предлогот пред вечеаршниот натпревар помеѓу Полска и Португалија да се оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад во Истанбул со една минута молчење. Спрема последните податоци, во нападот на бобашите самоубијци се убиени 41 лице од кои 13 биле од други националности, а стотина се ранети.
Но, Уефа смета дека тоа не е причина за минута молк пред натпреварот во првото четвртфинале. Објаснувањето зошто е одбиен овој предлог е повеќе од бизарно.
“Уефа ваква почит оддава кога настанот е поврзан со фудбалот, земјата д…