Сеп 9, 2009

Гус Хидинк сака да се врати во Премиер лигата

Стратегот, кој вториот дел од минатата сезона беше предводник на Челзи и имаше успешен период на клупата на Стемфорд Бриџ, планира најпрво да земе краток одмор по Светскиот Шампионат во Јужна Африка кој се игра следната година. Но Хидинк вели дека Англија е ’многу примамливо’ место за работа и признава дека му недостасува атмосверата од Премиер Лигата.“Во Англија поминав одлично и пред да работам во Челзи често ги гледав натпреварите од Премиер Лигата.” – рече Хидинк.“Ми се допаѓа да бидам во Англија за да ја помирисам атомсферата. Дали ми недостасува? Секако дека ми недостасува. Но исто та…

Сеп 8, 2009

Tрадиционално „Охридски атлетски маратон“

Денот на независноста на Република Македонија, во Охрид ќе биде одбележан и со еден спортски настан.Продолжува 24годишната традиција на Охридскиот атлетски маратон. Продолжува традицијата на Охридскиот маратон. По 24ти пат атлетичарите ќе трчаат в долж крајбрежјето на охридското езеро, со многу нагорнини и надолнини. По изјавите на досегашните учесници, оваа патека важи за една од најтешките. „Од година во година охридскиот маратон станува се поатрактивен за натпреварувачите, па нивниот број постојано се зголемува. Минатата год. имавме рекордни 100 учесници“, вели Пеце Неданов, претседател …

Сеп 8, 2009

Македонија против Израел денеска на ЕП во кошарка

Во вториот натпревар на Европското првенство во Полска, македонската кошаркарска репрезентација денеска во 16:30 часот ќе игра со Израел.- Мораме да го заборавиме вчерашниот пораз од Грција и да се обидеме да останеме пред се психички силни. Шансата за победа со Израел постои. Поквалитетни сме индивидуално, а мислам дека неможе двапати по ред да не не сака шутот, изјави за МИА македонскиот крилен центар Перо Антиќ.Нашиот денешен противник исто како Македонија синоќа стартуваше со пораз. Израелците во првото коло загубија од Хрватска со 86:79.Во вториот натпревар во Познањ од групата А од 19…

Сеп 8, 2009

Катастрофален пораз на Македонската кошаркарска репрезентација

Македонската кошаркарска репрезентација со катастрофален пораз го почна Европското првенство, кое од денеска се одржува во Полска.Во премиерниот натпревар, Македонија го прикажа најлошото издание досега и претпре убедлив пораз од Грција со 54 – 86.Аkтуелниот светски вицепрвак веќе по пет минути игра имаше предност од 15 кошеви, која постојано се зголемуваше за конечни 32 поени разлика.Во текот на целиот меч, играта на македонските репрезентативци беше конфузна, одбраната беше далеку од висина на задачата, а целосно потфрли и нападот со катастрофален шут од дистанца и особено за три поени.Ме…

Сеп 8, 2009

Рајан Гигс посакува пензија

Еден од најдобрите во историјата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс пред медиумите во Манчестер проговори за неговите планови во иднина.”Фудбалот е мој живот, но јас нема да играм на 40 години и ќе побарам друг предизвик во овој спорт. Кога моето тело ќе ми каже дека не можам да играм на највисоко ниво повеќе јас ќе знам дека тоа ќе биде време за пензија. Сакам да ја завршам кариерата на високо ниво. Немам намера да играм во помали лиги како би ја рушел мојата кариера. Знам дека имам бројни можности за да останам во фудбалот, можам да бидам тренер, во медиумите или да работам со помали катег…

Сеп 7, 2009

Грчката национална телевизија ја избриша кратенката МКД за време на преносот од Еуробаскет 2009

На луѓето од националната грчка телевизија NET толку им пречела кратенката МКД која на меѓународниот пренос стоеше во долниот лев агол на екраните на семафорот кој го покажува резултатот, што истите со бел знак ја имаа прекриено. Така гледачите во Грција на екраните можеа да ја видат само кратенката на нивната држава (GRE) додека полето каде што пишуваше (MKD) беше празно. Инаку голема тензија влдееше пред почетокот на натпреварот на овие две репрезентации кој грците го добија со 86:54. Околу 500 македонски навивачи кои допатуваа во Полска како дел од навивачките реквизити го користеа огром…

Окт 1, 2016

Скандал во светскиот тенис, суспендирани доживотно двајца судии

Двајца тениски судии од Турција се доживотно суспендирани откако е утврдено дека учествувале во измама со обложување, објави Меѓународниот тениски сојуз (ITF). Серкан Аслан и Мехмет Улкер се обвинети дека со помош на мобилни телефони јавувале што се случува на трета страна за време на фјучерс турнир во Белек во октомври минатата година, а истовремено го одложувале впишувањето на тој резултат во сервисот за следење на натпреварот кој одел во живо. “Со ова овозможувале на третата страна корист од обложување на средби кои тие ги суделе”, објави Светската тениска федерација (ITF). Двајцата с…

Сеп 7, 2009

Со грците како противници, го отвараме Европското првенство во кошарка

Со мечот Македонија – Грција, денеска во полскиот град Познањ започнува Европското првенство во кошарка.За Македонија ова ќе биде втор настап на континенталните првенства, по дебитантското учество пред десет години во Франција.Првиот противник на македонската репрезентација е актуелниот светскиот вицешампион Грција, која на ова ЕП, сепак, допатува со подмладен состав.Премиерниот дуел на ЕП започнува во 16,30 часот и истиот ќе биде пренесуван на видео бим што е оставен на плоштадот Пела во Скопје.Агенцијата за млади и спорт апелираше сите навивачи достоинствено и спортски да го проследат ово…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top