Исланѓаните го паметат инцидентот од пред 18 години

Во септември 1998 година избегнат е дипломатски инцидент поради натпревар на денешните противници

 |  инфодеск  | 

Во 1998 година во Рејкјавик се играа квалификации за Европско првенство помеѓу Исланд и Франција кога беше за малку избегнат дипломатски инцидент.

Имено, за време на интонирањето на химните неколку француски играчи нескриено се смееа. Секако тоа не останало неприметено, а подоцна Французите се извинуваа.

Минаа 18 години, а исландските новинари на конференцијата за печатот го прашаа францускиот селектор, Дидие Дешамп, дали се сеќава на тој инцидент.

“Да, се сеќавам. Но, никогаш не ги исмејувавме Исланѓаните или нивната химна. Тоа се случи за време на интонирањето на француската химна, бидејќи Марсељезата беше изведена на необичен начин”, рекол Дидие Дешамп, кој тогаш беше капитен на француската репрезентација.

Снимката покажала дека Дешамп ја зборува вистината. Голманот Фабиен Бартез и Биксенте Лиаразу се смееја додека оперски пејач во смокинг ја пеел Марсељезата.

Исландскиот претседател Гуди Јоханенсон во септември 1998 беше на трибините во Рејкјавик, неодамна изјави дека тоа му бил незаборавен ден, бидејќи натпреварот заврши 1-1.

Денес се среќаваат истите репрезентации во последниот четвртфинален натпревар на Еуро2016.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top