Претседателската кандидатка на Хрватската демократска заедница (HDZ), Колинда Грабар Китаровиќ е победничка на претседателските избори во вториот круг и на таа должност ќе го наследи досегашниот шеф на државата и претседателски кандидат на владејачката Социјалдемократска партија (SPD), Иво Јосиповиќ.Претседателот на Државната изборна комисија, Бранко Хрватин доцна ноќта кон понеделникот потврди дека кандидатката на HDZ, Колинда Грабар Китаровиќ води во трката за претседател на Хрватска, пред кандидатот на SPD, Иво Јосиповиќ, но не можеше да прогласи и официјално победа бидејќи не се обработ…
Македонската компанија „Пелистерка” денеска ја врачи донацијата од медицински апарати во вредност од околу еден милион денари наменета за три клиники во земјава. Претпријатието одлучи да помогне во работата на Универзитетска болница КАРИЛ – Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски” во Битола и Клиничка болница во Тетово. Станува збор за современи мобилни медицински апарати кои се специјално дизајнирани за следење на пациентите низ различни точки од медицинската нега. Тие функционираат и како мултифункционален медицински апарат…
Ротаракт Клубот од Охрид во соработка со игротеката ”Smiley”, организираат предновогодишна донаторска забава -‘ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА ‘.Донаторската забава ќе се одржи во недела, 21.12.2014 од 13:00 до 16:00. Донесете ги Вашите деца,внучиња или мали пријателчиња на забава во Игротека Смајли, влезот ќе биде бесплатен. Со донираните средства,ќе дадете свој придонес во нашата цел, да ги направиме посреќни децата од загрозените семејства, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.{loadposition content9}
Неделата во Врњачка Бања, Р. Србија, се одржа меѓународен танцов натпревар на кој учество зедоа над 1600 натпреватувачи. Дел од ова најголемо балканско танцово натпреварување беа и членовите на Студиото за танц “СОНАТА” од Охрид. Натпреварувањата започнаа во 9 часот на утро, а завршија во 3:30 после полноќ. И покрај големата и силна конкуренција охриѓани танцуваа во финалињата во сите пријавени категории и застанаа на педесталот со освоени медали за секоја од нив. Климентина Гилевска во категоријата класичен балет соло јуниор жени го освои златото, а Сара Сталевска во истата категорија …
Александар Чекоров и Александар Смилков се најновата македонска гордост, кои успеаа да срушат уште еден “Гинисов рекорд”.Им беа потребни помалку од 24 часа, за да го соборат рекордот во туркање автомобил – период во кој успеаа да поминат 95 километри и 120 метри. Во кругови, Чекоров и Смилков во Спортскиот центар “Форца”, направија точно 1039 круга, на специјално дизајнирана патека за оваа намена.Претходниот рекорд во оваа категорија изнесуваше 82,4 километри, а неговото надминување за повеќе од десет километри, не остава да веруваме дека овој рекорд, уште долги години ќе биде во сопственос…
После одличните две авторски песни “НАЈМИЛА” и “НЕКА ГОРИ”, како и одличниот кавер на песната “Nunca te Olvidare”, Антонио повторно не изненадува со уште една прекрасна песна која носи наслов “ВЕЧНО ОСАМЕН” која што оваа година му го донесе второто место од стручното жири на ЕВРОФЕСТ 2014 – Скопје. Како автор на текстот се јавува самиот пеач, а музиката е на име на Славиша Киброски(К-Тим продукција) со кој Антонио соработува веќе подолго време.Ова младо момче е неуморно и чекори кон врвот на македонската естрада, а факт повеќе за тоа се и неговите бројни ангажмани по концерти, ноќните клубо…
На хуманитарна акција за собирање на средства за децата со попреченост во развојот од дневниот центар „Зраци“ кој функционира во Охрид, која викендот се одржа во кафе барот „Аквариус“ собрани се 27.671 денари. Денес оваа информација осамна на Фејсбук профилот од еден од споствениците на кафе барот. Во саботата дел од учесниците во јавниот живот во Охрид, политичари, новинари и сл. работеа како шанкери и келнери во периодот од 11:30 до 14:00 часот. {loadposition content9}
Во четврток, на 4 декември, на свечена седница на здружението на граѓани „Богојавление“, треба да биде објавен новиот годинашен кум на Водици и на богојавленските празници, во јавноста познатата манифестација – фрлање на свет крст во водите на Охридско Езеро. Дотогаш, до црковниот празник Митровден, тече конкурсот за избор на кум на Водици 2015, манифестација што охриѓани ја организираат со поддршка на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ-ОА.Иако пријави од кандидати можат да пристигнуваат уште три дена, практично изборот ќе биде направен помеѓу двајца бизнисмени (по еден од Охрид и од Скопј…