Гус Хидинк сака да се врати во Премиер лигата

Стратегот, кој вториот дел од минатата сезона беше предводник на Челзи и имаше успешен период на клупата на Стемфорд Бриџ, планира најпрво да земе краток одмор по Светскиот Шампионат во Јужна Африка кој се игра следната година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gus hidink
Гас Хидинк

Стратегот, кој вториот дел од минатата сезона беше предводник на Челзи и имаше успешен период на клупата на Стемфорд Бриџ, планира најпрво да земе краток одмор по Светскиот Шампионат во Јужна Африка кој се игра следната година.

Gus HidinkНо Хидинк вели дека Англија е ’многу примамливо’ место за работа и признава дека му недостасува атмосверата од Премиер Лигата.

“Во Англија поминав одлично и пред да работам во Челзи често ги гледав натпреварите од Премиер Лигата.” – рече Хидинк.

“Ми се допаѓа да бидам во Англија за да ја помирисам атомсферата. Дали ми недостасува? Секако дека ми недостасува. Но исто така обожавам да работам со момците во Москва.”

“Дали имам апетит за втор престој во Премиер Лигата? Секако. Англија е многу атрактивна. Таа е уникатна и нивото на конкуренција е многу високо.”

“Но потребно е да донесам одлука дали да направам мала пауза од неколку месеци, пола година или една година, или пак нешто поинакво со фудбалот. Сеуште не знам.”

Селекторот на Русија исто така додава дека е изненаден од казната која ја доби неговиот поранешен клуб Челзи за забрана за регистирација на нови фудбалери до 2011.

“Изненаден сум од тоа. Не сум запознат со целата работа но факт е дека тие реагираа како што требаше да реагираат.”

“Многу сум позитивен и мислам дека ќе имаат добар слчај за пред Судот за Спортска Арбитража.”

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top