• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Со грците како противници, го отвараме Европското првенство во кошарка

Со грците како противници, го отвараме Европското првенство во кошарка

Со мечот Македонија – Грција, денеска во полскиот град Познањ започнува Европското првенство во кошарка.

 |   | 
kosharka
кошарка

Со мечот Македонија – Грција, денеска во полскиот град Познањ започнува Европското првенство во кошарка.

logoЗа Македонија ова ќе биде втор настап на континенталните првенства, по дебитантското учество пред десет години во Франција.

Првиот противник на македонската репрезентација е актуелниот светскиот вицешампион Грција, која на ова ЕП, сепак, допатува со подмладен состав.

Премиерниот дуел на ЕП започнува во 16,30 часот и истиот ќе биде пренесуван на видео бим што е оставен на плоштадот Пела во Скопје.

Агенцијата за млади и спорт апелираше сите навивачи достоинствено и спортски да го проследат овој натпревар.

Во првата фаза во групата 1 од ЕП, противници на „црвено жолтите” ќе бидат селекциите на Грција Хрватска и Израел.

Сите натпревари Македонија ќе ги одигра во Познањ, во понеделник, вторник и среда од 16:30 часот.

Во следната рунда продолжуваат првите три репрезентации од секоја од 4 групи.
Група А: Македонија, Хрватска, Израел, Грција
Група Б: Русија, Франција, Германија, Латвија
Група Ц: Велика Британија, Србија, Шпанија, Словенија
Група Д: Полска, Турција, Литванија, Бугарија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top